CONSEIL  
DE LEUROPE  
COUNCIL  
OF EUROPE  
COUR EUROPÉENNE DES DROITS DE LHOMME  
EUROPEAN COURT OF HUMAN RIGHTS  
СОВЕТ НА ЕВРОПА  
ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА  
ПЕТТИ ОДДЕЛ  
ЛАЗАРЕВСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА  
(Жалба бр. 22931/03)  
ПРЕСУДА  
СТРАЗБУР  
5 Јули 2007  
Оваа пресуда ќе стане конечна во согласност со условите предвидени во член 44 став 2  
од Конвенцијата. Истата може да биде предмет на редакциски измени.  
Напомена: Македонскиот превод на текстот на одлуката на Европскиот суд за  
човекови права е исклучиво информативен и од него не произлегуваат никакви  
права и/или обврски. Единствено официјалниот текст на одлуката на  
Европскиот суд за човекови права на англиски и/или француски јазик, објавена од  
страна на Судот е автентичен и се смета за оригинал. Не е дозволено  
објавување на овој превод на било каков начин без претходна дозвола од страна  
на Министерството за правда на Република Македонија, освен во случај доколку  
се користи за информирање.  
Во случајот Лазаревска против Република Македонија,  
Европскиот суд за човекови права (Петти оддел), заседавајќи во  
судски совет во состав:  
Г-дин P. LORENZEN, Претседател,  
г-ѓа S. BOTOUCHAROVA,  
г-дин V. BUTKEVYCH,  
г-ѓа M. TSATSA-NIKOLOVSKA,  
г-дин R. MARUSTE,  
г-дин J. BORREGO BORREGO,  
г-ѓа R. JAEGER, судии,  
и г-ѓа C. Westerdiek, секретар на одделот  
Расправајќи на затворена седница на 12 Јуни 2007 година,  
Ја донесе следнава пресуда, усвоена на истиот датум:  
ПОСТАПКА  
1. Постапката е иницирана со жалба (бр.22931/03) против Република  
Македонија поднесена до Судот согласно член 34 од Конвенцијата за  
заштита на човековите права и основни слободи („Конвенцијата„) од  
страна на македонскиот државјанин, г-ѓица Аница Лазаревска  
(„жалителот„), на 9 јули 2003 година.  
2. Жалителот беше застапуван од г-дин С.Талевски, адвокат од  
Битола. Владата на Република Македонија („Владата„) беше  
застапувана од нејзиниот агент, г-ѓа Р.Лазареска Геровска.  
3. На 11 октомври 2005 година Судот одлучи да ја комуницира  
жалбата до Владата. Применувајќи го член 29 § 3 од Конвенцијата,  
Судот одлучуваше по допуштеноста и основаноста на жалбата во  
исто време.  
ФАКТИ  
ОКОЛНОСТИ НА ПРЕДМЕТОТ  
4. Жалителот е роден во 1969 и живее во Битола.  
5. Жалителот  
работел  
во  
приватна  
компанија  
Мегапласт  
(„работодавецот„) како општ работник на хидраулична машина –  
компресор од 1 декемри 1995 година и 23 ноември 1996 година кога  
се случила несреќа, во која машината и ја скршила левата рака. Како  
резултат на тоа, на жалителот два прста му биле ампутирани.  
1. Граѓанска постапка за надомест на штета  
6. На 27 мај 1997 година жалителот иницирал граѓанска постапка за  
надомест на штета за повредите од несреќата, пред Основниот суд во  
Битола.  
7. На 29 мај 1997 година судот наложил на жалителот да ги плати  
судските такси.  
8. На 24 април 1998 година жалителот побарал од судот да закаже  
рочиште.  
9. На 29 мај 1998 година судот одржал подготвително рочиште на кое  
работодавецот изјавил дека ќе поднесе противтужба за надомест на  
материјалната штета која била предизвикана со ослободување на  
прстите на жалителот од машината и поради изгубена добивка. Судот  
укажал дека ќе закаже рочиште по достава на противтужба од страна  
на работодавецот.  
10.  
На 24 јуни 1998 година работодавецот поднел противтужба и  
одговор на тужбеното барање на жалителот.  
11.  
12.  
На 19 март 1999 година судот наредил вештачење.  
