ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

ПЕТТИ ОДДЕЛ

 

 

СТОЈАНОВ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

(Жалба бр. 34215/02)

 

ПРЕСУДА

 

СТРАЗБУР

31 мај 2007

Оваа пресуда ќе стане конечна во согласност со условите предвидени во член 44 став 2 од Конвенцијата. Истата може да биде предмет на редакциски измени.

Напомена: Македонскиот превод на текстот на одлуката на Европскиот суд за човекови права е исклучиво информативен и од него не произлегуваат никакви права и/или обврски. Единствено официјалниот текст на одлуката на Европскиот суд за човекови права на англиски и/или француски јазик, објавена од страна на Судот е автентичен и се смета за оригинал. Не е дозволено објавување на овој превод на било каков начин без претходна дозвола од страна на Министерството за правда на Република Македонија, освен во случај доколку се користи за информирање.

Во случајот Стоименов против Република Македонија,

Европскиот суд за човекови права (Петти оддел), заседавајќи како судски совет во состав:


 г-дин K. LORENZEN-претседател

 г-дин V. BОTОUCHAROVA,
 г-дин V. BUTKEVYCH

  г-ѓа M . ЦАЦА НИКОЛОВСКА,

 г-дин R. MARUSTE
 г-дин J. BORREGO-BORREGO,

г-дин R. JAEGER, судии

 и г-ѓа C.WESTERDIEK, секретар на одделот,

 

Заседавајќи на затворена седница на 9 мај 2007 година,

На истиот датум ја донесе следнава пресуда:

ПОСТАПКА

  1.                            Постапката е иницирана со жалбата бр 34215/02 против Република Македонија поднесена до Судот согласно член 34 од Конвенцијата за заштита на човековите слободи и права („Конвенцијата„) од страна на македонскиот државјанин г-дин Ванче Стојанов („жалителот„) на 24 август 2002 година.
  2.                            Жалителот беше застапуван од страна на г-дин И.. Стојанов, од Скопје. Македонската Влада („Владата„) беше застапувана од страна на нејзиниот Агент, г-ѓа Радица Лазареска - Геровска.
  3.                            На 4 ноември 2005 Судот одлучи да ја комуницира жалбата до Владата. Применувајќи го членот 29 став 3 од Конвенцијата, одлучи истовремено да одлучува по допуштеноста и основаноста на жалбата.

 

 

ФАКТИ

 

ОКОЛНОСТИ НА СЛУЧАЈОТ

 

