CONSEIL  
DE LEUROPE  
COUNCIL  
OF EUROPE  
COUR EUROPÉENNE DES DROITS DE LHOMME  
EUROPEAN COURT OF HUMAN RIGHTS  
ПЕТТИ ОДДЕЛ  
ВЕЛОВА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА  
(Жалба бр. 29029/03)  
ПРЕСУДА  
СТРАЗБУР  
6 НОЕМВРИ 2008 ГОДИНА  
Оваа пресуда ќе стане конечна во согласност со условите предвидени во  
член 44 став 2 од Конвенцијата. Истата може да биде предмет на  
редакциски измени.  
Напомена: Македонскиот превод на текстот на одлуката на Европскиот  
суд за човекови права  
е исклучиво информативен и од него не  
произлегуваат никакви права и/или обврски. Единствено официјалниот  
текст на одлуката на Европскиот суд за човекови права на англиски и/или  
француски јазик, објавена од страна на Судот е автентичен и се смета за  
оригинал. Не е дозволено објавување на овој превод на било каков начин без  
претходна дозвола од страна на Министерството за правда на Република  
Македонија, освен во случај доколку се користи за информирање.  
ВЕЛОВА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА  
1
Во случајот Велова против Република Македонија,  
Европскиот Суд за човекови права (Петти оддел), заседавајќи во  
совет составен од:  
Rait Maruste, Претседател,  
Karel Jungwiert,  
Volodymyr Butkevych,  
Renate Jaeger,  
Mark Villiger,  
Isabelle Berro-Lefèvre,  
Mirjana Lazarova Trajkovska, судии,  
и
Claudia Westerdiek, Секретар на одделот,  
Расправајќи на затворена седница на 7 Октомври 2008  
година,  
Ја донесе следнава пресуда, усвоена на истиот тој датум.  
ПОСТАПКА  
1. Случајот започна со Жалбата против Република  
Македонија, поднесена до Судот врз основа на член 34 од  
Конвенцијата за заштита на човековите права и основни  
слободи (“Конвенцијата“) од македонскиот државјанин, г-ѓа  
Николина Велова (“Жалител“), на 1 Септември 2003 година.  
2. Владата на Република Македонија (“Владата“) беше  
застапувана од нејзиниот Агент, г-ѓа Радица Лазареска Геровска.  
3. На 3 Јули 2006 година, Претседателот на Петтиот оддел  
одлучи да ја достави жалбата до Владата на одговор во врска со  
должината на постапката. Воедно беше одлучено едновремено  
да се постапува по допуштеноста и основаноста на Жалбата  
(член 29 став 3).  
ФАКТИ  
4. Жалителот е роден во 1951 година и живее во Кочани.  
5. На 13 Јули 1987 година, родителите на жалителот поднеле  
граѓанска тужба пред Општинскиот суд Кочани, барајќи  
отповикување/поништување на договорот за доживотна  
издршка, склучен на 25 Декември 1981 година, помеѓу нив и  
ВЕЛОВА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА  
2
нивниот син, г-дин Т.К. Согласно договорот, г-дин Т.К бил  
огласен како единствен наследник на нивниот имот опишан во  
договорот, а за возврат тој требал да води грижа за неговите  
родители. Тие тврделе дека по смртта на нивниот син во 1982  
година, тужените, г-ѓа Т.К сопруга на синот и нејзиното дете,  
повеќе не живееле со нив и заради тоа ги запреле со  
извршувањето, обврските кои произлегуваат од договорот.  
6. На 30 Септември 1987 година, Општинскиот суд Кочани ја  
прифатил тужбата и го поништил договорот. По распитот на  
странките во постапката и сослушување на неколку сведоци,  
судот нашол дека, меѓусебните односи помеѓу странките биле  
влошени и тужените заради тоа не се грижеле за родителите на  
Жалителот.  
7. На 12 Февруари 1988 година, Окружниот суд во Штип ја  
прифатил жалбата на тужените поднесена на 29 Октомври 1987  
година. Тој утврдил дека, договорот не содржел одредби за тоа,  
дали тие треба да живеат под ист покрив и дека, одвоеното  
живеење може да не се смета за доволна основа за  
поништување на договорот.  