На 31 март 1999 година судот извршил увид на лице место. На  
14 април 1999 година вештото лице го доставил вештиот наод и  
мислење. На 21 април 1999 година друго вешто лице направил вешт  
наод и мислење.  
13.  
На 14 декември 1999 година бил извршен лекарски преглед во  
врска со сериозноста на повредите на жалителот и степенот на  
претрпената болка.  
14.  
Расправата од 2 март 2000 година била одложена на барање  
на работодавецот. Судот наредил да се достави покани на сведоците  
за распит.  
15.  
Расправата од 20 март 2000 година се преотворила поради  
промена на судскиот совет. Судот ја одложил расправата поради  
неуредна достава на сведоците, а работодавецот го оспорил  
вештачењето.  
16.  
Расправите од 20 април и 19 мај 2000 година биле одложени  
поради неуредна достава на сведоците и вештите лица. На ова  
рочиште, била извршена промена на судскиот совет.  
17.  
На 15 јуни 2000 година расправата била повторно преотворена  
поради промена на судскиот совет. Судот извршил распит на два  
сведоци, засегнатите странки и едно од вештите лица. Ја одложил  
расправата поради потребата од достава на дополнително вешто  
мислење, засновано на забелешките на работодавецот.  
18.  
На 7 јули 2000 година Основниот суд во Битола делумно го  
уважил тужбеното барање на жалителот и досудил нематеријална  
штета во странска валута, која треба да биде конвертирана во  
Македонски денари. Исто така, го одбил противтужбеното барање на  
жалителот.  
19.  
На 10 јули 2000 година жалителот поднел барање за  
ослободување од плаќање на судски такси, поради недостаток на  
средства.  
20.  
На 17 ноември 2000 година работодавецот изјавил жалба. На 8  
мај 2001 година судските списи биле пренесени на разгледување во  
второстепениот суд. Во меѓувреме, судот наредил на странките да ги  
платат судските такси. На 23 април 2001 година судот наредил на  
Заводот за платен промет да изврши пренос на средствата од  
сметката на работодавецот.  
21.  
против работодавецот. На истиот датум постапката била заклучена.  
22. На 7 јуни 2001 година Апелациониот суд во Битола ја укинал  
На 5 април 2001 година била иницирана стечајна постапка  
одлуката на понискиот суд во врска со износот на досудената штета и  
го вратил предметот на повторно одлучување во тој дел. Ги потврдил  
причините за донесување на пресудата од страна на понискиот суд,  
но сметал дека е незаконски да се досуди штета во странска валута.  
Понатаму, му наложил на понискиот суд да нареди на жалителот да  
изврши прецизирање на нејзиното барање во коректна валута.  
Понатаму, ја потврдил одлуката на судот за одбивање на  
противтужбеното барање на работодавецот.  
23.  
списи од второстепениот суд.  
24. На 31 март 2003 година полномошникот на работодавецот го  
информирал судот дека работодавецот престанал да постои.  
25. На 11 април 2003 година Основниот суд Битола го одбил  
На 12 јуни 2001 година првостепениот суд ги примил судските  
тужбеното барање поради тоа што работодавецот престанал да  
постои. И покрај тоа што биле уредно повикани, ниту една од  
странките не присуствувала на расправата. Одлуката на странките им  
била доставена на 5 мај 2003 година.  
26.  
На 13 мај 2003 година жалителот изјавил жалба укажувајќи дека  
судот требало да ја оконча постапката, а не да го одбие нејзиното  
барање.  
27.  
На 20 октомври 2003 година судот наредил на Управата за  
јавни приходи да ги наплати судските такси од жалителот. Поради  
тоа, на 22 декември 2003 година Управата за јавни приходи доставила  
опомена до жалителот.  
28.  
На 22 јануари 2004 година Апелациониот суд Битола ја одбил  
жалбата на жалителот и ја потврдил одлуката на понискиот суд.  
Одлуката била доставена на жалителот на 16 февруари 2004 година.  
2. Кривична постапка за наводен лажен стечај  
29.  
На 12 декември 2003 година јавниот обвинител ја одбил  
кривичната пријава на жалителот за лажен стечај, поднесена против  
основачите на работодавецот. Таа ја продолжила постапката како  
субсидијарен тужител. На 14 декември 2004 година истражниот судија  
на Основниот суд Битола постапил по приватната тужба на жалителот  
и донел решение за поведување на истрага против основачите на  
работодавецот.  
