45. Судот понатаму смета дека ниту едно одлагање неможе да му се
препише на тужителот: одложувањето на една расправа (види параграф
23 погоре) не придонело значително на должината на постапката. Што се
однесува до неговите барања за сослушување на сведоци и изведување
на други докази, судот нотира дека до националните судови е да оценат
во секоја ситуација дали такво барање е оправдано и неопходно за
соодветно администрирање на правдата (види Ризова против Република
Македонија, Бр. 41228, став 50, 6 Јули 2006 година). Дополнително,
беше тоа постојан пристап на судот дека тужителот неможе да биде
обвинет за користење на сите предности на средствата кои му се
дозволени со националното законодавство во одбрана на своите
интереси (види Кесиан против Русија, Бр. 36496, став 55, 19 октомври
2006 година). Конечно, судијата е оној кој останува одговорен за
подготвување и брзо водење на судењето (види, mutatis mutandis,
Скопелити против Италија, пресуда од 23 ноември 1993 година, Серија А
бр. 278, став 23).
46. Судот смета дека одолжувањето на постапките е поради постојаното
преиспитување на случајот. За време на рокот кој е во негова
надлженост ratione temporis, случајот бил повторно разгледуван во пет
наврати. Одтука неможе да се каже дека домашните судови не биле
активни. Сепак, иако судот не е во позиција да го анализира квалитетот
на судската пракса во домашните судови, тој смета штом праќањето на
предметите на повторо разгледување е обично наложено како резултат
на грешки направени од страна на пониските судови, повторувањето на
ваквите налози во еден сет на постапки открива сериозен недостаток во
судскиот систем (види Павлиулинетс против Украина, Бр. 70767/01, став
56, 6 септември 2005 година; Виерцисзевска против Полска, Бр.
41431/98, став 46, 25 ноември 2003 година). Во овој контекст, судот
потсетува дека Договорните страни треба да го организираат нивниот
правен систем на начин нивните судови да гарантираат право на секој да
добие конечна пресуда во разумен рок во спорови кои се однесуваат на
граѓанските права и обврски (види Костовска против Република
Македонија, Бр. 44353/02, став 41, 15 јуни 2006 година; Мути против