ПЕТТИ ОДДЕЛ  
САНДЕЛ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА  
(Жалба бр. 21790/03)  
ПРЕСУДА  
СТРАЗБУР  
27 мај 2010  
Оваа пресуда ќе стане конечна во согласност со условите предвидени во  
член 44 став 2 од Конвенцијата. Истата може да биде предмет на  
редакциски измени.  
Напомена: Македонскиот превод на текстот на одлуката на Европскиот суд за  
човекови права е исклучиво информативен и од него не произлегуваат никакви  
права и/или обврски. Единствено официјалниот текст на одлуката на Европскиот  
суд за човекови права на англиски и/или француски јазик, објавена од страна на  
Судот е автентичен и се смета за оригинал.Не е дозволено објавување на овој  
превод на било каков начин без претходна дозвола од страна на Министерството  
за правда на Република Македонија, освен во случај доколку се користи за  
информирање.  
САНДЕЛ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА  
1
Во случајот на Сандел против Република Македонија,  
Европскиот суд за човекови права (Петти оддел) , заседавајќи  
во совет составен од:  
Peer Lorenzen, претседател,  
Renate Jaeger,  
Karel Jungwiert,  
Rait Maruste,  
Isabelle Berro-Lefèvre,  
Zdravka Kalaydjieva,  
Мирјана Лазарова Трајковска, судии,  
и Claudia Westerdiek, секретар на судот,  
Одлучувајќи на нејавна седница на 4 мај 2010 година,  
Ја донесе следната пресуда, усвоена на истиот датум:  
ПОСТАПКА  
1. Предметот е започнат со жалба (бр. 21790/03) против  
Република Македонија поднесена до Судот врз основа на член  
34 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основни  
слободи (“Конвенцијата“) од страна на израелскиот државјанин,  
г-дин Гидеон Сандел (“жалителот“), на 25 јуни 2003 година.  
2. Жалителот беше застапуван од г-дин З. Гавриловски,  
адвокат од Скопје. Македонската Влада (“Владата“) беше  
застапувана од нејзиниот агент, г-ѓа Радица Лазареска Геровска.  
3. На 19 јуни 2006 и 25 мај 2009 година, Претседателот на  
Петтиот оддел одлучи да ги достави на одговор до Владата  
жалбени наводи на жалителот во врска со должината на  
постапката, како и дека во судењето против него тој бил лишен  
од правото да го користи јазикот кој го разбира. Исто така одлучи  
да ја испита основаноста на жалбата истовремено и нејзината  
допуштеност (член 29 став 3).  
ФАКТИ  
4. Жалителот е роден во 1941 година.  
2
САНДЕЛ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА  
1. Прв сет на постапки  
5. На 9 април 1998 година, жалителот бил уапсен под  
соменение за измама. На 10 април 1998 година бил изведен  
пред истражен судија во Основниот суд Скопје (“судечкиот суд“).  
Записникот од сослушувањето кое било извршено на таа дата  
содржел податок дека, тоја имал недоволно познавање на  
македонскиот јазик, но дека се согласил, доколку е потребно,  
некои фрази да му бидат препрочитани или објаснети по  
детално. Сепак, во отсуство на неговиот адвокат, тој се бранел  
со молчење. Истрагата започнала и жалителот бил упатен во  
притвор. На 16 април 1998 година тој бил повторно изведен  
пред истражен судија и во тоа време, во присуство на неговиот  
адвокат, дал исказ на српски јазик тврдејќи дека, има ограничено  
познавање на македонскиот јазик. Своето сведочење го дал во  
присуство на г-дин О.Т, овластен преведувач од страна на  
судот. Тој го потпишал записникот без притоа да даде било  
каков коментар или приговор.  
6. На 29 април 1998 година, јавниот обвинител поднел  
обвинителен акт. На 8 мај 1998 година, жалителот приговарал  
против актот на основа дека истиот бил неправилен, бидејќи не  
бил заснован на доволно докази. На 15 мај 1998 година,  
судечкиот суд го одбил приговорот на жалителот.  
7. На 23 јуни 1998 година, жалителот овластил друг адвокат  
да го застапува во постапката.  
8. Четири претреси закажани помеѓу јули и септември 1998  
година биле одложени на барање на жалителот заради  
користење со неговиот мајчин јазик, хебрејскиот јазик.  
