жиро-сметка. Откако банката доставила приговор на решението на судот,
постапката продолжила како парнична постапка во врска со основаноста на
тужбеното барање на жалителот. Постапката била запрена со оглед на фактот
дека банката не престанала да постои. Судот утврди дека постапката сеуште
не е завршена, со оглед на тоа дека домашните судови сеуште немаат
одлучено по барањето на жалителот за продолжување на постапката против
државата, како правен следбеник на банката. Надлежниот суд одржал
расправа на која ја повикал државата како странка во постапката, но не донел
никаква одлука.
39. Владата укажа дека не треба да се земе во предвид периодот пред да
стапи во сила Конвенцијата.
40. Судот утврди дека периодот кој спаѓа во надлежност на Судот не започнува
на 25 Јуни 1997 година, туку на 10 Април 1997 година откако Конвенцијата
стапила на сила во Република Македонија. (види Atanasovic and Others v.
Republic of Macedonia, број 13886/02, точка 26, 22 Декември 2005 година; Horvat
v. Croatia, број 51585/99, точка 50, ECHR 2001 VIII).
41. Во оценувањето на разумноста на траењето на постапката потребно е да
биде земена во предвид состојбата на постапката од 10 Април 1997 година.
(види Milošević v. Republic of Macedonia, број 15056/02, точки 21, 20 Април 2006
година; Styranowski v. Poland, број 28616/95, точка 46, ECHR 1998-VIII; Foti and
Others v. Italy, Пресуда од 10 Декември 1982 година, Серија А број 56, параграф
18, точка 53). Судот утврдил дека од моментот кога Конвенцијата стапила на
сила во Република Македонија до крајот на постапката, истата во една судска
истанца траела четири години, девет месеци и петнаесет дена.
42. Спорниот период сеуште трае. Со тоа постапката трае повеќе од
четиринаесет години, од кои повеќе од девет години од ратификација на
Конвенцијата од страна на Република Македонија. Судот утврди дека не е
донесена одлука за основаноста на тужбеното барање.
43. Судот повторува дека разумноста на должнината на постапката мора да
биде оценета во светло на околностите на случајот и во согласност со
следниве критериуми: сложеноста на случајот, однесувањето на жалителот и
домашните органи. (види Frydlender v. France [GC], број 30979/96, точка 43,
ECHR 2000-VII; Comingersoll S.A. v. Portugal [GC], број 35382/97, ECHR 2000-IV
и Philis v. Greece (број 2), Пресуда од 27 June 1997 година, Извештај за пресуди
и одлуки 1997 IV, точка 35).
44. Владата смета дека случајот е сложен и дека се поклопува со времето на
распаѓање на поранешна Југославија и на нејзиниот банкарски систем, заради
блокадата на системот на платен промет. Сложеноста на случајот, според
нејзиното гледиште, се заснова на неколку елементи, и тоа: три вештачења;
противтужбата на банката; фактот што жалителот два пати го прецизирал
неговото тужбено барање и прекинот на постапката заради завршувањето на
стечајната постапка. Во однос на поведението на жалителот, Владата укажа
дека истиот не поднел барање за забрзување на постапката, кое претходно се
покажало како ефикасно. Според Владата, неговото однесување придонело за