32. Судот утврдил дека граѓанската постапка започнала на 18 јуни 1991 кога
жалителот го поднел тужбеното барање пред тогашниот Општински суд
Кочани. Постапката завршила на 28 јуни 2002 кога на жалителот му била
доставена одлуката на Апелациониот суд.
33. Владата укажа дека периодот кој изминал пред влегувањето во сила на
Конвенцијата во однос на Република Македонија не треба да се земе во
предвид.
34. Судот утврдил дека периодот кој потпаѓа под негова надлежност не
започнал на 18 јуни 1991, туку на 10 април 1997, по влегувањето во сила на
Конвенцијата во однос на Република Македонија (види Atanasovic and others
v. Republic of Macedonia, бр. 13886/02, § 26, 22 декември 2005; Horvat v.
Croatia, бр. 51585/99, § 50, ECHR 2001-VIII).
35. При оценувањето на разумноста на периодот кој изминал по тој датум ,
мора да се води сметка за состојбата со постапката на 10 април 1997 (види
Styranowsky v. Poland, бр. 28616/95, § 46, ECHR 1998-VIII, Foti and others v.
Italy, пресуда од 10 декември 1982, серија А, бр. 56, стр. 18, § 53). Во оваа
смисла Судот утврдил дека во периодот на влегување во сила на
Конвенцијата во однос на Република Македонија постапката траела пет
години, девет месеци и дваесет и два дена во сите три судски инстанци.
36. Оттука, постапката траела единаесет години и десет дена од кои пет
години, два месеци и единаесет дена, период за кој предметот поминал две
судски инстанци треба да бидат испитани од страна на Судот.
37. Судот повторува дека разумноста на времетраењето на постапката мора
да се цени во светло на околностите на случајот и земајќи ги во предвид
следниве критериуми: сложеноста на случајот, однесувањето на жалителот
и релевантните органи и засегнатиот интерес на жалителот во спорот (види,
меѓу другото, Frylender v. France (GC), бр. 30979/96, § 43, ECHR 2000-VII;
Humen v. Poland (GC), бр. 26614/95, § 60, Comingseroll S.A. v. Portugal (GC)
бр. 35382/97, ECHR 2000-IV; Phillis v. Greece (бр.2), пресуда од 27 јуни 1997,
Извештаи од пресуди и одлуки 1997-IV, § 35).
38. Владата укажа на фактот дека случајот бил од сложена правна природа
со оглед на историскиот контекст во кој било поднесено барањето: распадот
на федеративниот банкарски систем на поранешната Југославија,
финансиската независност на државата и воведувањето на нова валута,
правниот вакум кој се создал по распадот на федерацијата. Владата укажа
дека обжалените постапки не треба да се сметаат како единствена постапка,
туку како сет од неколку постапки кои започнувале откога повисокиот суд ги
уважувал вложените правни лекови од страна на странките и го враќал
предметот на повторно разгледување. Владата посочи дека жалителот
придонел за должината на постапката со искористување на расопложливите
редовни и вонредни правни лекови, но дека пропуштил да достави барање
до националните судови за забрзување на постапката. Што се однесува до
однесувањето на националните органи, Владата го застапува ставот ека
судовите постапувале по предметот со должно внимание и дека