стапувањето во сила н Конвенцијата во Република Македонија. (види
Atanasovic and Others v. Republic of Macedonia, број 13886/02, т. 26, 22
декември 2005 година; Horvat v. Croatia, број 51585/99, т. 50, ЕСЧП 2001
VIII).
30. При проценката на разумноста на времето кое изминало потребно е
да биде земена во предвид состојбата на постапката на 10 Април 1997
година. (види Styranowski v. Poland, број 28616/95, став 46, ECHR 1998-
VIII; Foti and Others v. Italy, пресуда од 10 декември 1982 година, серија А
број 56, став 18, т. 53). Во овој контекст, Судот утврди дека во времето на
стапување во сила на Конвенцијата во Република Македонија постапката
траела една година и осум месеци во една судска инстанца.
31. Оттука, постапката траела седум години седум месеци и шеснаесет
дена, од кои пет години, единаесет месеци и седумнаесет дена во три
судски инстанци, се во надлежност на Судот.
32. Судот повторува дека разумноста на должината на постапката мора
да се цени во светоло на околностите на случајот и врз основа на
следните критериуми, и тоа: сложеноста на случајот, однесувањето на
жалителот и надлежните органи и засегнатиот интерес на жалителот во
постапката. (види меѓу другите, Frydlender v. France [GC], број 30979/96,
точка 43, ЕСЧП 2000-VII; Comingersoll S.A. v. Portugal [GC], број 35382/97,
ЕСЧП 2000-IV и Philis v. Greece (број 2), Пресуда од 27 јуни 1997 година,
Извештај за пресуди и одлуки 1997 IV, т. 35). Покрај тоа, засегнатиот
интерес на жалителот било поништувањето на неговото отпуштање од
работа, што барало посебна внимателност од страна на домашните
органи. (види Ruotolo v. Italy, пресуда од 27 февруари 1992 година, Серија
A број 230-Д, точка 17; Obermeier v. Austria, пресуда од 28 јуни 1990
година, Серија A број 179, т. 72).
33. Владата укажа на на тоа дека случајот бил од сложена правна и
фактичка природа со оглед на незанемарливиот број на прашања кои
барале разјаснување: правниот статус на работодавачот; органот кој бил
надлежен да одлучува за отпуштањето од работа на жалителот;
работниот стаж на жалителот кај работодавачот и правното толкување на
релевантните прописи во врска со претпријатијата кои се регистрирани
надвор од Република Македонија и кои го прилагодиле нивното работење
со домашното право. Што се однесува на однесувањето на жалителот,
Владата укажа на тоа дека тој пропуштил да превземе било какво
дејствие за забрзување на постапката и дури и придонел за нејзината
должина со повлекувањето на приговорот на барањето на работодавачот
за повторување на постапката од јуни 1996 година, понатаму
обезбедувајќи го судот со погрешна адреса на сведокот кој самиот го
предложил, преку неплаќање на судските такси, како формален
предуслов за продолжување на постапката , преку барање од судот да ја
изврши пресудата во целост, иако тој веќе бил вратен на работа. Владата
исто трака тврди дека и работодавачот придонел за должината на
постапката со искористување на три вонредни правни лекови кои му
стоеле на располагање согласно домашното право. Во врска со