8. На неутврдена дата, Жалителот го продолжил случајот по  
смртта на неговите родители. На 27 Јуни 1991 година,  
Општинскиот суд Кочани го отфрлил тужбеното барање на  
Жалителот. Судот ги испитал странките, сослушал 18 сведоци и  
извел доволен број на докази.  
9. На 11 Ноември 1992 година, Окружниот суд Штип ја  
прифатил жалбата на Жалителот и го вратил предметот на  
повторно одлучување.  
10. На 9 Февруари 1993 година, Општинскиот суд Кочани го  
одбил тужбеното барање на жалителот како неосновано. Оваа  
одлука била укината од Окружниот суд Штип на 27 Април 1994  
година.  
11. На 11 Април 1996 година, Општинскиот суд Кочани, со  
променет судски совет, повторно го одбил тужбеното барање на  
жалителот. На 29 Октомври 1996 година, Апелациониот суд  
Штип, ја усвоил жалбата на жалителот поднесена на 23 Мај 1996  
година и ја укинал одлуката на понискиот суд. Тој нашол, помеѓу  
другото, дека, предметот бил одлучен од страна на судија  
поединец наместо судски совет од три судии, како што  
превидувал законот.  
12. На единственото одржано рочиште, на 9 Јули 1997 година,  
Основниот суд Кочани, го прифатил тужбеното барање на  
жалителот и го поништил догворот. Оваа одлука била делумно  
потврдена од Апелациониот суд Штип на 24 Декември 1997  
ВЕЛОВА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА  
3
година. Судот го вратил предметот на повторно одлучување  
само во делот на судските трошоци.  
13. На 23 Април 1998 година, Основниот суд Кочани ја отфрил  
ревизијата на тужените како ненавремена. На 12 Септември  
1998 година, Апелациониот суд Штип го вратил предметот на  
повторно судење. На 3 Ноември 1999 година, Врховниот суд ја  
уважил ревизијата на тужените и ги поништил одлуките на  
пониските судови опишани во претходниот параграф. Тој  
утврдил дека, првостепениот суд, расправјќи во изменет судски  
совет, погрешно го применил законот изведувајќи ги веќе  
утврдените докази, за кои страните не дале согласност.  
14. По две одржани расправи, на 13 Јули 2000 година,  
Основниот суд Кочани го прифатил тужбеното барање на  
Жалителот и го поништил договорот со исто образложение како  
во одлуката од 9 Јули 1997 година. На 13 Ноември 2000 година,  
Апелациниот суд Штип ја поништил одлуката во корист на  
тужените, со образлоение како во претходниот став.  
15. На 15 Октомври 2001 година, Основниот суд го прифатил  
тужбеното барање на Жалителот и го поништил договорот. Тој  
ги распршал странките и 11 сведоци и извел други докази. На  
барање на Жалителот за одложување, ниту една од трите  
закажани расправи не биле одржани.  
16. На 11 Март 2003 година, Апелациониот суд Штип ја одбил  
жалбата на тужените против одлуката од 30 Ноември 2001  
година и истата ја потврдил во делот на главното тужбено  
барање. Одлуката била преиначена во поглед на судските  
трошоци. На 24 Април 2003 година, тужените поднеле ревизија  
пред Врховниот суд, кој истата ја одбил како неоснована на 12  
Мај 2004 година.  
17. Во меѓувреме, на 12 Мај 2003 година, Основниот суд  
Кочани го прифатил предлогот за извршување на Жалителот врз  
основа на одлуката, а во врска со судските трошоци. На 23 Мај  
2003 година, судот го прекинал извршувањето, чекајќи го  
исходот од постапката по предметот кој бил пред Врховниот  
суд. На 30 Ноември 2004 година извршувањето било завршено.  
18. На 6 Декември 2005 година, Основниот суд Кочани, во  
друга постапка, го огласил Жалителот како законски наследник  
на нејзиниот покоен татко и долелил на Жалителот во  
наследство дел од неговиот имот.  
19. За време на испитување на правната основаност на  
постапката, судскиот совет во првостепениот суд бил менуван  
во 4 наврати.  
ВЕЛОВА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА  
4
ПРАВО  
I. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 6 СТАВ 1 ОД КОНВЕНЦИЈАТА  
20. Жалителот се жалеше дека, должината на постапките  
била спротивна со барањето за судење во разумно време,  
пропишано со членот 6 став 1 од Конвенцијата, според кое:  
Во определувањето на неговите граѓански права  
и
обврски...секој има право на...............судење во разумен рок од  
страна на............трибунал...“  
A. Допуштеност  
21. Владата не изрази приговор на допуштеноста на  
Жалбата.  
