ПЕТТИ ОДДЕЛ  
СТОЛЕСКИ И СИЛЈАНОСКА  
ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА  
(Жалба бр.17547/04)  
ПРЕСУДА  
СТРАЗБУРГ  
5 НОЕМВРИ 2009  
Оваа пресуда ќе стане конечна согласно околностите утврдени во член 44  
§ 2 од Конвенцијата. Истата може да биде предмет на редакциски измени  
Напомена: Македонскиот превод на текстот на одлуката на Европскиот суд за  
човекови права е исклучиво информативен и од него не произлегуваат никакви  
права и/или обврски. Единствено официјалниот текст на одлуката на  
Европскиот суд за човекови права на англиски и/или француски јазик, објавена од  
страна на Судот е автентичен и се смета за оригинал. Не е дозволено  
објавување на овој превод на било каков начин без претходна дозвола од страна  
на Министерството за правда на Република Македонија, освен во случај доколку  
се користи за информирање.  
СТОЛЕСКИ И СИЛЈАНОСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ꢀ ПРЕСУДА  
1
Во случајот Столески  
Македонија,  
и
Силјаноска против Република  
Европскиот суд за човекови права (Петти оддел), заседавајќи  
во совет во состав:  
Peer Lorenzen, President,  
Renate Jaeger,  
Karel Jungwiert,  
Rait Maruste,  
Mark Villiger,  
Мирјана Лазарова Трајковска,  
Zdravka Kalaydjieva, судии,  
и Claudia Westerdiek, секретар на судскиот оддел,  
Расправајќи на затворена седница на 13 октомври 2009 година,  
Ја донесе следнава пресуда, усвоена на истиот датум:  
ПОСТАПКА  
1. Предметот е поведен со жалба (бр. 17547/04) против  
Република Македонија, поднесена до Судот врз основа на  
членот 34 од Конвенцијата за заштита на човековите права и  
основни слободи (“Конвенцијата“) од страна на двајца  
македонски државјани, гꢀдин Живко Столески и гꢀѓа Цвета  
Силјаноска (“жалители“), на 27 април 2004 година.  
2. Жалителите беа застапувани од гꢀца Т. Силјаноска,  
адвокат од Кичево. Македонската Влада (“Владата“) беше  
застапувана од нејзиниот Агент, гꢀѓа Радица Лазареска Геровска.  
3. На 17 јануари 2008 година, Претседателот на петтиот  
оддел одлучи да ја достави на одговор жалбата до Владата.  
Воедно Судот одлучи за допуштеноста и основаноста на  
жалбата да одлучува истовремено (член 29 став 3).  
ФАКТИ  
4. Жалителите се родени во 1962 и 1934 година, обајцата  
живеат во Македонски Брод.  
5. На 12 март 1996 година, жалителите завеле парнична  
постапка  
против  
Министерството  
за  
финансии  
(“Министерството“), барајќи регрес за годишен одмор за 1995  
година.  
2
СТОЛЕСКИ И СИЛЈАНОСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ꢀ ПРЕСУДА  
6. На 18 април 1996 година, тогашниот Општински суд Кичево  
(“првостепениот суд“) одлучил во нивна корист, наложувајќи му  
на Министерството да им ја исплати бараната сума. Одлуката  
била донесена во отсуство на Министерството, иако тие биле  
поканети уредно. Одлуката станала правосилна на 27 мај 1996  
година.  
7. На 27 јуни 1997 година, жалителите барале извршување на  
оваа судска одлука. Нивниот предлог бил дозволен на 29  
септември 1997 година. На 5 декември 1997 година, Државниот  
правобранител поднел приговор против решението за  
извршување, тврдејќи, inter alia, дека не му била дадена  
можност да учествува во предметната постапка како законски  
застапник на Министерството. Неговиот приговор бил одбиен со  
одлуките од 11 март 1999  
и
8
март 2000 година,  
последователно. Во мај 2000 година, износот бил префрлен на  
сметките на жалителите.  
