НАСТЕСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
7
услови кои нема да го/ја стават во позиција на суштинска
понеповолност vis-à-vis спротивна странка (види Ивановски
против Република Македонија одлука, број 21261/02, од 29
септември 2005 година).
28.Во конкретниот случај, Судот забележува дека,
Апелациониот суд Битола имал надлежност да го испита
предметот во поглед на фактите и законот и да направи целосна
проценка на прашањето за вината или невиноста на
жалителката во поглед на неговата вина или невиност. Имајќи ја
во предвид ваквата надлежност, истиот ја поништувал одлуката
на судечкиот суд и го вратил предметот на повторно судење во
три наврати (види точки 9, 12 и 14, погоре). Секогаш кога
Апелациониот суд ги носел своите одлуки, жалителката го
практикувала нејзиното право од членот 362 став 1 од Законот,
барајќи да биде известена за датумот на одржувањето на
седницата. Сепак таа била овозможена да присуствува само на
една седница додека јавниот обвинител присуствувал на сите
четири седници на Апелациониот суд. Тоа се случило и со
последната седница одржана во крајната фаза на постапката
кога Апелациониот суд ја потврдил вината на жалителката. Во
таа прилика, јавниот обвинител упатил на неговиот поднесок од
24 септември 2004 година и дал завршен збор барајќи да се
одбие жалбата на жалителката. Жалителката, не бил
информиран за седницата, заради што неможела да даде
одговор на тој став, дури иако,тоа според Владата, не
сеоднесувало на нов доказ. Во врска со ова, Судот смета дека,
принципот на еднаквост на оружјата не зависи од дополнителна,
значителна неправичност, која произлегува од процедуралната
нееднаквост. Тоа е прашање на одбраната да процени дали
произнесувањето заслужува соодветна реакција (види Bulut
против Австрија, 22 февруари 1996 година, параграф 49,
Извештај за пресуди и одлуки 1996-II). Судот смета дека, дури
иако на јавниот обвинител не би му била дадена дозвола да
коментира, нејзиното присуство на нејавната седница на
Апелациониот суд би и дозволило неа, со самото присуство,
дополнителна можност да го зацврсти нејзиното тврдење на
нејавната седница, без страв од противречности (види Borgers
против Белгија, од 30 октомври 1991 година, параграф 28,
Серија A бр. 214-B, и Lobo Machado против Португалија, од 20
февруари 1996 година, параграф 32, Извештај за пресуди и
одлуки 1996-I).
29. Од аспект на сето погоре наведеното, Судот заклучува
дека принципот на еднаквост на оружјата не бил почитуван.
Заради тоа има повреда на членот 6 став 1 од Конвенцијата
бидејќи јавниот обвнител присуствувал на седницата на