ВЕСЕЛИНСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕСУДА
според бенефицираните услови од З.О.С.Ј.Н.А. (да се види став
17 погоре). Од второто, Судот заклучува дека за шесте односни
станови Министерството за одбрана се согласило да ја преземе
обврската за исплата на разликата во цената за нивната
продажба по намалена цена. Владата не дала никакви детали
во однос на критериумите за наведената замена на становите.
79. Понатаму, Судот забележува дека во 1996 година Уставниот
суд ги укинал З.О.С.Ј.Н.А. и У.П.Д.С.Ф.Н.Ј.А. без ретроактивно
дејство (да се види став 19 погоре). Со тоа, Уставниот суд
имплицитно ги одобрил сите купувања на становите по
повластена цена што биле завршени пред донесувањето на
одлуката на Уставниот суд. Судот забележува дека жалителот го
купил станот во кој живеел по намалена цена пред да биде
донесена одлуката на Уставниот суд. Тој го склучил
купопродажниот договор со Владата на 4 септември 1995
година, а е одобрен од суд на 29 септември 1995 година, додека
одлуката на Уставниот суд била донесена на 26 јуни 1996 година
(да се видат ставовите 19 и 26 погоре).
80. Со оглед на околностите, земајќи ги предвид претходните
придонеси на жалителот и тогашните спогодби во сила, Судот
цени дека може да се смета дека жалителот има “легитимно
очекување” купувањето на станот да биде по намалена цена.
81. Меѓутоа и покрај “легитимното очекување”, во 1997 година
Врховниот суд оценил дека жалителот нема право на купување
по намалена цена, во основа поради тоа што не сметал дека
Република Македонија ги наследила обврските од поранешната
Југословенска војска. Иако Судот има само ограничена моќ за
постапување по наводно погрешно утврдена фактичка состојба
или повреда на законот, кои ги направиле националните судови,
на кои примарно им паѓа да го толкуваат и применат
националното право (Види, најново, Kopecky v. Slovakia [GC], бр.
44912/98, пресуда од 28 септември 2004 година, став 56, ЕСЧП
2004-...), тој смета дека одлуката на Врховниот суд, без било
какво објаснување, не ја земала предвид претходната постоечка
правна позиција и пракса (Види, mutatis mutandis, Iatridis v.
Greece [GC], бр. 31107/96, став 58, ЕСЧП 1999-II).
82. Како резултат на таа одлука, повластените услови кои се
дел од купопродажбата на станот на жалителот биле,
очигледно, поништени и тој подлежи на побарување за плаќање
на дополнителна сума пари. Тоа може да се смета за