CONSEIL  
DE LEUROPE  
COUNCIL  
OF EUROPE  
COUR EUROPÉENNE DES DROITS DE LHOMME  
EUROPEAN COURT OF HUMAN RIGHTS  
СОВЕТ НА ЕВРОПА  
ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА  
ПЕТТИ ОДДЕЛ  
ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВСКИ  
ПРОТИВ  
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА  
(Жалба бр. 1431/03)  
ПРЕСУДА  
СТРАЗБУР  
22 Октомври 2009  
Оваа пресуда ќе стане конечна во согласност со условите предвидени во член 44 став 2 од  
Конвенцијата. Истата може да биде предмет на редакциски измени.  
Напомена: Македонскиот превод на текстот на одлуката на Европскиот суд за  
човекови права е исклучиво информативен и од него не произлегуваат никакви права  
и/или обврски. Единствено официјалниот текст на одлуката на Европскиот суд за  
човекови права на англиски и/или француски јазик, објавена од страна на Судот е  
автентичен и се смета за оригинал. Не е дозволено објавување на овој превод на било  
каков начин без претходна дозвола од страна на Министерството за правда на  
Република Македонија, освен во случај доколку се користи за информирање.  
ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА  
Во случајот Трајче Стојановски против Република Македонија,  
Европскиот суд за човекови права (Петти оддел), заседавајќи во судски совет  
во состав:  
Peer Lorenzen, Претседател,  
Renate Jaeger,  
Karel Jungwiert,  
Rait Maruste,  
Mark Villiger,  
Isabelle Berro-Lefèvre,  
Мирјана Лазарова Трајковска, судии,  
и Claudia Westerdiek, секретар на одделот  
Расправајќи на затворена седница на 29 Септември 2009 година,  
Ја донесе следнава пресуда, усвоена на истиот датум:  
ПОСТАПКА  
1.  
Постапката е иницирана со жалба (бр. 1431/03) против Република  
Македонија поднесена до Судот согласно член 34 од Конвенцијата за  
заштита на човековите права и основни слободи („Конвенцијата„) од страна  
на македонскиот државјанин, г-дин Трајче Стојановски (жалителот), на 18  
Декември 2002 година.  
2.  
Жалителот, кому му е дадена правна помош, беше застапуван од  
страна на Н.Гаразов, адвокат од Штип. Владата на Република Македонија  
(Владата) беше застапувана од страна на нејзиниот агент г-ѓа Р. Лазареска  
Геровска.  
2
ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА  
3.  
Жалителот тврдеше особено дека, неговото континуирано држење во  
психијатриската болница, повеќе не е оправдано согласно Членот 5 став 1(е)  
од Конвенцијата.  
4.  
Со одлука од 18 септември 2008 година, Судот ја прогласи жалбата  
за допуштена.  
5.  
Жалителот и Владата, секој поединечно доставија дополнителни  
податоци.  
ФАКТИ  
Околности на случајот  
а) Осудата на жалителот и неговото сместување во душевна болница  
6.  
7.  
Жалителот е роден 1973 година и живее во Штип.  
На 10 Јули 1998 година Основниот суд во Штип (судечкиот суд)  
одредил мерка за безбедност против жалителот, кој бил глувонем, на  
неопределено време, “за задолжително психијатриско лекување и чување во  
здравствена установа од затворен тип“ заради предизвикување на “тешка  
телесна повреда“ и “загрозување со опасно орудие при тепачка или  
караница“. Судот утврдил дека на 23 Октомври 1995 настанал инцидент во  
судската зграда помеѓу г-дин И. Татко на жалителот, и г-дин Д, кои како  
странки биле повикани на расправа во судот тој ден. Жалителот се вмешал  
во караницата и го соборил на земја г-дин Д. Притоа г-дин Д. претрпел тешки  
телесни повреди и добил хематом на мозокот, заради што како последица  
починал седум дена подоцна. Жалителот исто така го удрил и судијата  
неколкупати. Исто така бил спречен во намерата да повреди и трето лице.  