22. Судот забележува дека, оваа Жалба не е очигледно  
неоснована во врска со членот 35 став 3 од Конвенцијата.  
Истата не е недопуштена по други основи. Заради тоа, мора да  
биде огласена за допуштена.  
B. Основаност  
1. Поднесоци на странките  
23. Владата се произнесе дека, изминатиот период пред да  
стапи на сила Конвенцијата во Република Македонија, не треба  
да биде земен во разгледување. Тие исто така тврдеа дека,  
имало сложени околности во случајот, вклучувајќи ја смртта на  
родителите  
на  
Жалителот,  
неопходната  
потреба  
од  
сослушување на сведоци и одржување на расправи заради увид  
на лице место за утврдување на вистината.  
24. Владата понатаму тврдеше дека, странките допринеле за  
должината на постапката со обжалување на првостепените  
судски одлуки.  
25. Во врска со однесувањето на домашните судови, Владата  
спореше дека тие одлучувале во овој случај со должно  
внимание и дека закажаните расправи биле одржувани без  
одолжувања и закаснувања.  
26. Жалителот ги оспоруваше Владините факти. Таа спореше  
дека, државата има полна одговорност за прекумерната  
должина на постапката. Повеќекратните враќања на предметот  
за повторно судење биле непотребни, бидејќи правосилната  
првостепена пресуда доенсена во 2001 година била со иста  
содржина како и пресудата донесена во 1987 година.  
ВЕЛОВА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА  
5
2. Оцена на Судот  
27. Судот забележува дека, постапката започнала на 13 Јули  
1987 година, кога родителите на Жалителот побарале судот го  
отповика договорот. По смртта на родителите, Жалителот  
одлучил да ја продолжи постапката како наследник и во  
принцип, може да се жали за целата должина на постапката.  
(види Cocchiarella v. Italy [GC], no. 64886/01, § 113, ECHR 2006).  
28. Во секој случај, како што напомена Владата, периодот кој  
потпаѓа по надлежност на Судот започнува на 10 Април 1997  
година, откако Конвенцијата стапила на сила во Република  
Македонија (види Личков вс. Република Македонија no.  
38202/02, § 21, 28 Септември 2006). Покрај тоа, во испитувањето  
на разумноста на периодот кој потпаѓа по таа дата, мора да се  
води сметка и за периодот до 10 Април 1997 година (види  
Зибери v. Република Македонија, no. 27866/02, § 41, 5 Jули  
2007). Во врска со споменатото, Судот утврдил дека, постапката  
траела приближно 9 години и 9 месеци во две судски инстанци.  
29. Судот испита дека, постапката во поглед на основаноста  
била завршена на 11 Март 2003 година кога Апелациониот суд  
конечно ја одбил жалбата на тужените. Последна одлука  
донесена во овој случај била одлуката на Врховниот суд на 12  
Мај 2004 година. Судот смета дека, периодот на постапката кој  
потпаѓа во одлучувањето на Врховниот суд, иако не се  
однесувало за соодветно мериторно одлучување, мора да биде  
земено во разгледување откако тужените поднеле ревизија до  
него и го побивале барањето за судски трошоци во постапката  
(види погоре, параграф 17).Постапката, заради ова дејствие  
траела приближно 17 години, од кои повеќе од 7 години и 1  
месец потпаѓаат под надлежност на Судот, откако било  
постапувано во сите три судски инстанци.  
30. Судот потсетува дека, разумноста на должината на  
постапките мора да биде оценета во светло на околностите на  
случајот и во согласност на следните критериуми: сложеност на  
случајот, однесувањето на Жалителот и релевантните домашни  
органи и што бил интересто на Жалителот во спорот (види  
Маркоски v.Република Македонијаno. 22928/03, § 32, 2 Ноември  
2006).  
31. Судот смета дека, случајот не бил од особено сложена  
природа. Испитувањето на голем број на сведоци само по себе  
не може да се смета, дека допринело на сложеноста на  
постапката.  