8. На 3 септември 2000 година, државниот правобранител  
барал од првостепениот суд да ја симне клаузулата на  
правосилност, докажувајќи дека одлуката од 18 април 1996  
година станала правосилна бидејќи тој, како законски застапник  
на Министерството, не бил поканет уредно да учествува во овие  
постапки.  
9. На 25 септември 2000 година, првостепениот суд го одбил  
ова барање. Државниот правобранител поднел жалел. На 12  
јуни 2001 година, Апелациониот суд Битола ја усвоил жалбата и  
го вратил предметот на ново разгледување. На 6 јули 2001  
година, првостепениот суд го прифатил барањето и ја отстранил  
клаузулата за правосилност. Странките биле упатени на жалба  
против оваа одлука. Жалителите одбиле да ја примат оваа  
одлука. Тие не поднеле жалба.  
10. На 28 ноември 2001 година, државниот правобранител ја  
обжалил првостепената судска одлука од 18 април 1996 година.  
Жалителите одбиле да примат копија од оваа жалба која била  
доставена до нив.  
11. На 15 јануари 2002 година, Апелациониот суд Битола ја  
усвоил жалбата на државниот правобранител и ја укинал  
одлуката од 18 април 1996 година.  
12. На 27 јануари 2003 година постапката била запрена. По  
жалба на жалителите, на 3 април 2003 година Апелациониот суд  
Битола ја поништил оваа одлука и го вратил предметот на  
повторно судење.  
13. На 5 септември 2003 година, првостепениот суд го одбил  
барањето на жалителите бидејќи немало таква исплата на  
СТОЛЕСКИ И СИЛЈАНОСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ꢀ ПРЕСУДА  
3
надоместоците во 1995 година и средствата за таа намена не  
биле префрлени од државниот буџет.  
14. На 19 ноември 2003 година, Апелациониот суд Битола ја  
одбил жалбата на жалителите од 15 октомври 2003 година. Оваа  
одлука била доставена до нив на 10 декември 2003 година. На 6  
февруари 2004 година, јавниот обвинител ги информирал  
жалителите дека не постоеле основи за подигнување на барање  
за заштита на законитоста пред Врховниот суд.  
15. Во засебна постапка, државата барала од жалителите да  
ги вратат исплатените средства доделени со првостепената  
одлука од 18 април 1996 година. Ова барање било усвоено со  
судски одлуки од 7 мај и 6 декември 2004 година, за двајцата  
жалители.  
ПРАВО  
I. НАВОДИ ЗА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 6 СТАВ 1 ОД  
КОНВЕНЦИЈАТА  
16. Жалителите се жалеле врз основа на членот 6 став 1 од  
Конвенцијата дека, постапките не биле во согласност со  
барањето за судење во “разумен рок“, како  
и
дека  
отстранувањето на клаузулата за правосилност го повредила  
принципот на правна сигурност и дека, судиите биле пристрасни.  
Членот 6 став 1 од Конвенцијата, во релевантниот дел гласи:  
„Во определувањето на неговите граѓански права и обврски ... секој има право  
на фер ... судење во разумен рок од страна на (а) ... суд ...„  
А. Должина на постапката  
1. Допуштеност  
16. Владата не истакна било каков приговор во врска со  
допуштеноста на жалбата.  
17. Судот забележува дека, жалбата не е очигледно  
неоснована во смисла на членот 35 став 3 од Конвенцијата. Тој  
понатаму забележува дека, жалбата не е недопуштена по било  
кои други основи. Заради тоа, мора да биде огласена за  
допуштена.  
4
СТОЛЕСКИ И СИЛЈАНОСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ꢀ ПРЕСУДА  
2. Основаност  
a. Произнесувања на страните  
18. Владата беше со став дека, постоеле сложени околности  
во конкретниот случај, вклучувајќи го отсуството на Државниот  
правобранител и проблемите со доставата на судските покани и  
одлуки до заинтересираните странки. Тие дополнително тврдеа  
дека, постапката, во поглед на Судската ratione temporis  
надлежност, траела шест години и седум месеци во две  
инстанци на надлежност и заради тоа постапките биле  
прекумерни. Немало значајни оддолговлекувања кои би им се  
препишале на домашните судови.  
