СПАСОВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
7
причини да отстапи од овој свој став во конкретниот предмет.
Следствено, тврдењата на Владата дека жалителот пропуштил
да го искористи овој правен лек навремено, се неосновани.
25. Имајќи ги во предвид околностите на овој предмет, Судот
утврди дека, мора да се смета дека жалителот ги искористил
домашните правни лекови. Според тоа, приговорите на Владата
мора да бидат отфрлени.
26. Судот забележува дека, овој жалбен навод не е очигледно
неоснован во смисла на членот 35 став 3 од Конвенцијата.
Дополнително забележува дека, не е недопуштен по било кој
други основи. Заради тоа мора да биде огласен за допуштен.
2. Основаност
27. Жалителот ги повторил своите жалбени наводи по овој
основ
28. Владата ги оспори истите.
29. Судот потсетува дека, членот 6 од Конвенцијата го
обезбедува секому правото, секое барање кое се однесува на
неговите граѓански права и обврски, да биде изнесено пред суд
или трибунал; во овој правец, тоа претставува “право на суд“, од
кое што правото на пристап е еден од конститутивните аспекти
(види Golder против Велика Британија, пресуда од 21
февруари 1975 година, Серија A бр. 18, пара. 13-18, пара. 28-36,
и Osman против Велика Британија, пресуда од 28 октомври
1998 година, Извештај за пресуди и одлуки од 1998-VIII, пара.
3166, пара. 136, и пара. 3169, пара. 147).
30. Во конкретниот предмет, бидејќи е јасно дека жалителот
не бил спречен да ја поднесе неговата тужба, меѓутоа дотолку
повеќе, правото на пристап до суд не вклучува само право на
поведување на постапка, туку исто така и право на одлучување
во спорот од страна на судот (види Петкоски и други против
Република Македонија, бр. 27736/03, пара. 40, од 8 јануари 2009
година).
31. Судот забележува дека, единствената причина на која се
потпреле домашните судови одбивајќи ја тужбата на жалителот
била дека, тој не го упатил неговото тужбено барање против
соодветниот тужен во постапката. Додека првостепениот суд
сметал дека тужен во постапката била државата, Апелациониот
суд пак сметал дека тоа е општината. Заради тоа, судовите во
два наврати расправале по предметот за потполно исти
процесни основи, без притоа да расправаат за суштината на
спорот (види, a contrario, Z and Others против Велика
Британија[GC], бр. 29392/95, пара. 94-101, ECHR 2001-V).