30.  
На 7 јули 2005 година Основниот суд Битола ги ослободил од  
обвинение основачите. На жалителот му било укажано да поведе  
граѓанска постапка за надомест на штета.  
31.  
32.  
На 3 октомври 2005 година жалителот се жалел.  
На 11 јануари 2006 година Апелациониот суд Битола ја одбил  
жалбата и ја потврдил одлуката на понискиот суд. Одлуката била  
доставена на жалителот на 20 јануари 2006 година.  
РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО ПРАВО  
33.  
Член 10 од тогашниот Закон за парнична постапка („Законот„)  
определува дека судот е должен да настојува постапката да се  
спроведе без одолжување и со што помалку трошоци и да ја  
оневозможи секоја злоупотреба на правата што на странките им  
припаѓаат во постапката.  
34.  
Член 300 (1) од Законот предвидува дека ако рочиштето се  
одложи, ново рочиште ќе се одржи по можност пред истиот совет.  
Член 300 (3) од Законот пропишува дека, inter alia, ако рочиштето се  
држи пред изменет совет, главната расправа мора да почне одново.  
ПРАВО  
I. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 6 § 1 ОД КОНВЕНЦИЈАТА  
35.  
Жалителот се жалел дека должината на постапката била  
инкомпатибилна со барањето за „разумен рок„ од овој член. Од  
обсервациите добиени во Судот на 14 март 2006 година, жалителот  
во суштина понатаму се жалел во врска со должината на кривичната  
постапка. Член 6 § 1 од Конвенцијата, гласи како што следи:  
„Во определувањето на неговите граѓански права и обврски ... секој има право на  
фер ... судење во разумен рок од страна на ... суд ...„  
А. Допуштеност  
1. Во врска со граѓанската постапка  
36.  
Владата изјави дека жалителот не ги искористил домашните  
правни средства, поради тоа што изјавил жалба до Судот додека  
домашната постапка по жалба се уште траела. Домашните судови  
биле оневозможени да одлучуваат по основаноста на предметот на  
жалителот.  
37.  
Жалителот не се согласи и се жалеше дека жалбата за  
должината на постапката може да биде поднесена до Судот дури и  
ако домашните постапки не биле окончани.  
38.  
Судот забележува дека со востановената судска пракса може  
да се разгледува жалба поднесена поради должината на постапката  
која се уште трае пред домашните органи (види, mutatis mutandis,  
Milošević v. Republic of Macedonia, бр. 15056/02, 20 април 2006;  
Atanasovic and Others v. Republic of Macedonia, бр. 13886/02, 22  
декември 2005). Понатаму, утврдува дека жалбата во врска со  
оддолжување на постапката согласно член 6 § 1 од Конвенцијата  
треба да биде разграничена од суштинскиот спор по кој одлучувале  
домашните судови. Во конкретниот предмет, апелациониот суд  
одлучувал за основаноста на жалбата на жалителот.  
39.  
Поради тоа, Судот смета дека не било потребно жалителот да  
ја искористи вообичаената жалбена постапка пред да ја поднесе  
жалбата пред Судот.  
40.  
Следи дека прелиминарниот приговор на Владата мора да биде  
одбиен.  
41.  
Судот смета дека жалбата во врска со должината на  
граѓанската постапка не е очигледно неоснована во смисла на член 35  
§ 3 од Конвенцијата. Понатаму утврди дека не е недопуштена по било  
која основа. Поради тоа, мора да биде прогласена за допуштена.  
2. Во врска со кривичната постапка  
42.  
Кривичната постапка се однесува на кривичната пријава за  
лажен стечај доставена од жалителот, против основачите на  
работодавецот. Судот смета дека кривичната пријава на жалителот  
која не беше наведена со иницијалната жалба, е инкомпатибилна  
ratione materiae со Конвенцијата, поради тоа што Конвенцијата  
генерално не го обезбедува правото на кривично гонење на трета  
страна (види Jakimovski v.Republic of Macedonia (одлука), бр. 26657/02,  
23 октомври 2006; Trajkovski and others v. Republic of Macedonia  
(одлука), бр. 13191/02, 1 декември 2005).  
43.  
Следи дека оваа жалба е некомпатибилна ratione materiae со  
одредбите на Конвенцијата во смисла на член 35 § 3 и мора да биде  
одбиена во согласност со член 35 § 4.  
