ПАРИЗОВ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
39.Понатаму, во контекст на членот 13 од Конвенцијата во
пресудата по случајот Kudla, судот утврдил дека средствата кои
му се на располагање на парничарот на домашно ниво за
покренување на барање во врска со должината на постапката се
“ефикасни“ доколку ја спречуваат наводната повреда од
континуираност, или обезбедуваат соодветен надомест за било
која повреда која веќе се случила.
40.Вистина е дека, согласно “генерално признатите принципи на
меѓународното право“, можат да постојат посебни околности кои
го ослободуваат жалителот од обврската да ги исцрпи
домашните средства кои му се на располагање. Сепак, Судот
посочува дека самото постоење на сомнеж во врска со изгледите
за успех на одреден лек, кој не е очигледно залуден, не е
валидна причина за пропуштањето да се исцрпат домашните
средства (види Giacometti and others v. Italy (одлука) no. 34939/97,
ECHR 2001-XII).
41.Проценката дали домашните средства биле исцрпени нормално
се врши со осврт на датумот на кој била вложена жалбата (пред
Судот- н.з.). Сепак, ова правило може да биде предмет на
исклучоци, кои можат да бидат оправдани при определени
околности на случајот (види Baumann v. France, no.33592/96, § 47,
22 maj 2001 и Brusco v. Italy, (одлука) no. 69789/01, ECHR 2001-
IX). Конкретно, Судот претходно отстапил од ова општо правило
во случаите против Полска, Хрватска и Словачка што се
однесува до средства против прекумерна должина на постапката
(види Michalak v. Poland (oдлука), no. 24549/03, § 36, 1 mart 2005,
Nogolica v. Croatia (одлука), no. 77784/01, ECHR 2002-viii, Andrasik
and others v. Slovakia (одлука), no. 57984/00, 60226/00, 60237/00,
60242/00, 60670/00, 60680/00 и 68563/01, ECHR 2002-IX).