CONSEIL  
DE LEUROPE  
COUNCIL  
OF EUROPE  
COUR EUROPÉENNE DES DROITS DE LHOMME  
EUROPEAN COURT OF HUMAN RIGHTS  
ПЕТТИ ОДДЕЛ  
ПЕТКОВСКИ И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА  
(Жалба бр. 27736/03)  
ПРЕСУДА  
СТРАЗБУР  
8 ЈАНУАРИ 2009  
Оваа пресуда ќе стане конечна согласно околностите утврдени во член  
44 § 2 од Конвенцијата. Истата може да биде предмет на редакциски  
измени  
Напомена: Македонскиот превод на текстот на одлуката на Европскиот суд за  
човекови права е исклучиво информативен и од него не произлегуваат никакви права  
и/или обврски. Единствено официјалниот текст на одлуката на Европскиот суд за  
човекови права на англиски и/или француски јазик, објавена од страна на Судот е  
автентичен и се смета за оригинал. Не е дозволено објавување на овој превод на било  
каков начин без претходна дозвола од страна на Министерството за правда на  
Република Македонија, освен во случај доколку се користи за информирање.  
ПЕТКОВСКИ И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА -ПРЕСУДА  
Во случајот Петковски и други против Република Македонија,  
Европскиот суд за човекови права (петти оддел), заседавајќи во  
совет составен од:  
Peer Lorenzen, претседател,  
Rait Maruste,  
Karel Jungwiert  
RenateJaeger,  
Isabelle Berro-Lefèvre,  
Мирјана Лазарова Трајковска,  
Zdravka Kalaydjieva, судии  
и Claudia Westerdiek, секретар на одделот,  
Заседавајќи приватно на 2 декември 2008,  
Ја донесоа следнава пресуда, која беше усвоена на тој датум.  
ПОСТАПКА  
1. Случајот започнува со жалба бр. 27736/03 против Република  
Македонија, поднесена во Судот согласно членот 34 од  
Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи  
(“Конвенцијата“) од страна на шест македонски државјани, г-дин  
Цветко Ристески (“прв жалител“) , г-дин Стојан Аврамоски (“втор  
жалител“), г-ѓа Доста Симоноска (“трет жалител“) и од г-дин Крсте  
Петкоски, г-дин Благоја Климоски и г-дин Ристо Колески (“останатите  
жалители“), последователно. Со писмо од 25 август 2006, судот  
беше информиран дека првиот жалител починал на 25 декември  
2005, исто како и вториот жалител, на 9 април 2006.  
2. Жалителите беа застапувани од страна на М.Попески, адвокат  
кој работи во Охрид. Македонската Влада (“Владата“) беше  
застапувана од нејзиниот агент, г-ѓа Р. Лазареска Геровска.  
2
ПЕТКОВСКИ И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА  
3. Жалителите навеле, особено, дека им било оневозможено  
правото на пристап до судот како и дека постапката била  
неразумно долга.  
4. На 4 септември 2006 судот одлучи да ја комуницира жалбата до  
Владата. Судот исто така одлучи да ја испита основаноста на  
жалбата истовремено со нејзината допуштеност. (член 29 став 3).  
ФАКТИ  
I. ОКОЛНОСТИ НА СЛУЧАЈОТ  
5. На 11 септември 1989 жалителите, со исклучок на третиот  
жалител, поднеле тужба до тогашниот Основен суд на здружен труд  
Битола барајќи поништување на одлуката (“одлуката од 1989) за  
земјоделската задруга Рашанец (“задругата“), со датум 26 август  
1898, за нејзино трансформирање во општествено претпријатие  
(“претпријатието“). Тие тврделе дека одлуката од 1989 била  
донесена без потребниот број на гласови од членовите на задругата  
и работниците. Тие исто така останале при тоа дека интересите на  
членовите на задругата не биле земени во предвид кога се  
усвојувала одлуката од 1989 а, која имала директен ефект врз  
имотот на задругата. Жалителите тврделе дека се членови и  
основачи на задругата. Дејствието се чини дека било обид од страна  
на жалителите да го возобноват нивниот статус на членови во  
задругата, кон која и придонеле.  