19. Жалителот не достави било каков коментар.  
b. Ставот на Судот  
20. Судот утврди дека, постапките започнале на 12 март 1996  
година кога жалителите поднеле тужба пред првостепениот суд.  
Предметната постапка завршила на 27 мај 1996 година кога  
одлуката на првостепениот суд станала правосилна на 18 април  
1996 година. Сепак периодот пред 10 април 1997 година,  
датумот кога Конвенцијата стапила на сила по однос на  
Република Македонија, не потпаѓа под надлежност на Судот  
(види Личков против Република Македонија, бр. 38202/02,  
параграф 21, 28 септември 2006 година).  
21. При оценувањето на разумноста на периодот изминат по  
оваа дата, мора да се води сметка и за статусот на постапката  
до 10 април 1997 година (види Зибери против Република  
Македонија, бр. 27866/02, параграф 41, 5 јули 2007 година). Во  
врска со ова, Судот смета дека, до овој период постапката  
траела помалку од четири месеци во првостепена инстанца.  
22. Делот на извршувањето во постапката, кој претставува  
составен дел од “судењето“, започнал на 27 јуни 1997 година и  
завршил на 8 март 2000 година, кога приговорот на државното  
правобранителство бил одбиен. Подоцна, постапката не  
завршила се до 3 септември 2000 година, кога државниот  
правобранител барал, во предметната постапка, да се отстрани  
клаузулата за правосилност. Продолжената постапка во  
конкретниот предмет завршила на 10 декември 2003 година,  
кога одлуката на Апелациониот суд од 19 ноември 2003 година  
била доставена до жалителите. Периодот во предметната  
постапка кој се водел пред јавниот обвинител, не може да биде  
земен во разгледување, бидејќи жалителите не барале да го  
искориститат овој правен лек, од причини образложени во  
СТОЛЕСКИ И СИЛЈАНОСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ꢀ ПРЕСУДА  
5
случајот на Димитровска (види Димитровска против Република  
Македонија (одлука.), бр. 21466/03, 30 септември 2008 година).  
Соодветниот период траел шест години и два месеци, од кои пет  
години, десет месеци и 18 дена потпаѓа под временска  
надлежност на Судот во две судски инстанци.  
23. Судот потсетува дека, разумноста на должината на  
постапката мора да се оценува во светло на околностите на  
предметот и принципите на следните критериуми: сложеност на  
предметот, однесувањето на жалителите и домашните власти  
(види Frydlender v. France [GC], no. 30979/96, § 43, ECHR 2000ꢀ  
VII).  
24. Судот смета дека, предметот имал соодветна сложеност,  
но тоа неможе само по себе да ја оправда должината на  
постапката.  
25. Исто така утврди дека, немало оддолжувања кои би им се  
препишале на жалителите.  
26. Во поглед на однесувањето на властите, Судот смета  
дека, главниот се одразул на должината на постапката било  
постапувањето на судот согласно поднесениот приговор на  
државното правобранителство, кога му била дадена можност  
како законски застапник на Министерството, да учествува во  
предметната постапка. Ова спорно прашање било расправано  
во извршната постапка, две години и три месеци (види став 7  
погоре). На судот му биле потребни дополнителни десет месеци  
да го реши ова спорно прашање во предметната постапка. (види  
параграф 8 и 9 погоре). Видувањето на Судот е дека овој период  
е прекумерен.  
27. Соочена со ваквите факти на постапката, Судот смета  
дека целата постапка во конкретниот случај во соодветниот  
период не била завршена во разумен рок.  
28. Според тоа има повреда на членот 6 став 1.  
Б. Наводи за повреда на принципот на правна сигурност  
1. Произнесувања на странките  
29. Владата се произнесе дека, жалителите не ги  
искористиле сите ефективни домашни правни лекови. Поточно,  
тие пропуштиле да ја обжалат првостепената одлука од 6 јули  
2001 година.  
30. Жалителите не дадоа коментар за ова прашање.  