Судот утврдил дека жалителот бил со “блага ментална ретардираност“  
заради што го сметал за агресивен и опасен по јавноста, особено за  
селаните од кои што честопати бил навредуван. Биле изготвени две  
медицински вештачења од страна на тројца психијатри, кои потврдиле дека  
жалителот е душевно болен и дека има потреба од медицинско лекување во  
душевна болница.  
3
ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА  
8.  
Налогот за задржување бил извршен веднаш. Жалителот бил  
сместен во Душевната болница “Негорци“(во понатамошниот текст  
„болницата“)  
б)Претходно преиспитување на задржувањето на жалителот во  
болницата  
9.  
На 28 октомври 1999 година болницата барала од првостепениот суд  
да ја измени мерката за безбедност и да го ослободи жалителот под услов да  
продолжи со задолжително лекување на слобода. Болницата го засновала  
своето барање на доброто однесување на жалителот изминатиот период,  
добрите односи кои тој ги воспоставил со персоналот и другите пациенти и  
одсуството на псхички и невротички нарушувања откако тој е задржан во  
болницата. Болницата забележала дека станува збор за душевна  
заостанатост, што е трајна сосојба и не може да се третира како болест.  
Јавниот обвинител го подржал барањето на болницата.  
10.  
Во поднесок од 16 Јуни 2000 година, сестрата на жалителот барала  
судот да одлучи по барањето на болницата. Петиција, потпишана од над 70  
селани, во која укажувале дека жалителот никогаш не бил опасен, и дека тој  
бил прифатен во селото, била приложена кон нејзиното барање.  
11.  
Судечкиот суд, во својата одлука потврдена по жалба, го одбил  
барањето на болницата, врз основа на известување од полицијата, според  
кое жалителот неколку пати своеволно ја напуштал болницата и го посетувал  
селото, што од страна на селаните било сметано за закана и опасност.  
Полицијата исто така се осврнала на инцидентот од 1 јануари 2001 година во  
кој бил вмешан жалителот и синот на г-дин Д. Со судска одлука од 11  
Февруари 2002 година, потврдена и по жалба, синот на г-дин Д. бил  
ослободен од обвинението за предизвикување на тешки телесни повреди врз  
жалителот, бидејќи постапувал во самоодбрана. Судот исто така се осврнал  
на друга петиција попишана од мноштво соселани, која наводно била  
приклучена кон известувањето.  
2. Предметните постапки (преиспитувањето од 2003)  
4
ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА  
12.  
На 3 април болницата доставила до судечкиот суд нов предлог за  
измена на условеното ослободување на жалителот, кое било засновано на  
основи слични со оние од претходниот предлог: добри односи со персоналот  
и другите пациенти, ненарушување на редот, блага терапија со лекарства.  
Предлогот бил даден со утврдена цел, за побрзо и поефикасно  
ресоцијализирање и реинтегрирање на жалителот. Жалителот бил префрлен  
во отворено одделение на болницата. Јавниот обвинител го подржал  
предлогот на болницата.  
13.  
Во поднесок од 25 Април 2003 година, жалителот, застапуван од г-  
дин Гаразов, го известил судот дека неговиот татко има намера да го  
промени живеалиштето и дека заради тоа некаде купил и стан.  
14.  
На 24 септември 2003 година судечкиот суд побарал полицијата да  
изврши испитување на околноста дали жалителот предизвикал проблеми за  
време на неговиот престој во селото, и дали претставувал закана за другите  
жители.  
15.  
На 20 ноември 2003 судечкиот суд го одбил предлогот на болницата,  
темелејќи се на полицискиот извештај од 13 октомври 2003 година, каде било  
утврдено inter alia, дека :  
„жалителот во повеќе наврати ја има напуштено болницата и се вратил  
кај неговиот татко....последен пат во Август 2003 година...по неговото  
пристигнување во селото, тој започнал да извикува  
некои нејасни  
зборови.....иако тој бил забележан од селаните, немало напади или испади  
над други лица....за времетраењето на неговиот четиридневен престој во  
селото, тој сегогаш бил со таткаси. Неговото присаство во селото ги  
заплашило, особено неговите непосредни соседи, кои преземале мерки за  
самозаштита, заклучувајќи ги своите домови и ставајќи пречки однатре.  