6. На 5 февруари 1991 Основниот суд на здружен труд Битола ги  
одбил барањата на жалителите со оглед на тоа што задругата  
престанала да постои откако одлуката од 1989 била запишана во  
судскиот регистар.  
7. На 30 јануари 1992 тогашниот Стопански суд на Македонија ја  
уважил жалбата на жалителите и ја укинал одлуката на понискиот  
суд.  
8. На 4 март 1993 тогашниот Окружен Стопански суд Битола го  
уважил барањето на жалителите и ја поништил одлуката од 1989.  
Тој утврдил дека по одлуката од 1989, на 21 септември 1989  
претпријатието се припоило кон акционерското друштво Билјана  
(“компанијата“). Судот нашол дека претпријатието било правен  
следбеник на задругата и дека соодветно ги преземало неговите  
права и обврски. Со оглед на тоа што компанијата двапати земала  
учество во постапката, судот заклучи дека тие ја претпоставиле  
својата позиција на тужена странка како правен следбеник на  
претпријатието. На крајот одлучил дека одлуката од 1989 била  
донесена без потребниот број на гласови.  
ПЕТКОВСКИ И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА -ПРЕСУДА  
9. На 7 јули 1993 Стопанскиот суд на Македонија ги уважил  
жалбите на двете страни и ја укинал горе наведената одлука. Тој  
нашол дека понискиот суд погрешил при утврдувањето на  
фактичката состојба по однос на статусот на задругата. Заклучил  
дека постапката требала да биде запрена доколку задругата  
престанала да постои, се додека неговиот правен следбеник не би  
бил во можност да го преземе спорот.  
10. На 23 февруари 1994 Окружниот Стопански суд Битола се  
прогласил за ненадлежен за одлучува по случајот. Тој нашол дека  
поради природата на спорот Општинскиот суд Охрид бил надлежен  
да одлучува по случајот.  
11. На 20 мај 1994 Стопанскиот суд на Македонија ја укинал  
одлуката на понискиот суд и го вратил предметот на повторно  
одлучување. Тој нашол дека Окружниот Стопански суд Битола бил  
надлежен ratione materiae да одлучува по случајот. Според  
повисокиот суд, спорната работа во случајот била промената на  
статусот на задругата (статусен спор).  
12. На 24 јуни 1994 Окружниот Стопански Суд Битола ја запрел  
постапката како резултат на фактот што задругата престанала да  
постои на 29 јануари 1992. Било одлучено дека постапката ќе биде  
запрена додека правниот наследник на задругата не го преземе  
спорот.  
13. На 29 август 1994 Стопанскиот суд на Македонија ја отфрлил  
жалбата на жалителите и ја потврдил одлуката на понискиот суд.  
14. На 29 јуни 1995 жалителите побарале од судот да ја обнови  
постапката против компанијата, како правен следбеник на  
задругата. Постапката продолжила против компанијата.  
15. На 15 септември 1997 Охридскиот Основен суд го прифатил  
барањето на жалителите и ја поништил одлуката од 1989 со оглед  
на тоа што истата не била усвоена во согласност со законите кои  
важеле во тој период ( Закон за здружување на земјоделците).  
Судот не го прифатил аргументот на компанијата дека жалителите  
немале својство да реагираат, затоа што, според судскиот  
регистар, тие биле членови и основачи на задругата. Судот утврдил  
дека оспорената одлука била усвоена без притоа да се слушне  
ниту еден од членовите на задругата. Судот ја поништил одлуката  
од 1989 наоѓајќи дека истата послужила како законска основа за  
пренос и трансформација на имотот на задругата во претпријатие  
со општествена сопственост.  
16. На 11 септември 1998 Апелациониот суд Битола ја укинал  
одлуката на понискиот суд и го вратил предметот на повторно  
одлучување. Судот нашол дека понискиот суд погрешно ја утврдил  
фактичката состојба во врска со, inter alia, следниве прашања:  
статусот на жалителите како членови/основачи на задругата,  
4
ПЕТКОВСКИ И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА  
деловните активностите на задругата и надлежниот орган за  
донесување на обжалената одлука. Судот исто така му дал  
напатствија на понискиот суд да ги изведе докази од странките.  