Б. Основаност  
1. Поднесоци на странките  
44.  
Владата изјави дека предметот бил од сложена природа кој  
бара посебно внимание од страна на судовите. Тие укажаа на  
вештачењето и увидот на лице место кои биле превземени за време  
на постапката; бројот на испитаните сведоци; и неуредната достава  
на судските покани. Како дополнение, домашните судови биле  
повикани да одлучат наизменично по барањата на двете странки во  
постапката.  
45.  
Што се однесува до однесувањето на странките, Владата изјави  
дека одложувањето од една година од разгледувањето на тужбеното  
барање на жалителот и подготвителното рочиште било грешка на  
работодавецот. Првостепениот суд инсистирал на достава на  
противтужбеното барање од страна на работодавецот , и покрај тоа  
што истото не било задолжително.  
46.  
Тие исто така, се повикаа на ненавременото плаќање на  
судските такси од страна на жалителот (види точка 7 и 27 погоре).  
Неактивноста на жалителот предизвикала одложување од скоро една  
година и девет месеци кои ја следат одлуката на апелациониот суд од  
7 јуни 2001 година (види точка 21-25 погоре). Тие понатаму укажаа  
дека жалителот бил должен да го преиначи, на нејзин предлог,  
тужбеното барање согласно инструкциите на апелациониот суд, без  
да чека првостепениот суд да нареди да го стори тоа. Како  
дополнение, таа била свесна за инсолвентноста на работодавецот и  
тој факт ја мотивирал да не бара од судот забрзување на постапката.  
Владата се двоумеше дали периодот по одлуката на апелациониот  
суд од 7 јуни 2001 година треба да се земе во разгледување, поради  
тоа што постапката била, во сите практични цели, определена од  
жалителот како веќе заклучена. Тие понатаму истакнаа дека  
жалителот не поднел барање за забрзување на постапката.  
47.  
Владата понатаму тврдеше дека домашните судови  
постапувале по предметот со должно внимание и дека закажаните  
рочиште биле одржувани без било какви попречувања или  
оддолжувања.  
48.  
Жалителот ги оспорил наодите на Владата расправајќи дека  
државата е одговорна за неколку оддолжувања (оддолжувањето од  
разгледувањето на тужбеното барање и првото закажано рочиште; и  
периодот од одлуката на Апелациониот суд од 7 јуни 2001 година и  
рочиштето од 11 април 2003 година). Таа понатаму спореше дека  
нејзиниот наводен неуспех да ги плати судските такси придонел за  
должината на постапката. Таа остана на нејзината позиција дека  
нејзиниот предмет не бил разгледан во разумен рок и покрај итниот  
карактер на нејзиниот спор.  
2. Оценка на Судот  
49.  
Судот забележува дека постапката започнала на 27 мај 1997  
година, кога жалителот иницирал постапка за надомест на штета пред  
Основниот суд во Битола. Спорот бил окончан со одлуката на  
Апелациониот суд од 22 јануари 2004 година. Постапката завршила на  
16 февруари 2004 година кога била доставена одлуката на жалителот.  
Поради тоа, постапката траела 6 години, 11 месеци и 21 ден за два  
степени на постапување.  
50.  
Судот повторува дека разумноста на должината на постапката  
мора да биде разгледана во светло на околностите на предметот и во  
врска со следните критериуми: сложеност на предметот,  
однесувањето на жалителот и домашните органи и што бил интересот  
на жалителот во спорот (види Arsov v. Republic of Macedonia, бр.  
44208/02, § 37, 19 октомври 2006, и дадените упатувања).  
51. Судот смета дека предметот не бил од одредена сложена  
природа. Не може да прифати дека неговата сложеност се зголемила  
поради вештачењата, како и да е, не може само по себе да ја објасни  
должината на постапката.  
52.  
Во врска со однесувањето на жалителот, Судот најде дека не  
постојат периоди на оддолжување за кои таа е одговорна. Владата не  
презентира никаков убедлив доказ дека нејзиниот наводен неуспех да  
ги плати судските такси на време придонеле за должината на  
постапката. Како дополнение, го смета како шпекулативен аргументот  
на Владата дека жалителот бил свесен за инсолвентноста на  
работодавецот, поради тоа што не доставиле доказ како поткрепа на  
истиот. Дотолку повеќе, тешко е да се прифати нивниот аргумент, кој  
ја следи одлуката на апелациониот суд од јуни 2001 година, дека  
жалителот требал да го прецизира тужбеното барање на нејзин  
предлог, поради тоа што задолжението од судот било адресирано до  
судот кој за возврат имал обврска да постапи по истите. На крај,  
Владата не специфицираше кои ефикасни правни средства му биле  
на располагање на жалителот за забрзување на постапката.  