32. Судот понатаму утврди дека, немало оддолжувања кои би  
му се препишале на Жалителот. Фактот дека, таа ги искористила  
ВЕЛОВА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА  
6
сите расположиви домашни правни лекови согласно домашното  
законодавство неможе да се семета за факт кој допринел за  
должината на постапката (види Арсов v.Република Македонија,  
no. 44208/02, § 42, 19 October 2006).  
33. Судот смета дека, оддолженото траење на постапката  
било резултат на повеќекратното повторно судење на  
предметот. Случајот бил преотварана во осум наврати од кои  
три наврати потпаѓаат во временска надлежност на Судот. Биле  
донесени 18 одлуки во текот на постапката, од кои 15 биле  
мериторни одлуки. Домашните судови спроед тоа, неможе да се  
каже дека неактивни. Во секој случај, иако Судот не е во  
позиција да го испитува квалитетот на судската пракса на  
домашните судови, тој смета дека, повторното испитување било  
вообичаено чинето како резултат на грешките направени од  
страна на пониските судови, овие повторувања на постапката во  
еден сет на постапки разоткриваат сериозни недостатоци во  
правниот систем (види Pavlyulynets v. Ukraine, no. 70767/01, § 51,  
6 September 2005, и Wierciszewska v. Poland, no. 41431/98, § 46,  
25 November 2003).  
34. Во овој контекст, Судот потсетува на своите ставови дека,  
одговорност на државата договорничка е да го организира својот  
правен систем во правец да може да му ги гарантира правата на  
секого, да добие правосилна одлука во споровите во врска со  
граѓанските права и обврски во разумно време (види Kostovska,  
§ 41, споменато погоре).  
35. Испитувајќи ги сите доставени докази до Судот, Судот  
смета дека, во конктретниот случај должината на постапката  
била прекумерна и не успеала да ги исполни барањето за  
разумен роксогласно челнот 6 став 1 од Конвенцијата.  
36. Согласно наведеното постои повреда на овие одредби.  
II. ДРУГИ НАВОДНИ ПОВРЕДИ НА КОНВЕНЦИЈАТА  
37. Жалителот се жалеше дека, Окружниот суд одлуките од 27  
Април 1994 и 29 Октомври 1996 година (види параграф погоре)  
ги донел на затворена седница на совет, наспроти нејзиното  
барање за јавна расправа. Таа понатаму се жалеше  
пристрасноста на судечкиот судија во нејзиниот спор, како и  
дека, Г-дин Т.П, поранешен судија на Окружниот суд кој судел во  
нејзиниот случај во Ноември 1992 година, ги застапувал  
тужените во спорот. Во дополнение, семејните членови на Т.П.  
биле вработени во штипските судови, факт кој се одразил на  
непристрасноста на Т.П. Жалителот исто така се жалеше дека  
судовите донеле различни одлуки во текот на постапувањето и  
ВЕЛОВА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА  
7
дека извршувањето на Одлуката на Апелациониот суд била  
незаконски прекината.  
38. Судот ги испита овие жалбени наводи на Жалителот и  
најде дека, согласно од аспект на сите расположиви докази, како  
и согласно природата на жалбените наводи кои се во негова  
надлежност, тие не откриваат било каква појава на повреда на  
правата и слободите утврдени со Конвенцијата и нејзините  
Протоколи.  
39. Следува дека, овој дел од Жалбата е очигледно  
неоснован и мора да биде отфрлен во согласност со членот 35  
точка 3 и 4 од Конвенцијата.  
III. ПРИМЕНА НА ЧЛЕНОТ 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА  
40. Членот 41 предвидува:  
Кога Судот ќе оцени дека постои повреда на Конвенцијата или на  
протоколите, и доколку внатрешното право на засегнатата Висока  
договорна страна овозможува само делумна репарација на штетата,  
тогаш доколку е тоа неопходно, Судот ќе му додели правична отштета  
на оштетениот.“  
A. Штета  
41. Во поглед на материјална отштета, Жалителот ги барал  
следните износи, и тоа: 72,278 ЕВРА за изгубена добивка заради  
тоа што бил оневозможен да го користи земјоделското земјиште;  
84,442 ЕВРА за затезна камата засметана од 6 Декември 2005  
година (види параграф 18, погоре); 8,518 ЕВРА за изгубена  
земјоделска пензија која би ја имала право на неа како  
индивидуален земјоделец доколку би имал можност да користи  
земјата. Жалителот истовремно барал 170,000 ЕВРА на име  
нематеријална отштета за емотивен стрес и страдање. Таа исто  
така барала износ од 220,000 ЕВРА за нејзиниот сопруг и си  
заради душевна болка.  