17. Пред првостепениот суд биле закажани три расправи. На 5  
февруари 1999 првостепениот суд уште еднаш го уважил барањето  
на жалителите и ја поништил одлуката од 1989. Судот утврдил дека  
компанијата е правен следбеник на задругата и оттука има правна  
способност да дејствува во постапката, дека задругата работела во  
сферата на земјоделието и дека придонесот на жалителите кон  
имотот на задругата бил од мала вредност....  
18. На 7 декември 1999 Апелациониот суд Битола ја поништил  
одлуката на понискиот суд и го одбил барањето на жалителите.  
Судот се прогласил за ненадлежен ratione materiae (апсолутно  
ненадлежен) да одлучува по случајот. Потпирајќи се на членовите  
30 и 32 од Законот за судовите од 1995, судот нашол дека  
судовите имаат надлежност да одлучуваат за законитоста на  
поедничените одлуки во управните и сметководствените спорови“.  
Судот заклучил дека тие немаат надлежност да одлучуваат по  
спорови како во конкретниот случај“.  
19. На 14 февруари 2000 жалителите поднеле ревизија до  
Врховниот суд. Тие се жалеле дека понискиот суд не изнел причини  
за своето прогласување за ненадлежен да донесе одлука десет  
години по иницирањето на постапката. Понатаму, судот не  
индицирал кој орган би бил надлежен да одлучува по предметот.  
20. На 20 ноември 2002 Врховниот суд ја отфрлил ревизијата на  
жалителите, утврдувајќи inter alia, дека ....  
“...кога судот се прогласува за ненадлежен да одлучи по случајот, и наместо тоа  
номинира друг орган, тој мора да се прогласи за ненадлежен, да ги поништи сите  
дејствија преземени во текот на постапката и да го одбие барањето. Односниот  
случај се однесува на барање за поништување на одлука на советот на  
земјоделската задруга да се реструктуира себеси како препријатие во  
општествена сопственост, Оттука, не постои законска основа за бараната  
ревизија...“  
21. На 19 февруари 2003 одлуката им била доставена на  
жалителите.  
II РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО ЗАКОНОДАВСТВО  
22. Според членот 32 од Законот за судови од 1995, судовите од  
прв степен се надлежни, inter alia, да одлучуваат по сопственички и  
други спорови од граѓанското право, во кои странки во постапката  
се претпријатија и други правни субјекти, спорови поврзани со  
статусни промени (поделба, спојување, аквизиција и организација)  
ПЕТКОВСКИ И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА -ПРЕСУДА  
како и законитоста на поеднинечни одлуки во управните и  
сметководствените спорови.  
23. Членот 111 став 1 од законот пропишува inter alia дека  
Стопанскиот суд на Македонија и Окружните Стопански судови ќе  
престанат да постојат од 30 јули 1996.  
24. Согласно членот 116 став 1 од законот, судовите од прв  
степен и апелационите судови кои биле месно и стварно надлежни,  
ги презеле предметите кои биле во тек, меѓу другото, од Окружните  
стопански судови на 30 јули 1996.  
25. Законот за задругите од 1990 вклучувал одредби кои се  
однесуваат на основањето, управувањето и згаснувањето на  
задругите, како и прашања поврани со нивниот имот.  
26. Во јули 2002 бил усвоен нов Закон за задругите со кој бил  
заменет Законот за задругите од 1990.  
