Scherer против Швајцарија - ПРЕСУДА
барањата на Конвенцијата, пресудата од Судот би разјаснила бројни тешки
прашања. Тоа би било од помош за тужената држава а исто така и за другите
Држави договорнички и Комисијата.
30.
Делегатот на Комисијата исто така препорача дека, водејќи сметка за
прецедентното право на Судот, случајот треба да се остави на списокот.
Најважен обѕир беше кон тоа што го сакаа наследниците - еден јасен,
недвосмислен критериум. Тоа беше релевантно во овој случај, иако
единствените интереси што се пледираа по природа беа финансиски.
31.
Адвокатот на г. Scherer го информираше матичарот на 3-ти мај 1993
година, дека неговиот клиент починал на 13-ти март 1992 година, потоа тој на
24-ти мај 1993 година назначи дека извршителот на Жалителот сакал
постапката да продолжи (види став 2 погоре). Тој во ниеден момент не даде
информација во врска со наследниците или нивната поврзаност со Mолителот.
Во бројни прилики Судот прифатил дека родителите сопругата или децата
на починат жалител имаат право да го заземат неговото место во постапката
(види ги особено пресудите Vocaturo v. Italy од 24 мај 1991 година, серија А бр.
206-Ц, стр.19, т. 2; G. v. Italy од 27-ми февруари 1992 година, Серија А бр. 228-
Ф, стр.65, т. 2; Pandolfelli and Palumbo v. Italy на 27-ми февруари 1992 година,
серија А бр. 231-Б, стр.16, т. 2 ; X v. France на 31-ви март 1992 година, серија А
бр. 234-Ц, стр.89, т. 26; и Raimondo v. Italy од 22-ри февруари 1994 година,
серија А бр. 281-А, стр.8, т. 2). Тие случаи секогаш вклучувале блиски роднини.
Нема ништо што би покажало дека тука има таква положба.
Понатаму, извршителот на Жалителот не изразил никаква намера да бара
во име на г. Scherer, повторно да се отворат кривичните постапки во
Швајцарија или да побара надомест за непаричната штета во Стразбур.
32.
Согласно овие околности, смртта на г. Scherer може да се смета дека
претставува „факт од таков вид што предвидува решение за случајот“ (правило
49 став 2 од првилата на Судот што биле во сила кога случајот е покренат
пред Судот). Исто така нема причина од јавниот поредок (јавна политика)
зошто случајот не треба да биде исфрлен од списокот (правило 49 став 4),
особено бидејќи настаните што довеле до овој случај прецедентното право на