9. На 6 август 1998 година тој бил ослободен со кауција.  
10. На неодредена дата помеѓу септември и декември 1998  
година, судечкиот суд, на предлог на жалителот, го определил г-  
дин Е.Ф, кој зборувал хебрејски јазик, вработен во невладина  
организација во Скопје, за преведувач.  
11. Претресот закажан за 15 јануари 1999 година бил  
презакажан заради отсуство на г-дин Е.Ф.  
2. Втор сет на постапки  
12. На 29 април 1998 година, била започната истрага во  
поглед измамата на жалителот преку две други сметки. На 1 јуни  
1998 година, јавниот обвинител поднел обвинителен акт против  
жалителот. На 11 јуни 1998 година, жалителот приговарал по  
основ на недостаток на докази во поддршка на обвинението  
против него. Тој исто така барал обвинителниот акт против него  
да биде преведен на хебрејски јазик. На 20 октомври 1998  
САНДЕЛ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА  
3
година, во присуство на жалителот и неговиот втор адвокат,  
судечкиот суд го одбил приговорот на жалителот.  
3. Спојување на постапките  
13. На 10 март 1999 година, судечкиот суд ги споил двете  
постапки.  
14. Помеѓу 15 јануари 1999 и 12 септември 2001 година,  
судечкиот суд закажал деветнаесет претреси од кои: три биле  
одложени на барање на жалителот, пет заради отсуство на  
вештакот повикан да го утврди потписот на жалителот, јавниот  
обвинител или г-дин Е.Ф. и два заради отсуство на судечкиот  
судија, како и заради штрајк на судската администрација. Во овој  
период, постапката била водена со помош на г-дин Е.Ф. Во  
негово присуство, судот го сослушал жалителот, вештакот и  
неколку сведоци, двајца од нив биле странски државјани, и  
одредил вештачње за веродостојноста на потписот на  
жалителот. На претресите од 10 март и 12 октомври 1999  
година, и 12 септември 2001 година, жалителот го повторил  
неговото сведочење дадено во преткривичната постапка и се  
произнел дека го разбира обвинителниот акт кој му бил  
доставен.  
15. На 30 септември 2001 година г-дин Е.Ф. ја напуштил  
државата и го информирал судечкиот суд дека, повеќе не е во  
можност да извршува преводот. До 3 март 2004 година,  
петнаесет претреси биле одложени бидејќи судечкиот суд  
неможел да обезбеди присуство на г-дин Е.Ф. или на друг  
преведувач на хебрејски јазик. На претресот од 21 јуни 2002  
година, жалителот инсистирал да му се обезбеди преведувач на  
хебрејски јазик и ја одбил понудата од судот преводот да се  
врши на англиски или српски јазик. Министерството за правда се  
произнело дека, на територијата на државата не постоел  
регистриран судски преведувач на хебрејски јазик, кој врз основа  
на деловникот на судот, би бил овластен да му помогне на  
судот. Здружението на евреите исто така доставило одговор  
дека, ниту еден од нивните членови нема соодветно познавање  
на хебрејскиот јазик.  
16. Согласно записникот од претресот одржан на 19 март  
2003 година, жалителот се произнел дека, живеел во државата  
десет години и дека се користел со англиски и српски јазик при  
секојдневната комуникација. Сепак, бидејќи неговото познавање  
и на овие јазици било ограничено, тој инсистирал да му се  
обезбеди преведувач на хебрејски јазик.  
17. На 21 април 2003 година, Центарот за странски јазици –  
Скопје му издал на жалителот сертификат кој потврдувал дека  
4
САНДЕЛ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА  
жалителот има познавање на одреден степен на македонскиот  
јазик. Согласно тој сертификат, жалителот имал ограничено  
разбирање на македонскиот јазик; тој одговарал на српски јазик;  
можел делумно да разбира пишан текст на латиница, но можел  
да пишува само на српски јазик. Жалителот се произнел дека, го  
поднесува овој сертификат до судот да послужи како доказ.  