53.  
Судот повикува на тоа дека државите договорнички имаат  
обврска да ги организираат своите правни системи на начин што  
домашните судови ќе гарантираат секому право на конечна одлука за  
споровите поврзани со граѓанските права и обврски во разумен рок  
(види Kostovska v.Republic of Macedonia, бр. 44353/02, § 41, 15 јуни  
2006; Muti v. Italy, пресуда од 23 март 1994, Серија A бр. 281-C, § 15).  
54.  
Во врска со документацијата поднесена до Судот, Судот наоѓа  
одреден број на оддолжувања кои се препишуваат на државата: била  
потребна една година за судот да закаже рочиште по доставувањето  
на тужбеното барање на жалителот (види точка 6 и 9 погоре);  
поминале скоро 9 месеци по доставата на противтужбата и рочиштето  
од 19 март 1999 година (види точка 10 и 11 погоре); оддолжување од  
скоро една година кое се должело на барањето на судот за  
вештачење во врска со тужбените барања на странките (види член  
12-14 погоре). Што се однесува на последново, Судот укажува дека  
главната одговорност за оддолжувањето предизикано од  
вештачењето лежи на страната на државата (види Capuano v. Italy,  
пресуда од 25 June 1987, Серија A бр. 119, § 32). Како дополнение,  
Судот укажува дека вештите лица работеле во врска со судските  
постапки, надгледувани од судија, кој останува одговорен за  
подготовката и брзината на судењето (види Scopelliti v. Italy, пресуда  
од 23 ноември 1993, Серија A бр. 278, § 23). Понатаму, судот согласно  
член 300 (3) од Законот (види точка 34 погоре) бил должен да ја  
преотвори расправата на секоја промена на судскиот совет (види  
точка 15-17 погоре) кое дополнително ја оддолжило постапката.  
Конечно, постапката била неактивна скоро една година и 10 месеци  
по одлуката на апелациониот суд од 7 јуни 2001 година (види точка  
23-25), период во кој судот не превзел ниту едно процесно дејство.  
Овој период не може да се препише на жалителот, од причини  
наведени погоре (види точка 52 погоре).  
55.  
Судот понатаму се повикува дека посебно внимание е потребно  
во споровите во врска со определување на надомест на штета поради  
лични повреди (види Poje v. Croatia, бр. 29159/03, § 26, 9 март 2006;  
Silva Pontes v. Portugal, пресуда од 23 март 1994, Серија A бр. 286-A,  
стр. 15, § 39).  
56.  
Во врска со овие околности и интересот на жалителот, Судот  
смета дека должината на конкретната постапка е предолга и не  
успеала да го исполни барањето за “разумен рок„ од член 6 § 1 од  
Конвенцијата.  
57.  
II ПРИМЕНА НА ЧЛЕН 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА  
58. Член 41 од Конвецијата пропишува:  
Поради тоа постои повреда на овој член.  
“Кога Судот ќе оцени дека постои повреда на Конвенцијата или на протоколите,  
и доколку внатрешното право на засегнатата Висока договорна страна  
овозможува само делумна репарација на штета, тогаш доколку е тоа неопходно,  
Судот ќе му додели правична отштета на оштетениот.”  
А. Штета  
59. Жалителот  
побара  
46.302,00  
ЕВРА  
во  
врска  
со  
нематеријалната штета за болката, стравот и физичкиот хендикеп  
претрпен како резултат на несреќата. Овој износ кореспондира со  
двојниот износ досуден со одуката на судот од 7 јули 2000 година плус  
камата.  
60.  
опсервации даден од жалителот.  
61. Судот смета дека жалителот поднесе барање за надомест на  
Владата не даде мислење по одговорот на писмените  
нематеријалната штета за болката, стравот и физичкиот хендикеп  
претрпени како резултат на несреќата. Смета дека жалителот не  
поднесе барање за надомест на било каква штета како последица на  
должината на постапката. Судот не најде било каква причино-  
последична врска помеѓу констатираната повреда и наводната штета;  
поради тоа го одбива барањето.  