Многу жители рекле дека жалителот е под силно психолошко влијание на  
неговиот татко, кој кога е пијан, често го провоцира Трајче кажувајќи му  
лаги за смрта на неговата мајка, поради што Трајче станува агресивен кон  
насочените лица. Кај месното население постои сеуште страв од  
агресивност на Трајче.......“  
16.  
На 6 Јануари 2004 година жалителот ја напуштил болницата без  
надзор и останал надвор доста време се до 8 Јуни 2004 година, кога  
полицијата го вратила  
5
ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА  
17.  
На 9 Февруари 2004 година, жалителот ја обжалил судската одлука  
бидејќи тој не ја засновал својата одлука на релевантните факти, тврдејќи  
дека вештиот наод на болницата и одговорните медицински лица кои се  
грижеле за него, се единствениот реленантен доказ за судот. Тој тврдел дека  
во случај на сомневање во валидноста на болничкото мислење, судот требал  
да набави дополнително медицински мислење. Во поднесокот од 31 Март  
2004 ЈО ја подржало жалбата на жалителоти неговото барање предметот да  
биде вратен на повторно раззгледување  
18.  
На 13 Април 2004 година Апелациониот суд Штип ја одбил жалбата и  
ја утврдил дека е ирелевантен предлогот на болницата, бидејќи тој не го  
обврзува судот. Тој одлучил дека врз основа на резултатите од медицинскиот  
третман, бил слободен да одлучи дали жалителот бил во состојба да биде  
ослободен од болницата и да биде лекуван на слобода. На крајот, судот  
заклучил дека жалителот самоволно ја напуштал болницата неклкупати и  
дека претставува опсаност за околината. Заради тоа прерарно тој да се  
смета дека е во состојба да биде ослободен.  
19.  
Нема понатамошни годишни барања за преоценка на мерката се до  
најновиот предлог на болницата од 7 Ноември 2008 (види точка 21 подолу)  
3. Тековна состојба на жалителот  
20.  
Од 14 Февруари 2007 година жалителот е сместен во полуотворено  
оделение на болницата, каде е одговорен за одржување и за хигиената на  
двориштето. Тој не може да ја напушти болницата своеволно, освен ако нема  
одобрение од доктор. Неговото последно неовластено заминување од  
болницата датира од 11 септември 2007 година. Полицијата го вратила за 13  
дена. По тој инцидент, била донесена одлука да му се дозволи да ја напушта  
болницата. Помеѓу Октомври 2007 и Септември 2008 година, жалителот бил  
надвор во четири наврати, секој пат не повеќе од еден месец. Во текот на тоа  
таканаречено „тераписко пробно отсуство“ жалителот ја примал пропишаната  
терапија и неговиот татко се грижел за него. Неговата здравствена состојба  
била стабилна и не барала посебен надзор.  
21.  
На 7 Ноември 2008 година болницата неуспешно побарала измена  
на мерката за задолжително психјатриско лекување со условно пуштање на  
жалителот, кое што сега било проследено и со одземање на деловната  
6
ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА  
способност и назначување на старател. Ова второво било засновано на  
ставот на болницата дека неговиот татко не бил во состојба соодветно да се  
грижи за него. На јавниот претрес одржан на 27 Ноември 2008, откако биле  
консултирани двајцата доктори од болницата и претставникот на Центарот за  
социјални грижи, судечкиот суд не нашол лице соодветно за да биде  
поставено за старател на жалителот, доколку тој би бил ослободен. Нема  
информации за тоа дали жалителот поднел жалба против ваквата одлука.  
II РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО ЗАКОНОДАВСТВО  
22.  