18. На претресот од 29 септември 2003 година, жалителот се  
произнел дека, користи македонски, српски, бугарски и англиски  
јазик за секојдневна комуникација. Тој потпишувал договори на  
македонски или англиски јазик. Доколку било потребно нешто да  
се дополни, тој ги прашувал свoите синови во Израел, да му го  
преведат соодветниот дел од хебрејски на англиски јазик.  
19. На претресот од 17 ноември 2003 година, жалителот, кога  
бил запрашан од судот, тој се произнел дека, тој “користи  
македонски, српски  
и
англиски јазик за секојдневна  
комуникација, но ..... неможе да пишува и чита на овие јазици  
или да ги користи нив во постапката“. Жалителот дополнително  
се произнел дека, во истражната постапка кога бил испрашуван  
во април 1998 година, тој го дал својот исказ на српски јазик –  
наспроти негвото ограничено познавање на тој јазик – со помош  
од неговиот адвокат, кој по негово тврдење, работел  
истовремено со полицијата и кој го наместил да го потпише  
записникот.  
20. По однос на исказот на жалителот, на 28 јануари 2004  
година судечкиот суд назначил двајца преведувачи на англиски,  
српски и бугарски јазик, еден од нив бил и г-дин О.Т.  
21. Од 3 март 2004 година постапката била водена со помош  
на ове двајца преведувачи. Три одложувања биле извршени  
заради отсуство на жалителот.  
22. На 10 ноември 2004 година, судечкиот суд на барање на  
жалителот наредил обвинителните акти од 29 април и 1 јуни  
1998 година да бидат преведени на англиски и српски јазик. На  
29 декември 2004 година жалителот ги вратил преводите  
велејќи дека, тој можел единствено да ги разбере само на  
хебрејски јазик.  
23. Од 15 јануари 2005 година, трет адвокат го застапувал на  
жалителот во постапката. На претресот од 17 јануари 2005  
година, судечкиот суд го одбил барањето на жалителот сите  
документи од судските списи да бидат преведени на хебрејски  
јазик, бидејќи тие биле веќе усно преведени од страна на г-дин  
Е.Ф., во чие присуство судот ги прифатил останатите докази.  
24. На претресите одржани на 4 и 15 април 2005 година и  
откако адвокатот на жалителот дал обемен завршен збор,  
судечкиот суд го осудил жалителот со казна затвор од две  
САНДЕЛ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА  
5
години и шест месеци. Истот така одредил безбедносна мерка –  
протерување од државата за четири години.  
25. На 29 септември 2005 година, жалителот поднел жалба  
на хебрејски јазик. На барање на судечкиот суд, тој доставил и  
превод од овлстен преведувач на македонски јазик на жалбата.  
Тој се жалел дека, inter alia, не му бил овозможено правото да го  
користи хебрејскиот јазик, иако судечкиот суд прифатил дека  
има ограничено познавање на српски и англиски јазик. Тој  
спорел дека, неговиот првичен исказ на српски јазик бил даден  
под принуда. Тој дополнително се жалел дека, доказите против  
него биле прифатени во фотокопии.  
26. На јавна седница одржана на 18 април 2006 година,  
Апелациониот суд Скопје ја одбил жалбата на жалителот. Ги  
отфрлил неговите наводи во врска со користењето со  
хебрејскиот јазик, повикувајќи се на неговиот првичен исказ од  
16 април 1998 година даден на српски јазик и на фактот дека  
сите прифатени докази биле преведени на хебрејски јазик со  
помош на г-дин Е.Ф. Исто така напоменал дека и неговата жалба  
била преведена на македонски јазик од овластен судски  
преведувач на турски јазик, исто така напоменал дека,  
инсистирањето на жалителот да се користи со хебрејскиот јазик  
довело до оддолжување на постапката. Дополнително, ги  
отфрлил жалбените наводи во врска со доказите кои биле во  
фотокопии, со став дека, не постоела можност да бидат  
прифатени во оригинал бидејќи во меѓувреме биле уништени.  