6
СТОЛЕСКИ И СИЛЈАНОСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ꢀ ПРЕСУДА  
2. Ставови на Судот  
31. Судот потсетува дека, согласно неговата востановена  
судска пракса, правилото на исцрпување на домашните правни  
лекови согласно членот 35 став 1 од Конвенцијата ги обврзува  
жалителите да ги искористат првенствено правните лекови кои  
се нормално достапни и суштински во домашниот правен систем  
и кои можат да им овозможат обесштетување за наводните  
повреди. Членот 35 став 1 исто така предвидува дека, жалбите  
кои би се доставиле до Судот е потребно да бидат првенствено  
доставени до соодветен домашен орган, барем врз основа и  
согласно со формалните барања предвидени во домашното  
право, но не треба да се земат во предвид правните лекови кои  
се несоодветни и неефективни (види, mutatis mutandis, Merger  
and Cros v. France (dec.), no. 68864/01, 11 March 2004; Aksoy v.  
Turkey, judgment of 18 December 1996, ECHR 1996ꢀVI, §§ 51ꢀ52;  
and Akdivar and Others v. Turkey, judgment of 16 September 1996,  
ECHR 1996ꢀIV, §§ 65ꢀ67).  
32. Судот забележува дека, примената на ова правило мора  
да биде разгледано во однос на контекстот на предметот.  
Според тоа, Судот прифаќа дека, членот 35 став 1 мора да се  
применува со одреден степен на флексибилност и без  
прекумерен формализам. Тој понатаму прифаќа дека, правилото  
на исцрпување не е ниту апсолутно ниту пак е во состојба да се  
применува автоматски; за целите на разгледување на околноста  
за искористување правото средство суштински е да се имаат во  
предвид околностите на секој случај посебно. Тоа значи дека,  
Судот особено мора да води сметка не само на постоењето на  
формален правен лек во правниот систем на тужената држава,  
туку исто така и за општиот контекст во кој тој делува, како и на  
личните околности(засегнатиот интерес) на жалителот. Потоа  
мора да испита дали во сите околности од предметот,  
жалителот направил се што било разумно да се очекува од него  
или неа, да ги искористи домашните правни лекови (види Akdivar  
and Others, cited above, § 69, and Aksoy, cited above, §§ 53 and  
54).  
33. Навраќајќи се на конкретниот случај, Судот утврди дека,  
првостепената судска одлука од 18 април 1996 година, станала  
правосилна на 27 мај 1996 година. Клаузулата за правосилност  
била ставена на оваа одлука со печат, заради потврда на тој  
факт. На 6 јули 2001 година, истиот суд го прифатил предлогот  
на државното правобранителство и ја отстранил клаузулата за  
извршност. Жалителите не ја обжалиле оваа одлука ниту пак  
доставија до Судот, било какво објаснување, зошто не го  
СТОЛЕСКИ И СИЛЈАНОСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ꢀ ПРЕСУДА  
7
направиле тоа. Судот оцени дека, Апелациониот суд имал  
целосна надлежност да одлучува по таква жалба. Во поддршка  
на ова е жалбата на државниот правобранител која довела до  
укинување на одлуката на првостепениот суд од 25 септември  
2000 година. Заради тоа, ставот на Судот е дека, жалителите  
морале да го искористат правото на жалба, како ефективен  
правен лек.  
34. Според овие околности, Судот е на став дека, тие  
пропуштиле да ги искористат домашните правни лекови во врска  
со нивните жалбени наводи во овој дел од нивната жалба.  
35. Следи дека, овие жалбени наводи мора да бидат одбиени  
согласно членот 35 ставовите 1 и 4 од Конвенцијата, заради  
неискористување на домашните правни лекови.  
В. Останатите наводи од жалбата  
36. Жалителите исто така се жалеа дека, судиите биле  
пристрасни, уште кога нивната тужба била поднесена против  
Министерството, како државен орган.  
37. Судот смета дека, овој жалбен навод е неоснован бидејќи  
жалителите не доставија никаков доказ дека Министерството  
како спротивна странка во постапката имало било каква улога во  
судското одлучување.  