Релевантните одредби на Законот за Кривична постапка гласат:  
Член 483  
По службена должност или на предлог од здравствената установа или од  
органот за старателство, а по сослушување на јавниот обвинител, судот што  
во прв степен изрекол мерка на безбедност задолжително психијатриско  
лекување и чување во здравствена установа ќе ја запре оваа мерка и ќе определи  
отпуштање на сторителот од здравствената установа, ако врз основа на  
мислењето на лекарот утврди дека престанала потребата од лекување и  
чување на сторителот во таа установа, а може да определи негово  
задолжително психијатриско лекување на слобода.  
23. Релевантните одредби на Кривичниот закон гласат:  
Задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа  
Член 63  
(1) На сторител кој сторил кривично дело во состојба на непресметливост  
или битно намалена пресметливост, судот ќе му изрече задолжително  
психијатриско лекување и чување во здравствена установа, ако утврди дека  
поради таа состојба повторно може да стори кривично дело и дека за  
отстранување на оваа опасност е потребно негово лекување и чување во  
таква установа.  
(2) Мерката од став 1 судот ќе ја запре кога ќе утврди дека престанала  
потребата од лекување и чување на сторителот во здравствена установа.  
........  
(4) Судот ја преиспитува потребата од лекување и чување на сторителот во  
здравствена установа секоја година.  
Задолжително психијатриско лекување на слобода  
Член 64  
(1) На сторител кој сторил кривично дело во состојба на непресметливост  
или битно намалена пресметливост, судот ќе му изрече задолжително  
психијатриско лекување на слобода, ако утврди дека поради таквата состојба  
7
ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА  
повторно може да стори кривично дело, а за отстранување на оваа опасност  
е доволно негово лекување на слобода.  
(2) Мерката од став 1 може да му се изрече на непресметлив сторител или  
сторител чија пресметливост е битно намалена спрема кој е определено  
задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа,  
кога судот врз основа на резултатите од лекувањето ќе утврди дека веќе не  
е потребно негово чување и лекување во здравствена установа, туку само на  
слобода.  
ПРАВО  
I НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 5 став 1 ОД КОНВЕНЦИЈАТА  
23.  
Жалителот се жалеше во согласност со членот 5 од Конвенцијата  
дека неговото континуирано држење во болницата, кое што е потврдено и со  
решението од 2003 година, е незаконско бидејќи судовите погрешно ги  
темелеле своите одлуки на полициските извештаи наместо на ставовите на  
болницата, како единствен релевантен доказ по однос на неговата ментална  
состојба. Членот 5 став 1 од Конвенцијата, по однос на релевантните факти  
гласи:  
“ 1. Секој има право на слобода и сигурност. Никој не смее да биде лишен  
од слобода, освен во законска постапка, во долунаведените случаи:  
.............  
(д) притвор со цел да се спречи ширењето на некоја заразна болест, на  
ментално оболени лица, алкохоличари, токсикомани или скитници“  
1. Произнесувања на странките  
24.  
Жалителот спореше дека судовите не требале да ги игнорираат  
предлозите на болницата, бидејќи нивните одлуки биле засновани на  
резултатите од медицинскиот третман. Тој упати на едногласното мислење  
на докторите според кое неговиот ментален хендикеп не е резултат на  
болест или психоза, туку дека неговите недостатоци се трајни и неможе ниту  
да се подобрат ниту излекуваат. Заради тоа неговиот понатамошен престој  
во болницата бил бесмислен.  
25.  
Владата се произнесе дека решението за негово задржување во  
болницата било донесено врз основа на двата лекарски извештаи кои ги  
потврдуваат неговите ментални проблеми. Тие спореа дека болницата не  
утврдила дека жалителот целосно се опоравил од неговата душевна болест,  
8
ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА  
туку дека неговата здравствена состојба е подобрена. Понатаму, дека  
можниот ризик за повторно сторување на делото не можел да се утврди само  
врз основа на психијатриски набљудувања, туку дека исто така требале да се  
имаат предвид и објективните манифестирања на односната личност. Во  
врска со тоа барањето од судечкиот суд за полициски извештаи во врска со  
однесувањето на жалителот било сосем оправдано. Тие тврдеа дека  
домашните судови внимателно ги разгледувале извештаите на болницата, со  
цел да го заштитат јавниот интерес, како и тие на жалителот. Во врска со тоа,  
тие се потпреле на причините од осудата на жалителот, инцидентот од 1  
јануари 2001 и пропустот на болницата да го извести судот за неговото  
заминување од болницата.  
