8
ПРЕСУДА КРСТО НИКОЛОВ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
која жалителот ја започнал во Јули 1989 година, се чини
дека сеуште е во тек. Оспорената ситуација на тој начин
трае скоро 19 години, од кои преку 11 години потпаѓаат
под јурисдикцијата на Судот согласно ratione temporis
(откога е ратификувана Конвенцијата од страна на
тужената држава на 10 Април 1998 година) вo два судски
степена. Судот понатаму забележува дека, со цел да се
одреди разумноста на периодот кој е во прашање, мора
да се има предвид за стадиумот на постапката на датумот
на ратификацијата на Конвенцијата(види, Styranowski v.
Poland, no. 28616/95, § 46, ECHR 1998-VIII and Foti and
Others v. Italy, judgment of 10 December 1982, Series A no.
56, p. 18, § 53) и забележува дека на 10 Април 1997
оспорената извршната постапка веќе траела скоро 7
(седум) години и 10 месеци. Во текот на тој период,
првостепениот суд одбрал градежна компанија, излегол
на лице место само еднаш и извршил попис на
подвижните ствари на должникот.
21. Судот повторува дека, согласно востановената судска
пракса, членот 6 му го гарантира секому правото да го
изнесе своето побарување во врска со неговите граѓански
права и обврски, пред суд или трибунал; на таков начин
„правото на пристап до суд“ го опфаќа правото за пристап,
односно правото да се иницираат постапки пред суд во
граѓанска материја, што претставува еден аспект. Како и
да е, тоа право би било илузорно доколку правните
системи на државите договорнички дозволуваат една
правосилна, обврзувачка
судска одлука да остане
неоперативна (нереализирана) во однос на побарувањето
на едната страна. Извршувањето на пресудата од страна