27. На 14 јуни 2006 година, жалителот поднел барање за  
вонредно преиспитување на правосилна пресуда до Врховниот  
суд во кое се повикал на неговите жалбени наводи дека бил  
оневозможен од правото да го користи хебрејскиот јазик,  
единствениот јазик кој можел целосно да го користи. Тој се  
жалел дека, судечкиот суд откако неможел да обезбеди  
присуство на соодветен преведувач, наметнал употреба на  
српскиот и други јазици, иако во претходната фаза од  
постапката и самиот суд утврдил дека неможел да се користи со  
нив соодветно. Во врска со ова, тој се жалел заради одбивање  
на неговото барање да има преведувач од странство, иако и г-  
дин Е.Ф. бил американски евреин. Исто така се жалел и дека не  
бил информиран за природата и причината на неговото  
обвинување на јазикот на кој го зборува. На крајот се жалел и во  
врска со користењето на фотокопии како докази.  
28. На 16 јануари 2007 година, Врховниот суд го одбил  
барањето за вонредно преиспитување на правосилна пресуда.  
Сметал дека постапката била водена на јазик на кој можел да го  
разбира жалителот, повикувајќи се на неговото сведочење од 16  
6
САНДЕЛ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА  
април 1998 година во истражната постапка и на фактот дека,  
сите докази му биле преведени на хебрејски јазик од страна на г-  
дин Е.Ф. Исто така потврдил дека, жалителот низ постапката бил  
застапуван од застапници по негов избор. Дополнително, ги  
одбил останатите наводи утврдувајќи дека, нема основ за  
отстапување од образложенијата дадени од пониските судови.  
Нема информација за датумот на достава на оваа одлука.  
29. На 27 јуни 2008 година, претседателот на државата го  
помилувал жалителот и бил ослбоден од затвор.  
30. Во текот на постапката жалителот во неколку наврати  
барал од судечкиот суд и од Судскиот совет да ја забрза  
постапката.  
ПРАВО  
I. НАВОДИ ЗА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 6 ОД КОНВЕНЦИЈАТА  
31. Жалителот се жалел врз основа на член 6 ставовите 1 и 3  
(а), (b) и (e) од Конвенцијата на прекумерната должина и  
неправичноста на постапката. По овој основ подоцна се жалел и  
дека, не му било дадено право да се користи со хебрејскиот  
јазик, јазикот кој единствено го разбирал; дека доказите биле  
прифатени во фотокопии; дека одлуките на домашните судови  
не биле образложени; дека не бил информиран на јазикот на кој  
го разбира, за природата и причините на обвинението покренато  
против него; и дека не му била дадена соодветна можност за  
подготовка на неговата одбрана. Членот 6 од Конвенцијата, по  
однос на релевантните околности, го пропишува следното:  
Член 6 ставовите 1 и 3 (а), (b) и (e)  
“1. “Во определувањето на .....или кога некој е кривично гонет, секој  
има право на правично ...... судење во разумен рок пред (а) ....суд...“  
3. Секој кривично обвинет ги има минимум следните права:  
(a) ... веднаш, на јазикот што го разбира, да биде детално за  
природата и причините на обвинението подигнато против него.  
(b) да му се обезбедат доволно време и услови неопходни за  
подготвување на неговата одбрана;  
САНДЕЛ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА  
7
...  
(e) ... да користи бесплатна помош од преведувач, доколку не го  
разбира иил не го зборува јазикот на кој се одвива судењето.  
A. Наводи за должината на постапката  
1. Допуштеност  
32. Владата се произнесе дека неговата жалба може да биде  
разгледувана како злоупотреба на неговото право на жалба  
бидејќи наводите за прекумерното траење на постапката била  
заради инсистирањето на жалителот да има превод на хебрејски  
јазик, што било невозможно да се обезбеди за време на  
целокупното траење на постапката. Во врска со ова, упатија на  
предметот X. против Ирска (види X. против Ирска (dec.) бр.  
9742/82, од 2 март 1983 година).  
33. Жалителот ги оспори овие наводи на Владата, спорејќи  
дека, судечкиот судија ја сносел главна одоговорност да  
управува со судењето.  
34. Судот утврди дека, наводите на Владата не задираат во  
присуството на жалителот во текот на судењето (види, a  
contrario, X. против Ирска, цитирано погоре). Жалителот барал,  
како процесно право, да го користи хебрејскиот јазик, бидејќи  
единствено тој бил јазикот со кој можел да се користи целосно.  
Жалбата заради тоа неможе да биде разгледувана како  
злоупотреба на правото на жалба. Тоа може да биде земено во  
предвид единствено во поглед на неговиот придонес за  
должината на постапката, што потпаѓа под основаноста на  
жалбата (види параграф 44, поддолу). Согласно наведеното,  
наводите на Владата мора да бидат отфрлени.  