ЗАКОН  
I, НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 6 ОД КОНВЕНЦИЈАТА  
27. Жалителите се жалеле по основ на членот 6 од Конвенцијата  
дека им бил оневозможен пристап до судот со оглед на тоа што  
нивното барање останало неодлучено во поглед на основаноста  
поради наводниот недостаток на надлежност кај домашните судови  
да одлучат по случајот. Тие исто така се жалеле и на прекумерната  
должина на постапката. Членот 6 од Конвенцијата, во делот кој е  
релевантен, пропишува:  
Во определувањето на неговите граѓански права и обврски....секој има  
право на фер...судење во разумен рок...од страна на ...трибунал...“  
A. ДОПУШТЕНОСТ  
1. По однос на првиот и вториот жалител  
1. Судот забележува на почетокот дека првиот жалител починал на  
25 декември 2005 како и дека вториот жалител починал на 9 април  
2006. Понатаму забележува дека не било поднесено барање за  
продолжување на случајот од наследниците на овие жалители. Во  
овие околности, Судот заклучува дека повеќе не е оправдано да се  
продолжи со испитување на жалбата во делот кој се однесувал на  
првиот и вториот жалител со смисла на членот 37 став 1 (в) од  
Конвенцијата. Понатаму, Судот не наоѓа причина од општа природа,  
6
ПЕТКОВСКИ И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА  
како што е дефинирано во членот 37 став 1 in fine, која бара  
испитување на овој дел од жалбата согласно овој член. Оттука одлучи  
да ја одбие жалбата од листата на случаи во делот кој се однесува на  
првиот и вториот жалител (види Erol Direkçi и Ergül Direkçi v. Turkey  
(одл.), бр. 47826/99, 31 март 2005).  
2. По однос на третиот жалител  
2. Владата изајави дека третиот жалител не можел да тврди дека е  
жртва на обжалените повреди со оглед на тоа што нема докази дека  
таа на било кој начин била погодена од одлуките кои се во прашање.  
3. Жалителите не го изразиле своето мислење по ова прашање.  
4. Судот забележува дека според членот 34 од Конвенцијата може да  
прими жалби од поединци и други кои тврдат дека се жртви на  
повреда од страна на една од високите договорни страни на правата  
поместени во Конвенцијата и протоколите“. За да тврди дека е жртва  
на повреда, лицеот мора директно да биде погодено од оспорената  
мерка (Amuur v. France, пресуда од 25 јуни 1996, Извештаи за  
пресуди и одлуки 1996-III, стр. 846, § 36, и Buckley v. the United  
Kingdom, пресуда од 25 September 1996, Извештаи 1996-IV, стр. 128,  
стр. 846, §§ 56-59).  
5. Во односниот случај, Судот смета дека третиот жалител не може  
да се смета дека има locus standi да се жали во постапката со оглед  
на тоа што не постои доказ дека била странка во постапката (види  
Bocvarska and Kupev v. Republic of Macedonia (dec.), no. 27865/02,  
6 ноември 2007).  
6. Следи дека жалбата на третиот жалител не е компатибилна ratione  
personae со одредбите на Конвенцијата во смисла на членот 35 став 3  
и мора да биде одбиена во согласност со членот 35 став 4.  
3. По однос на останатите жалители  
7. Владата не вложи ниеден приговор по однос на допуштеноста на  
жалбите на останатите жалители.  
8. Судот смета дека жалбените наводи не се очигледно неосновани  
во смисла на членот 35 став 3 од Конвенцијата. Понатаму Судот наоѓа  
дека истите не се недопуштени по ниеден друг основ. Оттука, тие  
мора да бидат прогласени за допуштени.  
ПЕТКОВСКИ И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА -ПРЕСУДА  
Б. Основаност  
1. Поднесоци на странките  
9. Владата се произнесе дека барањето на жалителите, со оглед на  
тоа што било поднесено пред националните судови, не се однесувало  
на статусот на надлежниот орган кој бил доведен во прашање, туку на  
задружната сопственост како концепт, која повеќе не постоела во  
периодот кога Врховниот суд одлучувал по случајот. Владата прифаќа  
дека законот им го одрекува на жалителите нивното право на пристап  
до суд со оглед на тоа што истиот го исклучил правото на судска  
заштита на задружната сопственост. Сепак, тие останаа на тоа дека  
ова ограничување било оправдана со оглед на тоа што било со цел да  
ја забрза транзицијата и трансформацијата на социо-економскиот  
систем на државата во тој период и дека истиот бил пропорционален.  