  1.                            Жалителот бил роден во 1941 година и живее во Скопје.
  2.                            На 22 јануари 1991 жалителот повел, пред тогашниот Основен суд на здружен суд Скопје, работен спор против одлуката на работодавецот од 28 ноември и 10 декември 1990 во врска со неговото отпуштање од работа..
  3.                            На 25 март 1991 Основниот суд на здружен труд Скопје го усвоил тужбеното барање на жалителот и ја поништил оспоруваната одлука како незаконска. Судот му наредил на работодавачот повторно да го вработи жалителот на работно место кое одговара на неговите квалификации.
  4.                            На 30 јануари 1992 тогашниот Окружен суд Скопје ја укинал одлуката и го вратил предметот на повторно одлучување Тој го упатил понискиот суд, inter alia, да ги земе предвид како докази интерните правилници на работодавецот.
  5.                            На расправата одржана на 21 мај 1992, жалителот поднел до судот одделно барање за надомест на разликата во плата (“барање за отштета“) предизвикано од неговото прераспредување. Истиот ден, Општинскиот суд во Скопје го одбил барањето на жалителот.
  6.                            На 6 ноември 1992 Окружниот суд Скопје ја уважил жалбата на жалителот и ја укинал поранешната одлука. Тој одлучил дека понискиот суд не постапил по дадените упатства и побарал, inter alia, да му нареди на жалителот да го прецизира своето барање за отштета.
  7.                       На 19 март 1993 Општинскиот суд во Скопје усвоил делумна пресуда со која ја поништил одлуката за прераспоредување на жалителот. Судот понатаму одлучил дека постапката што се однесува на барањето на жалителот за отштета ќе се заврши по конечноста на одлуката за прераспоредување.
  8.                       На 21 октомври 1993 Окружниот суд во Скопје ја одбил жалбата на работодавачот и ја потврдил делумната пресуда на понискиот суд.
  9.                       По однос на барањето за отштета на жалителот, судот ја одложил расправата од 17 февруари 1994, со оглед на тоа што извештајот на работодавачот за износот кој претставувал разлика во плата, не бил навремено доставен до жалителот. На расправата на 1 март 1994 жалителот побарал од судот да наложи финансиско вештачење. Вештиот наод бил изготвен на 26 април 1994.
  10.                       На 15 јуни 1994 постапката мирувала три месеци поради отсуство на жалителот.
  11.                       На 7 октомври 1994 Општинскиот суд во Скопје го усвоил барањето за отштета на жалителот и му наредил на работодавачот да му ја исплати сумата утврдена со вештачењето од 26 април 1994. Судот се повикал, inter alia, на тогашниот Закон за работни односи што се однесува на отштетата за штета сторена на работното место.
  12.                       На 16 март 1995 Општинскиот суд ја одбил жалбата на работодавачот и ја потврдил одлуката на понискиот суд.
  13.                       На 30 октомври 1996 Врховниот суд ја уважил ревизијата на работодавачот, ги укинал одлуките на пониските судови и одредил повторно судење. Судот нашол дека погрешно било применето материјалното право што се однесува на износот на отштетата.
  14.                       На расправата на 3 септември 1997 судот му наложил на жалителот да го прецизира своето тужбено барање во согласност со упатството на Врховниот суд. Следната расправа за 21 ноември 1997 била наводно одложена поради пропуштањето на жалителот да постапи по наложувањето. Не е поднесен ниеден документ како поддршка на ова тврдење.
  15.                       Расправата закажана за 29 декември 1997 била одложена со оглед на тоа што судот наложил дополнително финансиско вештачење. На расправата на 11 мај 1998 судот побарал уште една експертска студија.
  16.                       Следната расправа на 1 декември 1998 била одложена поради болест на жалителот.
  17.                       Расправите од 23 март и 7 јуни 1999 биле исто така одложени.
  18.                       На 13 септември 1999 Основниот суд Скопје го уважил барањето за отштета на жалителот и ја досудил истата сума како на 7 октомври 1994.
  19.                       Со писма од 31 јануари, 8, 15 и 22 февруари 2000 жалителот побарал од Апелациониот суд да му се даде приоритет на предметот.
  20.                       На 10 февруари 2000 Апелациониот суд Скопје ја уважил жалбата на работодавачот и го вратил случајот на повторно одлучување. Судот нашол дека понискиот суд ги игнорирал упатствата на Врховниот суд што се однесувале на пресметката на износот.
  21.                       На 12 јуни 2000 жалителот се обратил до првостепениот суд за забрзување на постапката.
  22.                       На 1 декември 2000 судот ја прекинал постапката поради отсуство на жалителот. Жалителот барал враќање во поранешна состојба со оглед на тоа што бил повикан во армија. Постапката завршила на 15 мај 2001 со тоа што судот одлучил дека барањето на жалителот е оправдано. Расправата на 21 февруари 2001 била одложена поради штрајк на судската администрација.
  23.                       На 19 септември 2001 Основниот суд во Скопје го уважил барањето за отштета на жалителот и досудил отштета во помал износ.
  24.                       На 13 март 2002 Апелациониот суд делумно ја уважикл жалбата на работодавачот и ја укинал пресудата на понискиот суд што се однесува на пресметката на каматата. Во останатиот дел одлуката била потврдена.

 

 

РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО ЗАКОНОДАВСТВО

 

  1.                       Членот 10 од Законот за парнична постапка (Законот) пропишува дека судот е должен постапката да ја спроведе без одложување и со што помалку трошоци и да ја оневозможи секоја злоупотреба на правата што им припаѓаат на странките во постапката.
  2.                       Членот 408 од Законот пропишува дека судот ќе ја земе во предвид потребата од итност на решавање на работните спорови.