2. Оценка на Судот  
26.  
27. Судот забележува дека законитоста на задржувањето  
препоставува најнапред усогласенот пред се со домашното право, а исто  
така, како што е утврдено со членот 18, и усогласеност со целите на  
ограничувањата дозволени со членот 5 од Конвенцијата (види Winterwerp v.  
the Netherlands, 24 October 1979, § 39, Series A no. 33 and H.L. v. the United  
Kingdom, no. 45508/99, §§ 114 and 115, ECHR 2004-IX). Задржувањето на  
поединец е толку сериозна работа, што тоа е оправдано само ако, другите  
помалку тешки мерки биле земени в предвид и притоа било оценето дека тие  
се недоволни за заштита на поединечниот или јавниот интерес, што може да  
наложува односната личност да биде задржана (види Witold Litwa v. Poland,  
no. 26629/95, § 78, ECHR 2000-III).  
27.  
28. Во конкретниот предмет, Судот забележува дека решението за  
задржување било донесено 10 Јули 1998 година, во светло на оценката на  
судечкиот суд дека жалителот бил непресметлива личност во времето кога го  
сторил делото за кое бил осуден. Дека психичката состојба на жалителот  
наложувала решение за негово задолжително задржување во болница, било  
утврдено од страна на две медицински мислења. Мерката била извршена на  
истиот ден, и жалителот е сместен во болницата оттогаш.  
28.  
Жалителот бил сместен на различни одделенија и бил третираан со  
различни терапии во склад со различното време. Но тоа не се одразило на  
9
ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА  
неговата способност да ја напушти болницата по негова сопствена воља  
(види, mutatis mutandis, Bollan v. the United Kingdom (dec.), no. 42117/98, 4  
May 2000, во која што Судот нашол дека воспоставување на порестриктивни  
мерки на задржување по однос на задржано лица е сметано само како  
модификација на условите за задржувањето). Дури и кога тој бегал, како што  
тоа го чинел многу пати, бил враќан назад од полицијата. Жалителот е  
сеуште задржан во полуотвореното одделение на болницата, кое може да го  
напушти само со претходно одобрување на надлежното медицинско лице. Во  
овие околности, Судот е уверен во тоа дека задржувањето на жалителот ги  
исполнува критериумите за „лишување на слободата“ во смисла на членот 5  
став 1(а) од Конвенцијата.  
29.  
Судот понатаму забележува дека решението за задржување  
следувало и зависело од осудата на жалителот од страна на надлежниот  
суд. Заради тоа нема никаков сомнеж дека лишувањето од слобода,  
иницијално, треба да се третира како “законско задржување“ во смисла на  
членот 5 став 1(а) од Конвенцијата. Сепак фактите на предметот, а особено  
причините кои ги фаворизирале домашните судови во правец на  
континуираното држење на жалителот, ја доведува во прашање  
континуираната примена на подточката (а). Во врска со ова Судот смета  
дека, спротивно на Владините аргументи, решението за преоценка на  
мерката од 2003 година, воопшто не се осврнала на осудата на жалителот од  
1998, туку била насочена само кон неговата душевна состојба по однос на  
јавниот интерес, доколку тој би бил ослободен. Судот смета дека од  
времето на преоценка на мерката во 2003 , нема никаква причинска врска  
помеѓу осудата на жалителот и неговата осуда. Навистина, помеѓу страните  
не беше спорно дека законитоста на здржувањето на жалителот, потпаѓа под  
утврдувањето на основите од член 5 став 1 (д) од Конвенцијата (see, mutatis  
mutandis, Johnson v. the United Kingdom, 24 October 1997, § 58, Reports of  
Judgments and Decisions 1997-VII) Заради тоа Судот мора да утврди дали  
биле исполнети барањата од член 5 став 1 (д)  
30.  
