SCHOPFER против ШВАЈЦАРИЈА - ПРЕСУДА
.
32. Оваа констатација е засилена со неговата сериозност и севкупноста на
обвинувањата од страна на засегнатото лице и од тонот избран за таа цел. Така,
за време на неговата прес-конференција, тој рече дека се обратил до новинарите,
бидејќи тие биле негова последна шанса и дека во префектурата на Hochdorf ,
кантоналните закони и човековите права беа со години прекршувани на највисоко
ниво (став 8 погоре). На 13 ноември 1992 година, дневниот весник објави резиме
на соопштението за печатот, во кое г-дин Schöpfer изјавил дека со апсењето на
неговиот клиент била прекршена Конвенцијата и
- "на апсолутно груб и
неприфатлив начин" – Кантоналниот законик за кривичната постапка (став 12
погоре).
33. Точно е дека, покрај суштината на изразените идеи и информации, членот 10,
исто така, го заштитува и нивниот начин на изразување (Пресуди Де Haes и Gijsels
претходноспоменати, стр. 236, § 48). Тоа подразбира дека слободата на
изразување, исто така, се однесува и на адвокатите, кои имаат право јавно да се
произнесат во врска со функционирањето на правдата, но нивните критики не
смеат да пречекорат одредени граници. Во овој поглед, треба да се води сметка
за равнотежата која треба да биде постигната меѓу различните интереси, како што
се правото на јавноста да биде информирана за прашања кои влијаат на
функционирањето на судството, барањата за правилно спроведување на
правдата и достоинството на адвокатската професија ( Пресуди Casado Coca
претходноспоменати, стр. 21, § 55, и De Haes и Gijsels , стр. 233-234, § 37).
Благодарејки на нивните непосредни и постојани контакти со нивните членови,
властите или судовите на земјата, се во подобра позиција од меѓународните
судии, за да се прецизира каде се наоѓа, во било кое време, фер рамнотежата за
дејствување. Тоа е причината зошто тие уживаат право да ја проценат потребата
за мешање во одредена област, но тоа оди рака под рака со европските надзор на
со соодветните норми и на донесените одлуки (Пресуда Casado Coca
претходноспомената, стр. 20-21, § § 50 и 55).