42. Владата ги оспори овие барања како неосновани.  
Владата спореше дека, нема причинско последична врска  
помеѓу наводната повреда и бараната материјална отштета. Со  
вака поднесеното барање, Жалителот побара од Судот  
директно да одлучи за нејзиниот предмет, како барањето да  
било поднесено пред домашните судови.  
43. Судот смета дека, Жалителот не приложил никакви  
докази па заради што, би била чиста шпекулација утврдувањето  
ВЕЛОВА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА  
8
на постоењето на причинско последична врска помеѓу  
повредите на Конвенцијата и наводната материјална отштета.  
Заради тоа го отфрла барањето на жалителот по овој основ. Од  
друга страна, Судот смета дека жалителот неминовно претрпел  
нематеријална штета. Владеејќи се на принципот на еднаквост и  
доделува 1,200 ЕВРА по тој основ. На крајот, Судот го офрла  
барањето на Жалителот за нематеријална отштета за наводно  
страдање на нејзиниот сопруг и син, бидејќи тие не биле странка  
во постапките пред домашните судови.  
B. Трошоци  
44. Жалителот исто така барал 1,062 ЕВРА за адвокатска  
тарифа на адвокатот кој наводно бил вклучен во подготовка на  
нејзината жалба и другите поднесоци. Дополнително, таа  
побара 1,430 ЕВРА за превод на документите поднесени до  
Судот. Таа достави трошковник за адвокатските трошоци и  
трошоци за превод.  
45. Владата ги оспори овие барања како прекумерни и  
неосновани.  
46. Согласно Судската пракса, Жалителот има право на  
поврат на трошоците само доколку биде докажано дека тие биле  
навистина направени и биле неопходни, како и дека се разумни  
по висина (види Ѓозев против Република Македонија, no.  
14260/03, § 63, 19 Јуни 2008).  
47. Судот забележува дека, Жалителот не ангажирала  
адвокат кој ќе ја претставува пред Судот. Според тоа, нема  
докази во поткрепа на нејзините наводи дека адвокатот бил  
активно вклучен во нејзиниот случај. Заради тоа, Судот го  
отфрла нејзиното барање во врска со адвокатската тарифа. Во  
поглед на бараните трошоци за превод, Судот утврди дека, нема  
никаков материјален доказ дека тие трошоци биле навистина  
направени. Таа исто така пропушти да достави доказ за нејзино  
плаќање. Судот заради тоа, не доделува надомест по тој основ.  
Г. Затезна камата  
48. Судот смета за соодветно затезната камата да се се  
заснова на најниската каматна стапка за позајмени средства на  
Европската Централна Банка, на која треба да се додадат 3  
процентни поени.  
ВЕЛОВА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА  
9
ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ СУДОТ ЕДНОГЛАСНО  
1. Ја прогласува жалбата за допуштена во делот на  
прекумерната должина на постапката, додека во останатиот дел  
за недопуштена;  
2. Смета дека има повреда на членот 6 став 1 од Конвенцијата;  
3. Смета дека,  
(a) тужената држава, треба да му плати на Жалителот во  
рок од 3 месеци од датумот на правосилноста на  
пресудата, во согласност со член 44 став 2 од  
Конвенцијата, 1.200 ЕВРА (илјанда и двесте евра), плус  
било каква такса која би била засметана за Жалителот, во  
поглед на нематеријална штета и трошоци во постапката,  
конвертирани во националната валута на одговорната  
држава, по курсната листа во моментот на исплатата;  
(б) по истекот на наведените три месеци па се до  
исплатата, ќе се пресметува камата на горенаведените  
износи, заснована на најниската каматна стапка за  
позајмени средства на Европската Централна Банка, на  
која треба да се додадат 3 процентни поени  
4. Го одбива остатокот од барањето на жалителот за правичен  
надомест.  
Изготвено на англиски и објавено на 6 Ноември 2008 година,  
согласно 77 став 2 и 3 од Деловникот за работа на Судот.  
Claudia Westerdiek  
Rait Maruste  
Секретар  
Претседател