САВОВИ И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА- ПРЕСУДА
Извештаи за пресуди и одлуки 1996-IV, стр. 1383-1384, став 20-24 и
стр. 1410-1411, став 16-20, соодветно).
46.Што се однесува на конкретниот случај, Судот забележува дека
постапката започнала на 6 февруари 1996, кога жалителите го
поднеле своето барање пред Основниот суд Штип. Сепак, периодот
кој потпаѓа под надлежноста на судот не започнува на тој датум, туку
на 10 април 1997, по стапувањето во сила на Конвенцијата во однос
на Република Македонија (види Lickov v. Republic of Macedonia, no.
38202/02, став 21, 28 септември 2006).
47.Во оценката на разумноста на периодот изминат по тој датум, мора
да се води сметка за стадиумот на постапката на 10 април 1997 (види
Ziberi v. Republic of Macedonia, no. 27866/02, став 41, 5 јули 2007). Во
врска со ова, Судот забележува дека во тој момент постапката траела
преку една година и два месеца за еден степен на надлежност.
Релевантниот период сеуште не е завршен, со оглед на тоа што
извршната постапка е сеуште во тек.
48.Судот потсетува дека разумноста на должината на постапката мора
да се цени во светло на околностите на случајот и со оцена на
следниве критериуми: сложеност на случајот, однесувањето на
жалителите и релевантните власти, како и влогот на жалителот во
спорот (види Markoski v. Republic of Macedonia, no. 22928/03, став 32,
2 ноември 2006).
49.Судот смета дека постапката не била од особено сложена природа.
Одредена сложеност се појавила со потребата да се изврши
вештачење. Сепак, основната одговорност за одложувањето
предизвикано од вештачењата лежи во државата (види Stojanov v.
Republic of Macedonia, no. 34215/02, став 60, 31 мај 2007).
50.Судот не може да забележи одложувања кои можат да се припишат
на жалителите , настрана од нивниот пропуст да ги платат судските
такси навремено (види точки 11, 40 и 43 погоре) и да предложат
алтернативни мерки за извршување како што било побарано од
извршниот суд (види точки 26 и 27 погоре).