35. Судот забележува дека, овој жалбен навод не е  
очигледно неоснован во смисла на членот 35 став 3 од  
Конвенцијата. Воедно утврди дека, не е недопуштен по било кој  
друг основ. Заради тоа мора да биде огласен за допуштен.  
2. Основаност  
a) Поднесоци на странките  
36. Владата се произнесе дека, постоеле сложени околности  
во предметот, вклучувајќи го и тој дека домашните судови  
одлучувале едновремено по три основи за измама и дека биле  
сослушувани многу сведоци, некои од нив странци.  
8
САНДЕЛ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА  
37.Во поглед на однесувањето на жалителот, тие изразија  
став дека, тој придонел за должината на постапката со тоа што  
инсистирал да го користи хебрејскиот јазик, овластувајќи дури  
тројца адвокати од Скопје, при што секој од нив барал од судот  
време да се запознае со предметот, и отсуствувајќи од неколку  
претреси.  
38..Во поглед на домашните судови, Владата тврдеше дека,  
тие постапувале по предметот со должно внимание и дека  
закажуваните претреси биле одржувани навремено и без било  
какви оддолжувања. Особено што биле вложени значителни  
напори за да се обезбеди превод на хебрејски јазик.  
39. Жалителот ги оспори Владините наводи, тврдејќи дека тој  
имал право да овластува застапници по сопствен избор во  
правец да обезбеди колку што е можно подобра одбрана.  
Неговото барање да се користи со хебрејскиот јазик не може да  
претставува негов хендикеп бидејќи тој имал законско право да  
употребува јазик кој можел во целост да го разбира.  
Одложувањата направени заради неговото отсутво не  
придонеле премногу за должината на постапката.  
b) Оценка на Судот  
40. Судот оцени дека, на 10 април 1998 година жалителот  
бил сослушан од истражниот судија во врска со кривичната  
пријава поднесена против него. Според тоа, тоа бил датумот од  
кој тој бил “обвинет“ според смислата на член 6 од Конвенцијата  
и кој треба да биде земен како почеток за засметување на  
релевантниот период (види Šubinski против Словенија,  
бр. 19611/04, параграф 62, од 18 јануари 2007 година и  
ставовите цитирани во истата). Постапките завршиле на 16  
јануари 2007 кога Врховниот суд го одбил барањето за вонредно  
преиспитување на правосилна пресуда. Според тоа, тие траеле  
8 години, 9 месеци и 9 дена во три нивоа на судска јурисдикција.  
41. Судот потсетува дека, разумноста на должината на  
постапката мора да биде оценета во светло на околностите на  
предметот и согласно следните критериуми: сложеност на  
предметот, однесувањето на жалителот  
и
релевантните  
домашни органи (види Нанков против Република Македонија,  
бр. 26541/02, параграф 45, од 29 ноември 2007 година).  
42. Судот најнапред забележува дека, предметот имал  
одреден степен на сложеност во поглед на бројот на сослушани  
сведоци- некои од нив странци; потребата од вештачења;  
фактот дека се работело по три основи на измама и дека тројца  
преведувачи помагале во текот на судењето. Сепак, оваа  
сложеност неможе да ја објасни должината на постапката.  
САНДЕЛ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА  
9
43. Во поглед на однесувањето на жалителот, Судот утврди  
десетмесечното оддолжување зарадине присуството на  
жалителот на закажаните претреси, наспороти тоа што бил  
уредно поканет (види параграфи 14 и 21, погоре). Од друга  
страна, нема докази дека овластувањето на тројца адвокати од  
страна на жалителот се одразило на должината на постапката ,  
бидејќи немало одлагања и оддолжувања по тој основ.  
Понатаму, иако жалителот не може да се терети за барањето да  
се користи со хебрејскиот јазик, како негово процесно право,  
Судот мора да прифати дека тоа барање како неопходно ја  
оддолжило предметната постапка. Сепак, неговото инсистирање  
во овој поглед мора да се гледа во правец на тоа дека  
домашните судови биле одговорни да обезбедат применливост  
на барањата од членот 6 (види Scopelliti против Италија,  
пресуда од 23 ноември 1993 година, Серија A бр. 278,  
параграф 25). На крајот, поднесоците со кои се барало  
забрзување на постапката (види параграф 30, погоре), иако биле  
неефикасни, се доказ во тој поглед.  