10. Жалителите нагласија дека Владата потврдила дека Законот ги  
лишува од правото на пристап до судот во постапката, иако истата  
била во тек пред судот шест години кога Законот стапил на сила. Тие  
спореле дека Врховниот суд изнел недоволно образложени причини  
за отфрлање на нивното барање, пропуштајќи да ја определи  
природата на спорот. Со оглед на тоа што истиот се однесувал на  
статусот на субјектот кој е во прашање, судовите, врз основа на  
членот 32 од Законот, имале надлежност да одлучат по нивното  
барање.  
11. Понатаму, тие го оспорија аргументот на Владата дека  
задружната сопственост повеќе не постоела. Владините тврдења дека  
Законот ја исклучува судската заштита на задружната сопственост  
нема никаква сила со оглед на тоа што Законот за задругите од 2002  
вклучувал и одредби кои се однесуваат на тој имот.  
2. Оцената на Судот  
12. Судот потсетува дека процесните гаранции утврдени со членот 6  
на сите им го гарантираа правото било кое барање поврзано со  
нивните граѓански права и обврски да го изнесе пред суд или  
трибунал, на овој начин тоа е опфатено со правото на суд“, од кое  
правото на пристап, односно правото за иницирање на постапки пред  
судовите во грашански работи, претставува еден аспект“ (види Golder  
v. the United Kingdom, пресуда од 21 февруари 1975, Серија A бр. 18,  
стр. 13-18, §§ 28-36). Судот забележува дека Владата не спореше  
дека членот 6 од Конвенцијата не се применува на постапката, како и ,  
забележувајќи дека нема укажување дека жалителите не биле  
членови на задругата која била трансформирана во препријатие во  
општествена сопственост, наоѓа дека членот 6 се применува.  
8
ПЕТКОВСКИ И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА  
13. Сепак, можноста да се истапи со случај пред судот не ги  
задоволува само по себе сите барања на членот 6 став 1. Исто така  
мора да се утврди дека степенот на дозволениот пристап според  
домашното законодавство е доволен да им гарантира на поединците  
право на судсо оглед на владеењето на правото во едно  
демократско општество (види Ashingdane v. the United Kingdom,  
пресуда од 28 мај 1985, Серија A бр. 93, стр. 24-25, § 57). Дотолку  
повеќе, членот 6 го гарантира правото на пристап до судот, кое не  
само што го вклучува правото на иницирање на постапка, туку исто  
така и правото на одлучувањена спорот од страна на судот. Како  
што е утврдено во праксата на Судот, “ би било илузорно доколку  
домашните правни системи на државите договорнички му  
дозволуваат на поединецот да иницира граѓанска постапка пред судот  
без да гарантира дека тој случај ќе биде решен со конечна одлука во  
судската постапка. Би било незамисливо членот 6 став 1 да ги  
опишува во детали процесните гаранции дадени на парничарите- во  
постапки кои се фер, јавни и експедитивни- без гаранција за конечно  
одлучување за странките по нивните граѓански спорови (Multiplex v.  
Croatia, бр. 58112/00, § § 44 и 45, 10 јули 2003).  
14. Истовремено, “правото на судод кое правото на пристапот до  
судот е само еден аспект, не е апсолутно, тоа е предмет на  
ограничувања имплицитно дозволени, со оглед на тоа што во самата  
природа е потребно регулирање на истото од страна на државата,  
која пак ужива одредени дискрециони маргини на проценка во тој  
поглед. Сепак, овие ограничувања не можат да ги ограничат, ниту пак  
да го намалат пристапот на поединците на начин или во толкав обем  
што би била засегната суштината на правото (види Edificaciones  
March Gallego S.A., пресуда цитирана погоре, стр. 290, § 34).  
Дополнително, принципот на владеење на правото и поимот на  
правично судење опфатени со членот 6 го исклучуваат секое  
интервенирање  
од  
страна  
на  
законодавната  
власт  
во  
правораздавањето, создадено со цел да се влијае врз судското  
разрешување на спорот (види Stran Greek Refineries and Stratis  
Andreadis v. Greece, пресуда од 9 декември 1994, Серија A бр. 301-B,  
§ 49).  