38. Заради тоа следува дека овој дел од жалбата е очигледно  
неоснован и мора да биде одбиен согласно член 35 ставовите 3  
и 4 од Конвенцијата  
II. ПРИМЕНА НА ЧЛЕНОТ 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА  
39. Членот 41 од Конвенцијата предвидува дека:  
“Кога Судот ќе оцени дека постои повреда на Конвенцијата или на  
протоколите,  
и доколку внатрешното право на засегнатата Висока  
договорна страна овозможува само делумна репарација на штета, тогаш  
доколку е тоа неопходно, Судот ќе му додели правична отштета на  
оштетениот.”  
A. Штета  
40. Жалителите бараа 4,000 Евра на име материјална  
отштета. Овој износсоодветствуваше со барањето во  
предметната постапка. Тие исто така бараа 6,000 Евра на име  
нематеријална отштета за должината на постапката.  
8
СТОЛЕСКИ И СИЛЈАНОСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ꢀ ПРЕСУДА  
41. Владата ги оспори овие барања како неосновани,  
тврдејќи дека не постои причинско последична врска помеѓу  
наводната повреда и бараната материјална отштета.  
42. Судот не препознава било каква причинско последична  
врска помеѓу утврдената повреда и наводната материјална  
штета; заради тоа ги отфрла ваквите барања. Од друга страна,  
раководејќи се на правична основа, им додели на жалителите  
1,600 Евра за овој основ, плус било каква такса која би можела  
да биде засметана.  
Б. Трошоци и надоместоци  
43. Жалителите исто така бараа 2,000 Евра за трошоци и  
надоместоци направени пред домашните судови и 3,000 Евра за  
трошоците направени пред Судот. Нема доставено никакви  
докази во поддршка на овие барања доставени до Судот.  
44. Владата ги оспори овие барања како неосновани.  
45. Согласно судската пракса на Судот, награда може да  
биде доделена на име трошоци и надоместоци, само доколку  
тие биле фактички направени од жалителот и да биле разумни  
по обем (види Костовска против Република Македонија, бр.  
44353/02, параграф 62, 15 јуни 2006 година). Судот укажува дека  
врз основа на правилото 60 од Деловникот на Судот “жалителот  
мора да достави докази за секоја ставка од сите барања, заедно  
со соодветни документи во поддршка, недоставувајќи докази на  
овој начин Советот може да го отфрли барањето во целост или  
делумно“.  
46. Судот забележа дека, жалителите не доставиле било  
какви документи или поточно, не ги поддржале нивните барања  
со соодветни докази. Заради тоа, Судот не им доделе било  
каков износ по овој основ (види Паризов против Република  
Македонија, бр. 14258/03, параграф 72, 7 февруари 2008  
година).  
В. Затезна камата  
47. Судот смета за соодветно да се исплати затезна камата  
според најниската каматна стапка за позајмени средства на  
Европската Централна Банка, на која треба да се додадат  
3процентни поени  
СТОЛЕСКИ И СИЛЈАНОСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ꢀ ПРЕСУДА  
9
ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО  
1. Го огласува жалбениот навод за должината на постапката за  
допуштен,  
додека  
останатите  
жалбени  
наводи  
за  
недопуштени;  
2. Смета дека постои повреда на членот 6 став 1 од  
Конвенцијата;  
3. Смета дека:  
(а) тужената држава, треба да им ги исплати во рок од 3  
месеци од денот на правосилноста на пресудата согласно  
член 44 став 2 од Конвенцијата, 1,600 Евра (илјада и  
шестотини евра), зголемен за износот на било какви издатоци  
кои притоа би можеле да се наплатат, на име нематеријална  
отштета, ковертирани во домашната валута на тужената  
држава по курсна листа на денот на исплатата;  
(б) по истек на рокот од 3 месеци споменат понапред, во кој  
треба да се исплати наведената сума, ќе се засметува  
камата на споменатиот износ, по стапка еднаква на  
најниската стапка за позајмени средства на Европската  
Централна Банка, за периодот до плаќањето зголемена за 3  
процентни поени.  
4. Го отфрла остатокот од барањето за правичен надоместок  
на жалителот.  
Изготвена на англиски и објавена на 5 ноември 2009 година,  
согласно член 77 став 2 и 3 од Деловникот на Судот.  
Claudia Westerdiek  
Секретар  
Peer Lorenzen  
Претседател