од 13 јуни 1979 година, серија А бр. 31, стр. 27-28, т. 63). “Имот” во
рамките на значењето на горната одредба може да биде или “постоен
имот” или побарување, во однос за кое жалителот може да тврди дека
има барем “легитимно очекување” да се здобие со ефективно уживање
на имотното право (види пресуда Pine Valley developments v. Ireland од
29 ноември 1991 година, серија А бр. 222, стр. 23, т. 51). “Легитимното
очекување” може исто така да ги опфати и условите за стекнување или
уживање на имотните права. На пример, во случајот со Pine Valley
(наведен погоре), Судот утврди дека легитимното очекување призлегло
од издадената рамковна градежна дозвола, врз основа на што
компаниите жалители го купиле земјиштето со цел негово
урбанизирање. Градежната дозвола, која подоцна била поништена со
што урбанизирањето на земјиштето било оневозможено, била “составен
дел на правото на сопственост на компаниите жалители”. Слично, кога
жалителот закупил земјиште за период од 22 години за годишна
земјишна рента со можност за обновување на договорот за закупот за
дополнителен период по истекот на рокот за закуп, и на сопствен
трошок на земјиштето изградил објекти за издавање под наем, Судот
утврдил дека во случајот мора да се смета дека тој имал барем
“легитимно очекување” за операционалиација на моѓноста за
продолѓување на закупот и дека тоа морало да се смета, за целите на
член 1 од Протокол бр. 1 како “дел од имотните права што му биле
дадени ... согласно договорот за закуп” (Stretch v. the United Kingdom бр.
44277/98, т. 35, 24 јуни 2003 година).
81. Навраќајќи се на сегашниот случај, Судот потсетува дека во 1996
година, по одлуките на Општинскиот суд и на Апелациониот суд во
негова полза, жалителот го купил од Владата станот во кој живеел по
пониска цена согласно одредбите од З.О.С.Ј.Н.А.
82. Судот нотира дека З.О.С.Ј.Н.А. бил сојузен закон што останал во
сила во државата сe до неговото укинување во 1996 година. Тој
предвидувал услови за продажба на станови дадени на користење од
поранешната Југословенска армија на воени лица, давајќи им право на
да ги купат становите по поповолна цена, од која требало да се одземат
месечни придонеси платени на фондот за домување на поранешната
војска. Овие поповолни услови за купување требало да се применат во
однос на сите станови, без оглед на тоа кој формално ги поседува
(Сојузната армија или други органи на Државата), а Армијата имала
обврска да ја покрие разликата во цената за становите што биле во
сопственост на други органи на државата (види т. 14 и 43-46 погоре).
83. Подоцна, по укинувањето на С.П.О.В.П.Н.Т.Р.М., македонското
Министерство за одбрана се чини ги наследило сите права и обврски
што ги имала поранешната Југословенска војска на територијата на
Република Македонија, вклучувајќи ја и продажбата на воените станови
на воени лица според привилегираните услови од З.О.С.Ј.Н.А. (види т.
16 и 47-49 погоре). Иако С.П.О.В.П.Н.Т.Р.М. и Уредбата на Владата за
негово спроведување (У.П.Д.С.Ф.Н.Ј.А.) не наметнале експлицитна
обврска за надоместување на разликата во цената за становите што