 

ПРАВО

1.НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 6 СТАВ 1 ОД КОНВЕНЦИЈАТА

 

  1.                       Жалителот се жалеше дека должината на постапката не соодветствува на барањето за “разумен рок“ согласно член 6 став 1 од Конвенцијата, кој во релевантниот дел гласи,:

“...Во определувањето на нивните граѓански права и обврски...секој има право..на судење во разумен рок од страна на ...трибунал...“

 

А. Допуштеност

 

  1.             Компатибилност според ratione materiae

 

  1.                       Владата остана на ставот дека спорот не е во опсегот на членот 6 став 1 од Конвенцијата, ниту пак дека постапките директно биле одлучувачки за “граѓанските права и обврски“ на жалителот.
  2.                       Жалителот ги оспорил приговорите на Владата.
  3.                        Што се однесува до постоењето на “спор“ околу одредено право, Судот би се осврнал на принципите објавени во судската пракса (види Benthem v. the Netherlands, пресуда од 23 октомври 1985, Серија А, бр. 97, став 32).
  4.                       Во постојниот случај, Судот смета дека оспорената постапка се однесувала на барањето на отштета на жалителот поврзано со неговото наводно незаконско прераспоредување. Оттука, спорот се однесувал на прашање во врска со работен однос, е докажувачки и е вистинит. Во дополнение, обжалената постапка можела да доведе - и довела во предметниот случај - до делумно одобрување на барањето за отштета на жалителот- оттука, постапката била директно одлучувачка за правото кое е во прашање.
  5.                        Понатаму, Судот смета дека барањето на жалителот било од материјална и лична природа, која потекнувала од неговиот работен однос. Заради тоа тој не е исклучен, како што спореше Владата, од категоријата на граѓански права на кои се применува членот 6 став 1 (види mutatis mutandis, Тrykhlib v. Ukraine no. 58312/00, 20 септември 2005).
  6.                       Соодветно на тоа, приговорот на Владата мора да се одбие.

 

2.Компатибилност ratione personae

 

  1.                       Владата понатаму сметаше дека жалителот не може да тврди дека бил жртва на повредата на која се жалел со оглед на тоа што не претрпел никаква финансиска штета од прераспредувањето. Тие понатаму останаа при тврдењето дека тој придонел за должината на постапката.
  2.                       Жалителот не го изнел своето мислење по ова прашање.
  3.                       Според востановената пракса на Судот, зборот “жртва“ во контекст на членот 34 од Конвенцијата означува лице директно погодено од сторувањето или пропуштањето за кое станува прашање (види Ammur v. France, пресуда од 25 јуни 1996, Извештаи од пресуди и одлуки 1996-III, став 36). Во дополнение, одлука или мерка поволна за жалителот, во принцип не е доволна за да го лиши жалителот од статусот на “жртва“ освен доколку националните власти тоа го препознале, директно или суштински, и тогаш досудиле надомест за повредата на Конвенцијата (види Scordino v. Italy, (бр.1) (GC), бр. 36813/97, став 180, ЕСЧП 2006, како и цитираните референци).
  4.                       Во конкретниот случај, додека жалителот бил обесштететен заради неговото прераспоредување, домашните судови ниту препознале, ниту досудиле надомест, заради наводната повреда на правото на жалителот за фер судење во разумен рок според член 6 од Конвенцијата.
  5.                       Оттука, жалителот може да тврди дека бил жртва на повреда на членот 6 став1 од Конвенцијата.
  6.                       Според тоа, приговорите на Владата мора да бидат одбиени.

 

3.Заклучок

 

  1.                       Судот смета дека жалбата не е очигледно неоснована во смисла на член 35 став 3 од Конвенцијата. Понатаму, Судот наоѓа дека жалбата не е недопуштена по било која друга основа. Оттука, таа мора да биде прогласена за допуштена.

