ТРПЕСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
22.
Судот нашол дека случајот има одреден степен на сложеност, но
дека тоа не може да да биде објаснување на должината на постапката.
23. Во поглед на однесувањето на жалителот, Судот наоѓа дека
неговите поднесоци со кои го прецизирал барањето како и барањето за
алтернативно вештачење не можат да се стават на негова штета. (види
Димитриева против Република Македонија, бр. 16328/03, став 35, 6
Ноември 2008 година). Понатаму, тој присуствувал на сите расправи.
24.
Од друга страна Судот наоѓа значителни одолговлекувања кои
можат да се препишат на првостепениот суд. Во врска со ова, забележал
дека дека на првостепениот суд му биле потребни пет години за да ја
донесе својата прва одлука, од кои две години поптаѓаат во надлежност
на Судот (види точка 10 погоре). Му требале уште две години за да
одлучи откако предметот му бил вратен на повторно судење (види
точка 11 погоре). На крај, Судот смета дека целата постапка не го
задоволува критериумот за разумен рок, предвиден во членот 6 став 1
од Конвенцијата, истакнувајќи дека во споровите за утврдување на
надомест на штета за лични повреди, потребна е посебна активност
(види Сали против Република Македонија, бр.14349/03, став 47, 5 Јули
2007 година)
25.
Според тоа, има повреди на оваа одредба.
II. ДРУГИ НАВОДНИ ПОВРЕДИ НА КОНВЕНЦИЈАТА
26.
Жалителот понатаму се жалеше дека не му била дадена можност
за фер судење бидејќи судот го одбил неговото барање. Тој исто така се
повикувал на пристрасност на дел од вештаците и на корумпираност на
сите инволвирани во случајот. Дополнително, жалителот се жалеше дека
судот одлучил спротивно на Конвенцијата на Обединетите нации за
правата на лицата со попречености.
27.
Судот го испита остатокот од жалбата, и имајќи ги во предвид
сите материјали со кои располага, како и тоа дека наводите во жалбата
потпаѓаат во негова надлежност, не открил никаква повреда на правата
и слободите загарантирани со Конвенцијата или нејзините протоколи.
6