сметка на стадиумот на постапката на 10 април 1997 (види Styranowski v. Poland, бр. 28616/95, став
46, ЕСЧП 1998-VIII, Foti and Others v. Italy, пресуда од 10 декември 1982, серија А, бр, 56, стр. 18, став
53). Во оваа смисла, Судот забележува дека во периодот на стапување во сила на Конвенцијата во
однос на Република Македонија, постапката траела една година, десет месеци и дванаесет дена во
две судски инстанци. Одлуката на Апелациониот суд од 12 февруари 1997 била последната одлука
која била донесена во овој период.
58.
Постапката завршила на 12 ноември 2002 со одбивање на барањето на претпријатието од
страна на судечкиот суд. Оттука, постапката траела седум години, пет месеци и четиринаесет дена,
од кои пет години, седум месеци и два дена потпаѓаат под надлежност на Судот во два степени на
одлучување.
59.
Судот потсетува дека разумноста на времетраењето на постапката мора да биде
оценувано во светло на околностите на случајот и врз основа на следниве критериуми: сложеност на
случајот, однесувањето на жалителот и релевантните органи, како и засегнатиот интерес на
жалителот во спорот (види Markoski v. Republic of Macedonia, бр. 22928/03, став 32, 2 ноември 2006,
како и референците цитирани во истиот).
60.
Судот смета дека дури и вештачењата да предизвикале усложнување на случајот,
постапката не била особено сложена. Дополнително, дури и под претпоставка дека вештачењата
биле наложени по барање на странките, Судот забележува дека е обврска на националните судови
да оценуваат во секоја ситуација дали тие барања се оправдани и потребни за соодветно
правораздавање (види, mutatis mutandis, Rizova v. Republic of Macedonia, бр. 41228/02, став 50, 6 јули
2006).
61.
По однос на однесувањето на жалителот, Судот смета дека, во периодот кој потпаѓа под
разгледување, таа била одговорна за одложувањето на две расправи (види ставови 23 и 32 погоре).
Сепак, тоа значајно не придонело кон должината на постапката. Нејзините предлози за забрзување
на постапката (види ставови 15 и 35 погоре) претставуваат факти во полза на жалителот, дури иако
тие барања не можат да се сметаат за ефикасен лек (види Atanasovic and Others v. Republic of
Macedonia, бр. 13886/02, став 31, 22 декември 2005). Дополнително, жалителот не може да се смета
за одговорна за процедуралното однесување на тужениот. Конечно, не бил обезбеден ниту еден
убедителен доказ во поткрепа на тврдењето на Владата дека жалителот пропуштил навремено да
постапи согласно судските задолжувања
62.
Судот потсетува дека е обврска на државите договорнички да ги организираат своите
правни системи на таков начин што домашните судови можат да гарантираат секому право да добие
конечна судска одлука во споровите кои се однесуваат на нивните граѓански права и обврски во