Б. Трошоци и надоместоци  
62.  
Жалителот исто така побара 3.644 ЕВРА за трошоци и  
надоместоци сторени пред домашините судови и 1.056 ЕВА за оние  
сторени поред Судот. Ова го вклучува и надоместокот за адвокатот.  
Како дополнение, таа побара 165 ЕВРА за трошоци за преведување и  
дополнителни 1.000 ЕВР за неочекувани трошоци пред Судот.  
Жалителот не достави доказ за трошоците ниту пак било каков  
документ кој ќе ги подржи нејзините барања, освен фактурата во  
врска со трошоците за преведување.  
63.  
во одоговорот на писмените опсервации.  
64. Во врска со барањето на надомест на трошоците сторени во  
Валадата не даде мислење во врска со наводите на жалителот  
врска со постапката поред домашните органи, Судот повторува дека  
судските трошоци се надоместуваат доколку се сторени во врска со  
констатираната повреда (види Ernestina Zullo v. Italy [GC], бр.  
64897/01, § 153, 29 март 2006; Belvedere Alberghiera S.r.l. v. Italy  
(правичен надомест), бр. 31524/96, § 45, 30 октомври 2003; Van de  
Hurk v. the Netherlands, пресуда од 19 април 1994, Серија A бр. 288, §  
66). Со оглед на тоа што ваквите трошоци не се сторени за превенција  
и укажување на наводната повреда за која се жали низ домашниот  
правен поредок, Судот не досудува износ на оваа околност (види  
Milošević v.Republic of Macedonia, бр.15056/02, § 34, 20 април 2006).  
65.  
Согласно судската пракса на Судот, жалителот има право на  
надомест на неговите трошоци и надоместоци пред овој Суд, само  
доколку докаже дека тие биле несомнено и неопходно направени и  
разумни во целост (види Kostovska v.Republic of Macedonia, цитирана  
погоре, § 62; Arvelakis v. Greece, бр. 41354/98, § 34, 12 април 2001;  
Nikolova v. Bulgaria [GC], бр. 31195/96, § 79, EСЧП 1999-II). Во  
конкретниот предмет, Судот забележува дека жалителот не  
обезбедил било какви документи кои ќе ги докажат судските такси и  
сметката поврзана со трошоците за преведување. Поради тоа што  
Владата не го оспори барањето на жалителот доставено со одговорот  
на опбсервациите на Владата и со оглед на информациите со кои  
располага и горниот критериум, Судот смета дека е разумно да се  
досуди сума од 600 ЕВРА за трошпици и надоместоци за постапката  
пред истиот, плус било какви такси кои би биле наплатени.  
В. Затезна камата  
66.  
Судот смета за соодветно дека треба да се исплати затезна  
камата според најниската каматна стапка за позајмени средства на  
Европската Централна Банка, на која треба да се додадат 3%.  
ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО  
1.  
Ја прогласува жалбата за допуштена во делот кој се однесува  
на должината на постапката, а преостанатиот дел од жалбата за  
недопуштена;  
2.  
Утврдува дека има повреда на членот 6 став 1 од  
Конвенцијата;  
3.  
Утврдува дека:  
(а) тужената држава, во рок од 3 месеци од денот на правосилноста  
на пресудата согласно член 44 став 2 од Конвенцијата, треба да му  
исплати на жалителот 600 ЕВРА за трошоци и надоместоци, зголемен  
за износот на било кои издатоци кои притоа би можеле да се  
наплатат, кој износ треба да биде конвертиран во националната  
валута на тужената држава, по курсна листа на денот на исплатата;  
(б) по истек на рокот од 3 месеци споменат понапред, во кој треба да  
се исплати наведената сума, ќе се засметува камата на споменатиот  
износ, по стапка еднаква на најниската стапка за позајмени средства  
на Европската Централна Банка, за периодот до плаќањето зголемена  
за 3%.  
4. Го отфрлува остатокот од барањето за правичен надоместок на  
жалителот.  
Изготвено на англиски и објавена на 5 јули 2007 година, согласно член  
77 став 2 и 3 од Деловникот на Судот.  
Claudia WESTERDIEK  
Peer LORENZEN  
Секретар,  
Претседател