44.. Во поглед на однесувањето на домашните судови, Судот  
смета дека, главна причина за оддолжената постапката била  
неможноста на судечкиот суд да обезбеди преведувач на  
хебрејски јазик. Од оваа причина, постапката била прекината  
два месеци во 1998 година (види параграф 8, погоре) и помеѓу  
30 септември 2001 и 3 март 2004 година (види параграф 15,  
погоре). Ова оддолговлекување може да и се припише само на  
државата бидејќи судечкиот суд бил одговорен за  
подготвувањето и брзото постапување (види, mutatis mutandis,  
Scopelliti, цитиран погоре, параграф 23). Откако судот увидел  
дека жалителот го злоупотребува барањето да се користи со  
хебрејскиот јазик, како што тврдеше Владата, не требал да чека  
до 28 јануари 2004 година (види параграф 20, погоре),  
приближно шест години откако започнала постапката, да ја  
прекине помошта од преведувач на хебрејски јазик. Дотолку  
повеќе што, неколку оддолжувања биле извршени заради  
неможноста на судот да обезбеди присуство или странките, или  
на вештаците или преведувачите (види параграф 20, погоре).  
Како резултат на тоа, биле потребни седум години за судот да ја  
донесе својата прва и последна одлука во предметот на  
жалителот. Тој период неможе да се смета за разумен наспроти  
фактот дека, повисоките судови постапиле по жалбите во  
предметот на жалителот со разумна експедитивност.  
45. Согласно наведеното, Судот смета дека во предметниот  
случај должината на постапката била прекумерна и не ги  
исполнила критериумите на барањето за судење во “разумен  
10  
САНДЕЛ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА  
рок“. Според тоа, постои повреда на членот 6 став 1 од  
Конвенцијата.  
B. Наводното оневозможување на правото на жалителот  
да го користи јазикот кој доволно го разбирал  
46. Владата се произнесе дека, жалителот не бил лишен од  
правото да го користи јазикот кој го разбирал. Со помош на г-дин  
Е.Ф тој бил во можност да ја следи постапката на неговиот  
мајчин јазик. Г-дин Е.Ф. му ги објаснил обвинителниот акт и  
извршил превод при сослушувањето на сведоците. Откако г-дин  
Е.Ф. ја напуштил државата, постапката продолжила со употреба  
на српскиот јазик, на кој како што изјавил жалителот можел да се  
служи во постапката. Дополнително, жалителот немал  
потешкотии при непосредната комуникација со неговите  
адвокати. Крајно, сите трошоци во поглед на преводот биле  
покриени од страна на државата.  
47. Жалителот повторил дека, хебрејскиот јазик бил  
единствениот јазик со кој можел да се служи целосно. Судечкиот  
суд не дал образложени причини, зошто не продолжил со  
постапката на хебрејски јазик. Тој одбил да назначи друг  
преведувач на хебрејски јазик од друга земја, иако имал на  
располагање во тој период, наспроти фактот дека г-дин Е.Ф., кој  
бил исто така странски државјанин, а кој бил вклучен во  
постапката. Тој постојано во текот на постапката се  
произнесувал пред судот за неговите ограничени познавања на  
македонскиот, бугарскиот, српскиот и англискиот јазик. Судот не  
извел основани докази, на објективен начин, за нивото на  
познавањето на овие јазици (види параграфи 18 и 19, погоре).  
Тој се согласил неговиот првичен исказ да го даде на српски  
јазик од страв дека ќе остане во притвор на неодредено време  
(види параграф 5 погоре). Тој комуницирал со адвокатите со  
помош на неговите колеги.  
48. Судот потсетува дека, членот 6 став 3 (е) укажува дека,  
лице “за кое е покренато кривично обвинение“кој неможе да го  
разбере или говори јазикот кој се користи во судот има право на  
бесплатна помош од преведувач за превод или толкување на  
сите документи или изјави во постапката покрената против него,  
а кои се неопходни за него да ги разбере, или да му се пружи  
помош од страна на судот во поглед на јазикот, со цел да има  
корист, а во врска со правичното судење (види Luedicke,  
Belkacem и Koç, од 28 ноември 1978 година, параграф 48,  
Серија A бр. 29, п. 20).  