Судот потцрта минимум од три услови за законското задржување на  
поединецот врз основа на ментална болест од член 5 став 1 (д) од  
Конвенцијата, притоа: мора да биде постојат релевантни докази дека постои  
ментална болест, која, вистинска ментална болест мора да биде утврдена од  
10  
ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА  
страна на надлежните власти врз основа на објективни медицински наоди;  
менталната болест мора да биде од вид или степен што ќе наложува  
задолжително задржување; и валидноста на континуираното задржување  
мора да зависи од постоењето на таквото нарушување(болест) (види  
Winterwerp, cited above, § 39; Johnson, cited above, § § 60 and Shtukaturov v.  
Russia, no. 44009/05, § 114, 27 March 2008  
31.  
Судот забележува дека преоценката од 2003 година било иницирано  
врз основа на Член 483 од Законот за Кривичната постапка од страна на  
болницата која барала негово отпуштање, под услов да продолжи со  
задолжителен психијатриски надзор (види, спротивно на Puttrus v. Germany  
(dec.), no. 1241/06, 24 March 2009, каде жалбата за ослободување била  
поднесена од жалителот но оспорена од болницата која што го третирала).  
Барањето било засновано на доброто однесување на жалителот и неговите  
добри односи со персоналот и другите пациенти во болницата. Мислење на  
болницата било дека менталниот недостаток на жалителот е од трајна  
природа, дека немало нарушувања на редот и дека тој е третиран со блага  
медицинска терапија, и дека ако е под континуиран психијатриски надзор, тој  
би можел да биде ослободен.  
32.  
Заради тоа се чини дека барањето на болницата било направено со  
цел да се обезбеди условно отпуштање на жалителот, бидејќи неговата  
ментална болест повеќе не ги исполнувала вториот и третиот услов  
нагласени понапред(види став 31 понапред) Домашните судови го одбиле  
нивното барање врз основа на полициските извештаи и перцепцијата за  
жалителот од страна на локалните жители. Тие го отфрлиле мислењето на  
болницата како необврзувачко за нив.  
33.  
Во врска со ова Судот потсетува дека во одлучувањето за тоа дали  
поединец би требал да биде задржуван како лице со “ментална болест“,  
националните власти мора да определат определени маргини за проценка,  
бидејќи пред се обврска на националните власти е да ги проценуваат  
доказите кои се пред нив за конкретен случај; задача на Судот е да врши  
надзор над одлуките на тие власти согласно со Конвенцијата (види Luberti v.  
Italy, 23 February 1984, § 27, Series A no. 75). Дали има или нема враќање од  
епизодата на менталната болест, која што претставувала законска можност  
за задржување на пациентот, е целосно и дефинитивно, или пак само  
11  
ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА  
моментално, не може во сите случаи да се мери со апсолутна сигурност.  
Однесувањето на пациентот во периодот кога тој бил надвор од  
психијатриската установа, би била клучна за тоа (види Johnson, цитиран  
понапред § 61). Барањето за континуиран психијатриски надзор самиот по  
себе не е оправдување за континуирано задржување (види Johnson,  
цитиран понапред § 61).  
34.  
