НИКОЛОВ ЗЛАТКО ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ПРЕСУДА
7
20. Судот нотира дека жалителот се жалел дека ова вработување на
сопругата на судијата од страна на тужениот веднаш по поднесувањето
на тужбата, објективно фрла сомнеж во врска со неговата
непристрасност.
21. Согласно објективниот тест, мора да биде определено, релативно
одвоено од однесувањето на судијата, дали постојат констатирани
факти кои можат да створат сомнеж во врска со непристрасноста на
судијата, бидејќи „правдата не мора само да се случи; туку мора да се
види дека се случува„ (види De Cubber v. Belgium, пресуда од
26 Октомври 1984, Series A бр. 86, стр. 14, § 26). Во оваа насока, дури и
мали изгледи можат да бидат од одредена важност. Тоа што е од
интерес е довербата која судовите во демократското општество мора да
ја инспирираат во јавноста (види Wettstein, цитирана погоре, § 44;
Castillo Algar v. Spain, пресуда од 28 Oктомври 1998, Извештаи 1998-VIII,
стр. 3116, § 45; Morris v. the United Kingdom, бр. 38784/97, § 58,
EСЧП 2002-I). Согласно на ова, било кој судија во однос на кој постои
легитимна причина за сомнеж за недостаток на пристрасност мора да се
повлече. Ова укажува дека, при одлучувањето дали во одреден предмет
постои таква легитимна причина, ставот на засегнатата странка е важен,
но не пресуден. Тоа што е пресудно е дали овој сомнеж може да биде
објективно оправдан (види Pétur Thór Sigurðsson, цитирана погоре, § 37;
Ferrantelli and Santangelo v. Italy, пресуда од 7 Август 1996, Извештаи за
пресуди и одлуки 1996-III, стр. 951, § 58).
22. Согласно информацијата обезбедена од странките, сопругата на
судијата кој постапувал во предметот била вработена кај тужениот еден
месец по поднесувањето на тужбата од страна на жалителот (види точка
6 и 7 погоре). Пред тоа вработување, таа работела како физички
работник во несолвентна компанија. Владата не го коментираше
аргументот на жалителот во врска со значајниот финансиски влез на
средства во домашниот буџет на судијата и консеквентно влијанието на
непристрасноста на судијата. Не одговорија ни на неговите наводи дека
судијата бил изземен од сите други предмети соодветно, од страна на
претседателот на судот, во кои тужениот бил странка.