САНДЕЛ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА  
11  
49. Помошта од преведувач треба да биде таква што ќе му  
овозможи на обвинетиот да се запознае со предметот што се  
води против него и да се брани самиот, воглавно да има  
можност да ги претстави пред судот своите видувања за  
состојбите. Ова право се применува не само при давањето на  
искази на претресите туку исто така и при доставата на  
писмените докази во преткривичната постапка (види Kamasinski  
против Австрија, од 19 декември 1989 година, параграф 74,  
Серија A бр. 168).  
50. Во предметниот случај, не е спорно дека жалителот, кој  
бил застапуван од тројца локални адвокати по негов личен  
избор во текот на постапката, имал ограничени познавања на  
македонскиот јазик, јазикот кој се користел во кривичната  
постапка поведена против него. Постапката била поведена на 10  
април 1998 година, датумот кога жалителот бил првично  
сослушан од истражен судија (види параграф 5, погоре).  
Следствено, преткривичната постапка и судењето биле водени  
со безплатна помош од преведувач.  
51. Во преткривичната постапка, жалителот се согласил, во  
присуство на неговиот адвокат, да даде исказ на српски јазик.  
Помагал овластен судски преведувач. Жалителот го потпишал  
записникот без да стави било каква забелешка на неговата  
содржина, за неговата способност да ги разбере прашањата  
упатени до него или за разбирањето на неговата одбрана (види  
параграф 6, погоре).  
52. Обвинителните акти биле првично доставени до него на  
македонски јазик. Сепак, овој факт не го спречил него да  
приговара на нивната содржина (види параграфи 6 и 12, погоре).  
Подоцна, тие на барање на жалителот биле преведени на  
англиски и српски јазик (види параграф 33, погоре). Писмените  
преводи на хебрејски јазик, мајчиниот јазик на жалителот, биле  
непотребни бидејќи за нивната содржина истите му биле усно  
преведени на жалителот од страна на г-дин Е.Ф., преведувач на  
хебрејски јазик (види параграф 14, погоре) (види Kamasinski  
цитиран погоре, параграф 81).  
53.Преводот од македонски на хебрејски јазик бил обезбеден  
во периодот помеѓу декември 1998 и септември 2001 година  
(види параграф 10 и 14, погоре). Во овој период, судечкиот суд  
ги прифатил сите докази во поткрепа на неговото обвинение,  
имено, сослушувањто на жалителот, на вештакот и на неколку  
сведоци, како и вештачењето (види параграф 14, погоре). Со  
помош на г-дин Е.Ф., жалителот бил сослушан во три наврати,  
12  
САНДЕЛ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА  
при што тој не ја оспорил точноста на неговиот првичен изказ  
даден на српски јазик (види параграф 14, погоре).  
54. Помеѓу септември 2001 и јануари 2004 година, судечкиот  
суд не превземал никакво процесно дејствие по предметот на  
жалителот, единствено правел напори да обезбеди присуство на  
преведувач на хебрејски јазик, согласно домашниот деловник за  
работа на судовите (види параграфи 15-20, погоре). од  
подоцнежниот датум, судечкиот суд не продолжил со водењето  
на постапката со помош на хебрејскиот јазик, туку го заменил  
водењето на постапката со српски, англиски и бугарски јазик.  
Одлуката била донесена со претпоставка дека жалителот имал  
доволно познавање од овие јазици. Во овој период судот не  
прифатил други дополнителни докази. Едниствено само биле  
дадени завршните зборови на странките пред судот (види  
параграф 24, погоре).  
55. Врз основа на горе наведеното, Судот утврди дека, нема  
индикации дека барањето од членот 6 став 3 (е) од Конвенцијата  
не било неприменето во предметот на жалителот.  
56. Следи дека, овој жалбен навод е очигледно неоснован и  
мора да биде отфрлен во согласност со членот 35 ставовите 3 и  
4 од Конвенцијата.  