Судот забележува дека преоценката на мерката од 2003 година била  
спроведена согласно член 63 од Кривичниот законик, со цел да се процени  
дали жалителот сеуште има потреба од лекување и задржување. Истрагата  
која ја спровел судот имала за цел да обезбеди информации од полицијата  
за однесувањето на жалителот надвор од болницата. Сепак, Судот  
забележува дека оваа преоценка не открила никакви објективни знаци дека  
жалителот претставувал закана или опасност за општеството (наспроти  
претходната преоценка во која што судот се осврнал на инцидентот од 2001  
година, види став 11 понапред). Домашните судови се потпреле само на  
претпоставениот став на селаните. Немало докази пред судот за тоа дека  
жалителот би го повторил делото доколку би бил пуштен (види, a contrario, X  
v. the United Kingdom, 5 November 1981, § 23, Series A no. 46, каде жалителот  
бил повикан во медицинска установа, откако имало пријава од неговата  
сопруга дека тој и се заканувал) Само стравот на селаните бил против, и  
преовладал над сите други услови за условено отпуштање на жалителот од  
болницата. Домашните судови забележале дека жалителот го посетил  
своето село во август 2003 , но не нашле дека тој демонстрирал било какво  
непријателство или пак агресивност (вид, спротивно, Van Droogenbroeck  
v. Belgium, 24 June 1982, § 14, Series A no. 50, каде секојпат кога жалителот  
бил отпуштан, тој неконролирано извикувал и правел дополнителни  
престапи). Во дополнение, немало никакви индикации во болничките  
извештаи дека жалителот е сеуште агресивен или дека би претставувал, ако  
биде ослободен, ризик за јавноста(види, a contrario, Hutchison Reid v. the  
United Kingdom, no. 50272/99, § 19, ECHR 2003-IV). Напротив, болницата него  
го опишала како кооперативен, кој редовно ја прима својата блага терапија  
(види, a contrario, Puttrus, cited above). Гласното зборување на жалителот  
(види став 15 понапред) иако тој е глув и нем, не може да се смета за  
12  
ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА  
одлучувачко за ограничувањето на неговата слобода. Настаните по  
преоценката на мерката од 2003 година, не дополниле ништо во тој поглед.  
35.  
Во тие околности Судот не е убеден дека домашните судови  
утврдиле дека менталната болест на жалителот била од тој вид или степен  
што претпоставува задолжително задржување, или дека валидноста на  
решението за задржување произлегла од постоењето на таквата болест.  
Континуираното држење на жалителот во болницата заради тоа е очигледно  
диспропорцинално со неговата душевна состојба во тоа време.  
36.  
Судот заради тоа смета дека континуираното држење на жалителот  
во болницата по преоценката на мерката од 2003 година, не се покажало  
дека е неопходно со оглед на фактите, и дека заради тоа е неоправдано во  
смисла на членот 5 став 1 (д) од Конвенцијата. Според тоа, има повреди на  
оваа одредба.  
III. ПРИМЕНА НА ЧЛЕН 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА  
37.  
Членот 41 од Конвенцијата предвидува:  
“ Кога Судот ќе оцени дека постои повреда на Конвенцијата или на  
протоколите, и доколку внатрешното право на засегнатата Висока  
договорна страна овозможува само делумна репарација на штета, тогаш  
доколку е тоа неопходно, Судот ќе му додели правична отштета на  
оштетениот.”  
А. Штета  
38.  
Жалителот бараше 115.819 евра (ЕУР) за материјална штета, за  
изгубен приход во текот на 6 годишното неоправдано држење во болницата.  
Тој спорел дека, со оглед на возраста и лошата здравствена на неговиот  
татко, тој би се бавел со земјоделство и краварство во текот на релевантниот  
период. По однос на ова, тој достави уверение дека вкупно остварениот  
приход од вршење на земјоделска дејност во 2007 година изнесувал 1.621  
13  
ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА  
денари (приближно 25 Евра). Тој понатаму бараше и 90.000 Евра за  
нематеријална штета.  
39.  
Владата ги оспори овие барања како неосновани и прекумерни. Тие  
понатаму спореа дека не постои причинско последична врска помеѓу  
наводните повреди и бараната материјална штета.  
40.  
Судот, како и Владата смета дека барањето на жалителот за  
материјална штета е неосновано бидејќи тој не достави никакви докази дека  
земјоделската дејност или краварството, биле негов редовен приход пред тој  
да биде задржан во болницата. Во дополнение, бараниот износ не бил  
поткрепен со никакви мислеа на вешти лица или пак компаративни проценки,  
двете за условите во релевантниот период и место. Доставеното уверение  
нема ниту опис на професијата на жалителот. Поради тоа, Судот го отфрла  
тоа барање.  