 

Б. Основаност

 

  1.                                     Поднесоци на странките
  1.                       Владата изложи дека периодот изминат пред стапувањето во сила на Конвенцијата во однос на Република Македонија, не треба да биде земен во предвид при разгледувањето.
  2.                       Тие понатаму изложија дека случајот бил од сложена природа со оглед на многубројните експертски мислења како и обемот на документацијата која требал да биде разгледана од домашните судови со цел да се утврдат фактите. Со оглед на тоа што постапката се однесувала на спор од работен однос, домашните судови биле обврзани да изнајдат рамнотежа помеѓу сложеноста на случајот и неговата итна природа.
  3.                       Во поглед на однесувањето на жалителот, Владата изложи дека тој прилично придонел на должината на оспоруваната постапка: неговото пропуштање да присуствува на расправите од 15 јуни 1994 и 1 декември 1998 предизвикало мирување на постапката, дека тој честопати го менувал озносот на неговото барање: како и тоа што тој не побарал од судот да ја забрза постапката. Тие понатаму останаа при тврдењето дека странките во постапката ги исцрпиле сите возможни лекови споре домашното право.
  4.                       Што се однесува на однесувањето на домашните судови, Владата спорела дека тие одлучиле по случајот на жалителот со должно внимание и забележала дека во текот на постапката биле донесени тринаесет одлуки. Тие понатаму останале при тврдењето дека закажаните расправи биле одржувани без никакви прекини или одложувања. Тие заклучиле дека оспорената постапка била составена од одреден број на одделни фази и дека ниедна од истите не траела неразумно долго.
  5.                       Жалителот ги оспорил аргументите на Владата во врска со сложеноста на случајот тврдејќи дека судовите одлучувале по едноставен работен спор со мала вредност.
  6.                       Тој понатаму поднел дека вложил напори да се забрза постапката, како и дека неговотоо отсуство од две од вкупно наведените четириесет расправи, не придонел многу за должината на постапката. Дополнително, тој изјавил дека бројните наредби за укиниување на одлуките како и неуспехот на судот да ги закажува расправите во регуларни термини биле главните причини за оддолжувањето на постапката, и покрај нејзината итна природа. 0

 

  1.                                     Оценката на Судот

 