C. Останати жалбени наводи  
57. Жалителот истакна и жалбени наводи согласно членот 6  
став 3 (а) и (b) од Конвенцијата. Со допис од 14 ноември 2006 и  
15 септември 2008 година, тој исто така се жалеше дека  
доказите биле прифатени во фотокопии и дека одлуките на  
домашните судови не содржеле образложени причини.  
58. Судот ги испита овие жалбени наводи. Сепак, во правец  
на сите доставени материјали до него, како и согласно  
прашањата од жалбените наводи кои се во негова надлежност,  
Судот утврди дека, тие не откриваат било каква појава на  
повреда на правата и слободите пропишани во Конвенцијата и  
нејзините Протоколи.  
59. Следи дека, овој дел од жалбата е очигледно неоснован и  
мора да биде отфрлен согласно членот 35 ставовите 3 и 4 од  
Конвенцијата.  
САНДЕЛ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА  
13  
II. ПРИМЕНА НА ЧЛЕНОТ 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА  
60. Членот 41 од Конвенцијата пропишува:  
“Ако Судот нашол дека има повреда на Конвенцијата или  
Протоколите, и ако внатрешното право на засегнатата Висока  
Договорна Страна дозволува само делумна отштета, Судот,  
доколку е потребно, ќе доделиправична отштета на оштетената  
страна“.  
A. Штета  
61. Жалителот бараше 10,000 евра на име нематеријална  
отштета за душевна болка, оддолжената неизвесност и загубата  
на неговиот углед која била резултат од должината на  
постапката.  
62. Владата ги оспори овие барања, изразувајќи став дека,  
жалителот самиот бил одговорен за прекумерната должина на  
постапката.  
63. Судот смета дека, жалителот неспорно претрпел  
нематеријална штета. Одлучувајќи на правична основа, му  
доделува 1,600 евра по овој основ, зголемени за било какви  
давачки кои би можело да се засметаат.  
B. Трошоци  
64. .Жалителот исто така бараше 2,500 евра за трошоци  
направени пред Судот. Овој износ вклучувал трошоци за  
адвокатите односно за правна работа од четириесет часа.  
65. Владата го оспори ова барање како неосновано и  
прекумерно.  
66. Согласно судската пракса на Судот, жалителот има право  
на надомест на трошоците, само ако се докаже дека тие биле  
навистина и неопходно направени и дека се разумни по обем Во  
конкретниот случај, според информациите кои беа доставени до  
Судот, како и фактот дека, само за должината на постапката  
беше утврдена повреда, Судот смета дека е разумно да му  
додели износ од 600 евра за постапката пред Судот, зголемени  
за било какви давачки кои би можело да се засметаат.  
C. Затезна камата  
Судот смета за соодветно затезната камата да се пресметува  
според најниската каматна стапка за позајмени средства на  
14  
САНДЕЛ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА  
Европската централна банка, на која треба да се додадат 3  
процентни поени.  
ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО  
1. Ја прогласува жалбата во врска со должината на постапката  
за допуштена, додека остатокот од жалбата за недопуштен.  
2. Смета дека, има повреда на членот 6 став 1 од Конвенцијата.  
3. Утврди дека,  
(aТужената држава треба да му ги исплати на жалителот во  
рок од 3 месеци од правосилноста на пресудата согласно  
член 44 став 2 од Конвенцијата, следните износи кои треба  
да бидат исплатени во домашната валута на одговорната  
држава по стапка на денот на исплатата:  
(i) 1,600 евра (илјада и шестотини евра), зголемени за  
било какви давачки кои би можело да се засметаат, на  
име нематеријална отштета;  
(ii) 600 евра (шестотини евра), зголемени за било какви  
давачки кои би можело да се засметаат, на име трошоци;  
(b) Дека по протекот на горе наведените три месеци се до  
исплатата, ќе се засметува камата на горенаведените износи,  
по стапка еднаква на најниската стапка за позајмени средства  
на Европската централна банка, за периодот до плаќањето  
плус 3 процентни поени.  
4. Го отфрла преостанатиот дел од барањето на жалителот  
за правична отштета.  
Изготвено на англиски и доставено на писмено на 27 мај 2010  
година, согласно членот 77 ставовите 2 и 3 од Деловникот на  
Судот.  
Claudia Westerdiek  
Секретар  
Peer Lorenzen  
Претседател