НЕШЕВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
договорничка дозволи конечна и обврзувачка судска
одлука да остане неоперативна на штета на една од
страните...оттука, извршувањето на пресуда донесена од
било кој суд мора да се смета како интегрален дел од
“судењето“ во смисла на членот 6“. Понатаму,
извршувањето на судската одлука не може да биде
прекумерно одложувано (види Miltenovic v. Republic of
Macedonia (dec.), no. 26615/02, 19 јуни 2006,
референците цитирани во истата).
и
22.На 28 февруари 2001, Врховниот суд, донесувајќи ја
конечната одлука во постапката, ја потврдил одлуката на
првостепениот суд од 10 март 1998. Во таа одлука,
првостепениот суд ја поништил одлуката на училиштето
од 30 јануари 1997 со која била примена г-ѓата В.М., му
наредил на училиштето да изврши повторен избор од
квалификуваните кандидати и да донел одлука за
трошоците (види став 9 погоре). Врховниот суд потврдил
дека избраниот кандидат не ги поседувал потребните
квалификации за работата.
23.Во извршната постапка што следела жалителот побарал
од извршниот суд да му нареди на училиштето да ги
изврши двете наредби содржани во првостепената
пресуда. Барањето што се однесувало на извршната
постапка конечно било отфрлено со оглед на тоа што
изборот бил извршен.
Освртот по тој основ би
претставувал суштински одговор на барањето на
жалителот доколку назначеното лице не била г-ѓата В.М.
Сепак, кандидатот назначен на 25 април 2001 била г-ѓата
В.М. односно истото лице за кое Врховниот суд веќе
пресудил дека не одговара на огласот со оглед на