  1.                       Судот, на почеток, забележува дека постапката започнала на 22 јануари 1991 кога жалителот започнал граѓанска парница во врска со одлуката за прераспределба. Сепак, тој го зема во предвид фактот дека постапката која е обжалена од страна на жалителот не започнала на тој датум, туку на 21 мај 1992 кога тој го поднел барањето за надомест. Уште повеќе, како што е наведено од страна на Владата, периодот кој потпаѓа под надлежност на Судот започнува на 10 април 1997 по стапувањето во сила на Конвенцијата во однос на Република Македонија (види Lickov v. Republic of Macedonia, бр. 38202/02, став 212, 28 септември 2006).
  2.                       При оценувањето на разумноста на времето кое изминало по тој датум, мора да се земе во предвид и стдиумот до кој била постапката на 10 април 1997 (види Styranowski v. Poland бр. 28616/95, став 46, ЕСЧП 1998-VIII, Foti and others v. Italy, пресуда од 10 декември 1982, серија А, бр. 56, стр.18, став 53). Во оваа насока Судот забележува дека во периодот на стапувањето во сила на Конвенцијата во однос на Република Македонија постапката траела четири години , десет месеци и дваесет дена во сите три судски инстанци. За време на овој период, случајот бил три пати враќан на повторно разлгедување. Одлуката на Врховниот суд од 30 октомври 1996 била последната одлука во овој период.
  3.                       Од причини наведени и во случајот Арсов (види Arsov v. Republic of Macedonia, бр. 44208/02, став 42, 19 октомври 1996), Судот нашол дека обжалените постапки треба да се сметаат како единствена постапка. Оттука, тие траеле девет години, девет месеци и дваесет и шест дена, од кои четири години, единаесет месеци и три дена потпаѓаат под испитување од страна на Судот во два степени на надлежност.
  4.                       Судот потсетува дека разумноста на должината на постапката мора да се оценува во светло на околностите на случајот и со земање во предвид а следните критериуми: сложеноста на случјот, однесувањето на жалителот и релевантните власти, како и засегнатиот интерес на жалителот во спорот (види Markoski v. Republic of Macedonia, бр. 22928/03, став 32, 2 ноември 2006, како и наведените референци).
  5.                       Судот смета дека случајот не бил од особено сложена природа . Одредена сложеност се појавила од потребата да се побараат експертски мислења, но ова само по себе не ја објаснува должината на постапката.
  6.                       Што се однесува на однесувањето на жалителот, иако тој бил одговорен за одложувањата на расправите од 1 декември 1998 и 1 декември 2000, истото било од причини неговото здравје како и повик од армијата. Последното одложување резултирало со застој во постапката од преку шест месеци, сепак, расправата била одржана за време на застојот (види точка 25 погоре).
  7.                       Дополнително, Судот не е убеден во аргументот на Владата дека погоре опишаните (види точка 46) измени во барањето на жалителот довеле до суштинско одложување ниту пак тие доставиле било каков доказ дека постоеле дополнителни измени. Дополнително, постојаната јуриспруденција на Судот определила дека жалителот не може да биде обвинуван за искористувањето на сите поволности од лековите кои се овозможени според домашното право, со цел одбрана на своите интереси (види Kesyan v. Russia, бр. 36496/02, став 55, 19 октомври 2006).
  8.                       Дополнително, а спротивно со поднесокот од Владата, настојувањата на жалителот да се забрза постапката претставуваат факт во негова полза дури и доколку тие барања не се сметаат како ефективен лек (види Atanasovic and others v. Republic of Macedonia, бр. 13886/02, став 31, 22 декември 2005). Дополнително, тој не може да се смета за одговрен за процедуралното однесување на работодавачот и времето кое во периодот кој се разгледува, протекло во врска со лековите кои биле употребени од страна на работодавачот.
  9.                       Судот потсетува дека е обврска на државите –договорнички да ги организиараат своите правни системи на таков начин што нивните судови секому ќе гарантираат право да се здобие со конечна одлука по спорови поврзани со граѓанските права и обврски во разумен рок (види Kostovska v. Republic of Macedonia, бр. 44353/02, став 41, 15 јуни 2006, Muti v. Italy, пресуда од 23 март 1994, серија А, бр. 281-C, став 15).
  10.                       Судот понатаму потсетува дека само одложувања кои можат да се припишат на државата можат да оправдаат наодт кој констатира пропуштање на усогласеност со барањето за разумен рок (види Proszak v. Poland, пресуда од 16 декември 1997, Извештаи за пресуди и одлуки 1997-VIII, СТАВ 40, Ciricosto and Viola v. Italy, пресуда од 4 декмври 1995, Серија А, бр. 337-А, стр.10, став 28).
  11.                       Од материјалот со кој располага, Судот наоѓа бројни одложувања кои се припишуваат на државата. По одлуката на Врховниот суд од 30 октомври 1996, постапката пред судечкиот суд завршила близу единаесет месеци подоцна, од кои пет месеци потпаѓаат под периодот кој се разгледува. Понатаму Судот утврдил комплетно одложување од преку една година кое било резултат на барањето на судот на два експертски извештаи (види точка 18). Во оваа смисла, Судот забележува дека примарната одговорност за одложувањето предизвикано од испитувањата на експертите паѓа на државата (види Capuano v Italy, пресуда од 25 јуни 1987, серија А, бр. 119, став 32). Дополнително, експертот работел во контекст на судската постапка, надгледувана од судијата, кој останува одговорен за подготовката и брзото водење на судењето ( види Scopelliti v. Italy, пресуда од 23 ноември 1993 Серија А бр. 278, став 23). Дополнителни четири месеци изминале помеѓу расправите закажани за декември 1998 и март 1999 (види став 20 и 21). Дополнително на тоа, судот утврдил дека биле потребни безмалку десет месеци за судот да закаже расправа откога случајот бил вратен на повторно разгледување од страна на Апелациониот суд (види точки 23 и 25).
  12.                       Уште повеќе, Судот утврдил дека домашното право (види член 408 од Законот за парнична постапка погоре) и судската јуриспруденција (види, mutatis mutandis, Ruotolo v. Italy, пресуда од 27 февруари 1992, Серија А, бр. 230-Д, став 17, Obermeier v. Austria, пресуда од 28 јуни 1990, Серија А, бр. 179, став 72) пропишува работните спорови да се третираат со посебно внимание.
  13.                       Судот соодветно заклучил дека, и покрај периодите на одложување кои му се припишуваат на жалителот, должината на предметната постапка била прекумерна и не успеала да го исполни барањето за “разумен рок“ од членот 6 став 1 од Конвенцијата.
  14.                       Оттука, има повреда на конкретната одредба.