15. Во односниот случај, судот забележува дека жалителите имале  
можност да поведат законска постапка и дека тие се откажале од  
истата со барањето од судовите да ја поништат одлуката од 1989 за  
трансформација на задругата како претпријатие со општествена  
сопственост. За време на постапката, домашните судови носеле  
различни одлуки, вклучувајќи ги и двете мериторни првостепени  
одлуки од 15 септември 1997 и од 5 февруари 1999, кои се донесени  
по датумот на донесување на Законот за судовите од 1995 и  
влегувањето во сила на Конвенцијата од страна на Република  
ПЕТКОВСКИ И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА -ПРЕСУДА  
Македонија во кои одлуки било прифатено барањето на  
жалителите. Жалителите оттука не само што го уживале правото на  
поведување на постапка, туку во повеќе инстанци, домашните судови  
ја прифатиле надлежноста да го испитаат нивното барање и по однос  
на основаноста. Врховниот суд, со носење на конечната одлука во  
случајот, го прифатил ставот на пониските судови дека одлуката на  
задругата од 1989 не може да биде оспорена пред судовите.  
16. Судот го забележува спорењето на Владата по однос на тоа дека  
одлуките на домашните судови кои ги одбивале барањата на  
жалителите биле засновани на Законот за судови од 1995 година, со  
кој е отстранета судската заштита за имотот кој им припаѓал на  
задругите. Тие прифаќаат дека Законот за судови им го негира  
правото на жалителите за пристап до судот со оглед на тоа што тие  
барале права по однос на тој вид на сопственост .  
17. Оттука следи дека на сметка на Владата, од донесувањето на  
Законот за судови во 1995, постапувањето на жалителите било  
осудено на неуспех заради симнувањето на судската заштита од овој  
вид на имоти.  
18. Затоа, прашањето е дали овој вид на негирање на пристап до  
судот по пат на законодавни измени е во склад со членот 6 од  
Конвенцијата. Владата изјави дека законското исклучување од  
надлежноста на судот за решавање на случајот на жалителите и  
послужило на транзицијата кон пазарна економија. Сепак, Судот  
забележува дека тие не понудиле ниедна причина зошто било  
потребно да се отстрани заштитата од тој одреден вид на имот  
поврзан со барањата на жалителите. Домашните судови кои  
постапувале во предметот на жалителите само се осврнале на  
управните и сметководствените спорови, изјавувајќи дека тие  
потпаѓаат под нивна јурисдикција. Дополнително, ниту судовите ниту  
Владата не дале никакви сугестии дека жалителите можеле да ги  
остварат правата кои се обидувале да си ги заштитат на некој друг  
начин, на пример преку посочување на некој друг орган кој би бил  
надлежен да одлучува по случаите. Конечно, треба да се забележи  
дека барањето на жалителите било одбиено седум години по  
влегувањето во сила на законот. Во овој контекст, судот не наоѓа  
објаснување зошто им било потребно толку време на судовите да  
донесат таква одлука.  
19. Судот заклучува дека, под претпоставка дека одбивањето на  
судот да се занимава со случајот на жалителите е засновано на  
членот 32 од Законот за судови од 1995 година, како што тврди  
Владата, до Судот не се доставени причини кои го оправдуваат  
вмешувањето согласно таа одредба, во правото на пристап до суд за  
преостанатите жалители.  
10  
ПЕТКОВСКИ И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА  
20. Од овие причини, тука има повреда на правото на пристап до суд  
на жалителите во смисла на член 6 став 1 од Конвенцијата.  
21. Што се однесува до должината на постапката, која не ја  
избегнува суштината, Судот смета дека истата мора да се земе како  
апсорбирана од претходниот жалбен навод (види mutatis mutandis  
Multiplex v. Croatia, бр. 58112/00, § 58, 10 јули 2003).  
II. ПРИМЕНА НА ЧЛЕНОТ 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА  
22. Членот 41 од Конвенцијата пропишува:  
Ако Судот нашол дека има повреда на Конвенцијата или  
Протоколите, и ако внатрешното право на засегнатата Висока  
Договорна Страна дозволува само делумна отштета, Судот, доколку  
е потребно, ќе додели правична отштета на оштетената страна“.  