41.  
Од друга страна Судот смета дека жалителот неспорно претрпел  
чувство на фрустрација и анксиозност, што не може да се надомести  
исклучиво со констатирање на повредата. Имајќи ги предвид фактите на  
предметот и постапувајќи на принципите на правичност, утврдени во членот  
41, му доделува износ од 1.500,- Евра на име нематеријална штета  
претрпена во врска со преоценка на мерката од 2003 година, зголемена за  
давачките кои би биле пресметани на тој износ.  
Б. Трошоци и расходи  
42.  
Жалителот бараше 46.800 МКД (приближно 760 Евра) за трошоци и  
расходи што ги имал пред домашните судови. Ова ги вклучува судските такси  
за преоценка на мерката во 2001 и 2003 година. Тој понатаму побара  
110.100, - МКД (приближно 1.890 Евра) за трошоци и расходи направени во  
постапката пред овој Суд. Овој износ се однесува на адвокатската тарифа за  
подготовка на жалбата и другите поднесоци до Судот, како и поштенските  
трошоци и трошоците за превод.  
43.  
44.  
Владата ги оспори овие барања како неосновани и прекумерни.  
Согласно судската пракса на Судот, жалителот има право на  
надомест на трошоците и расходите, само ако се покаже дека истите се  
14  
ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА  
навистина и неопходно направени, а биле разумни во однос на износот (види  
Editions Plon v. France, no. 58148/00, § 64, ECHR 2004-IV).  
45.  
Имајќи ја предвид тарифата доставена од жалителот, Судот најде  
дека само 190 Евра се однесуваат на адвокатската тарифа, во врска со  
преоценката од 2003 година, и кои биле направени во правец на превенција  
на повредата констатирана од Судот, пред националните судови (види  
Стојменов против Република Македонија, бр.17995/02, став 56, 5 Април 2007  
година). Судот смета дека жалителот има право на надомест од 190 Евра по  
тој основ, зголемен за давачките кои би биле пресметани на тој износ.  
46.  
На крајот, по однос на информациите со кои располага Судот и  
напред наведените критериуми, Судот оцени дека износот баран од  
жалителот по однос на трошоците и надоместоците направени во постапката  
пред него се прекумарни и делумно неосновани, заради што износот од 1.350  
Евра зголемен за евентуалните давачки , го смалува за 850 Евра исплатени  
од Советот на Европа за правната помош.  
В. Затезна камата  
47.  
Судот смета за соодветно дека затезната камата треба да се исплати  
според најниската каматна стапка за позајмени средства на Европската  
Централна Банка, на која треба да се додадат 3 процентни поени.  
ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО  
1.  
2.  
Утврди дека имало повреда на членот 5 став 1 (д) од  
Конвенцијата;  
Смета дека:  
а) Тужената држава треба да му исплати на жалителот во рок од 3  
месеци од конечноста на пресудата согласно член 44 став 2 од  
Конвенцијата,  
(i) 1.500,- Евра зголемен за евентуалните давачки по однос на  
нематеријална штета ; и  
15  
ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА  
(ii) 1.540,- Евра намалени за износот од 850 Евра исплатени од  
Советот на Европа на име правна помош, зголемен за евентуалните  
давачки, конвертирани во национална валута, по стапка на денот на  
исплатата  
б) По протекот на горе наведените три месеци сẻ до исплатата, ќе  
се засметува камата на горенаведените износи, по стапка еднаква на  
најниската стапка за позајмени средства на Европската централна банка,  
за периодот до исплатата зголемена за 3 процентни поени.  
3.  
Го отфрли остатокот од барањето на жалителот за правична  
оштета.  
Изготвено на англиски и доставено на писмено на 22 Октомври 2009  
година, согласно членот 77 ставови 2 и 3 од Деловникот на Судот.  
48.  
Claudia Westerdiek  
Peer  
Lorenzen  
Секретар  
Претседател  
.
16