 

II. ПРИМЕНА НА ЧЛЕНОТ 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА

 

  1.                       Членот 41 од Конвенцијата пропишува:

“ Кога Судот ќе оцени дека постои повреда на Конвенцијата или на протоколите, и доколку внатрешното право на засегнатата Висока договорна страна овозможува само делумна репарација на штетата, тогаш доколку е тоа неопходно, Судот ќе му додели правична отштета на оштетениот“.

 

А. Штета

 

  1.                       Што се однесува до домашните постапки, жалителот ја оставил на судот евентуалната одлука за додлување на материјална отштета. Тој не обезбедил никакви поднесоци за ова барање. Тој понатаму побарувал 25.000 евра на име нематеријална штета за страдањето кое го претрпел како последица на наводната повреда.
  2.                       Владата ги оспорила овие наводи како неосновани. Тие понатаму се повикале на своите аргументи што се однесува на серискиот карактер на оспорената постапка (работен спор) како и придонесот на жалителот во нејзината должина. Тие го поканиле Судот да земе во предвид дека евентуалното утврдување на повреда само по себе ќе претставува доволна отштета за било каква штета во односниот случај.
  3.                       Дри и да се претпостави дека жалителот побарувал материјална отштета, Судот ја одбива истата со оглед на тоа што тој пропуштул да обезбеди детали во поглед на суштината на таквата отштета. Од друга страна, Судот смета дека жалителот морал да претрпи одредена нематеријална штета. Досудувајќи на еднаква основа, Судот му доделува 1000 евра по оваа основа.

 

Б. Трошоци

 

  1.                       Жалителот исто така побарувал 70 евра за трошоци направени пред Судот при подготовката на жалбата и испраќањето на документи. Сепак, тој гоо препуштил ова прашање на Судот.
  2.                       Владата не изнела мислење по ова прашање.
  3.                       Според праксата на Судот, жалителот има право на поврат на трошоците само доколку се прикаже дека тие биле навистина и нужно преземени и во разумен износ (види Kostovska v. Republic of Macedonia, цитирано погоре, став 62, Arvelakis v. Greece, бр. 41354/98, став 34, 12 април 2001, Nikolova v. Bulgaria (GC), бр. 31195/96, став 79, ЕСЧП, 1999-II). Во конкретниот случај, земајќи ги во предвид информациите со кои располага како и горните критериуми, Судот смета дека е разумно да му додели на жалителот, кој бил застапуван од страна на својот син со одобрение на Претседателот, целосната сума која ја побарувал.

 

В. Затезна камата

 

  1.                       Судот смета дека е соодветно дека затезната камата треба да се заснова на најниската камата за позајмени средства на Европската Централна Банка, на која треба да се додадат три проценти.

 

ОД НАВЕДЕНИТЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО

1. Ја прогласи жалбата за допуштена;

 

  1.                            Утврди дека има повреда на член 6 став 1 од Конвенцијата;

 

  1.                            Утврди дека:

 

а) тужената држава треба да му исплати на жалителот во рок од 3 месеци од денот на конечноста на пресудата, во согласност со член 44 став 2 од Конвенцијата, 1.070 евра (илјада и седумдесет) на име на нематеријална штета и трошоци, плус било каков издаток кој би можел да биде наплатен;

 

б) по протекот на горе наведените три месеци се до исплатата, ќе се засметува камата на горенаведените износи, по стапка еднаква на најниската стапка за позајмени средства на Европската централна банка, за периодот до плаќањето плус 3 %.

 

  1.                            Го отфрли остатокот од барањето на жалителот за правичен надомест.

 

Изготвено на англиски, и објавено на 31 мај 2007, согласно член 77 ставови 2 и 3 од Деловникот за работа на Судот.

 

 

Claudia WESTERDIEK     Pееr LORENZEN

Секретар,     Претседател,