A. Штета  
23. Жалителите побаруваа 1.500.000 евра по основ на материјална  
штета. Тие објасниле дека таа сума, според директорот кој ја  
раководел задругата до 1988, би го надоместила сиот подвижен и  
неподвижен имот на задругата. Понатаму тие барале 50.000 евра за  
нематеријална штета.  
24. Владата ги оспори овие барања како неосновани. Тие изјавија  
дека не постои причинска врска помеѓу наводната повреда и бараната  
материјална штета. Со ваквото  
барање, жалителите всушност  
барале од Судот да се впушти во одлучување на нивниот случај онака  
како што тоа било изнесено пред националните судови.  
25. Судот забележува дека барањето на жалителите е поднесено  
согласно член 6, а не членот 1 од Протоколот 1, и не утврди никаква  
причинска врска помеѓу најдената повреда и наводната материјална  
штета, оттука судот го одбива ова барање. Од друга страна, судот им  
доделува на останатите жалители заеднички сума од 10.000 евра по  
основ на нематеријална штета.  
B. Трошоци  
26. Жалителите исто така побаруваа 10 000 евра за трошоците кои  
ги имале пред домашните судови и пред Судот. Тие не доставија  
никаква документација во поддршка на ова барање.  
27. Владата го оспори ова барање како прекумерно и неосновано.  
ПЕТКОВСКИ И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА -ПРЕСУДА  
28. Согласно праксата на Судот, жалителот има право на надомест  
на своите трошоци само доколку биде докажано дека истите биле  
навистина и неопходно сторени и дека се разумни во обемот (види  
Kostovska v Republic of Macedonia, бр. 44353/02, § 62, 15 јуни 2006).  
Судот посочува дека согласно членот 60 од Деловникот на Судот  
жалителот мора да поднесе специфициран трошковник за сите  
барања, заедно со целата релевантна пропратна документација, со  
што доколку тоа пропушти да го стори, Советот може да го одбие  
барањето целосно или делумно. “  
29.Судот забележува дека преостанатите жалители не обезбедиле  
никакви пропратни документи по однос на нивните адвокатски  
трошоци. Оттука, Судот не доделува надомест по овој основ (види  
Parizov v. Republic of Macedonia, бр. 14258/03, § 72, 7 февруари 2008).  
В. Затезна камата  
30. Судот смета дека е соодветно затезната камата да се заснова  
на најниската каматна стапка за позајмени средства на Европската  
Централна Банка, на која треба да се додадат три процентни  
поени  
ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ СУДОТ ЕДНОГЛАСНО  
1. Ја прогласи жалбата за недопуштена по однос на третиот  
жалител,  
2. Одлучи да ја отфрли жалбата од својата листа на предмети по  
однос на првиот и вториот жалител,  
3. Ја прогласи жалбата за допуштена жалбата по однос на  
преостанатите жалители,  
4. Смета дека има повреда на членот 6 став 1 од Конвенцијата  
по однос на правото на пристап до судот на преостанатите  
жалители,  
5. Смета дека жалбата според членот 6 став 1 по однос на  
должината на постапката е апсорбирана од претходниот жалбен  
навод,  
6. Смета  
12  
ПЕТКОВСКИ И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА  
(a) дека одговорната држава треба да им плати на преостанатите  
жалители заеднички, во рок од три месеци од датумот на кој  
пресудата ќе стане конечна во согласност со членот 44 став 2 од  
Конвенцијата, 10.000 евра, плус било која такса која може да биде  
наплатлива, по основ на нематеријална штета, префрлена во  
националната валута на одговорната држава, по курс применлив  
на денот на исплатата.  
(б) дека од истекот на горенаведените три месеци до исплатата ќе  
се пресметува камата на горенаведените износи, по стапка еднаква  
на најниската стапка за позајмени средства на Европската  
Централна Банка, за периодот до исплатата на која треба да се  
додадат три процентни поени.  
7. Го отфрла остатокот од барањето на жалителот за правичен  
надомест.  
Изготвено на англиски, и објавено на 8 јануари 2009, согласно членот  
77 ставови 2 и 3 од Деловникот на судот.  
Claudia Westerdiek  
Peer Lorenzen  
Секретар  
Претседател