ПЕЦЕВИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ПРЕСУДА
жалителот во спорот (види Atanasovic and others v.
Macedonia, бр. 13886/02, став 33 22 декември 2005).
31.
Судот смета дека случајот не бил од комплексна
природа.
32.
Тој понатаму наоѓа дека нема одложувања кои би
можеле да им се припишат на жалителите во периодот во
разгледување по 8 ноември 2000 (види став 11 погоре).
Од друга страна, судот обрнува внимание на фактот не е
обезбеден никаков доказ кој ќе сведочи за некакво
особено внимание на страна на жалителите во
шестогодишниот јаз помеѓу ноември 1994 и ноември 2000,
од кои три години потпаѓаат под надлежноста на судот
ratione temporis. Оваа неактивност е изненадувачка,
особено имајќи го во предвид фактот дека, како што
посочи Владата, жалителите биле застапувани од страна
на адвокат по нивен избор. Нивните барања за
забрзување на постапката се по посочениот период (види
став 18 погоре). Сепак, таквите барања, дури и да биле
поднесени во посочениот временски јаз, не би можеле да
ја забрзаат постапката (види Atanasovic and others,
цитирана погоре, став 31 ).
33.
Со оглед на материјалот поднесен до него, Судот
смета дека ова е главното оддолжување во постапката.
Не постои сомнеж дека за време на тој период
жалителите и првостепениот суд биле неактивни. Владата
остана при тоа дека, неактивноста на судот е резултат на
пропуштањето на жалителите да ги платат трошоците на
извршување. Во таа насока, Судот забележува дека на 26
октомври 1994 првостепениот суд им наложил на
жалителите да извршат авансна исплата на трошоците.
Единствениот доказ за исплата е со датум 17 ноември
2000 (види став 12 погоре). Во отсуство на било каков
доказ, Судот смета дека аргументот на жалителите дека
тие ги платиле трошоците пред тој датум, е неоснован.
Сепак, Судот не е убеден дека овој очигледен пропуст бл
причината за неактивноста на првостепениот суд. Ниту
пак првостепениот суд, во својот одговор на барањето на
жалителите за забрзување на постапката, го споменал
овој пропуст како оправдување за оддолжувањето (види
став 13 погоре). Во таа насока, тој забележува дека
првостепениот суд го одбил приговорот на должникот од 2
ноември 1994 на 1 ноември 2000 (види став 10 погоре).
Во тој период, жалителите сеуште не го извршиле
решението на судот за плаќање. Дури на 8 ноември 2000,