CONSEIL  
DE LEUROPE  
COUNCIL  
OF EUROPE  
COUR EUROPÉENNE DES DROITS DE LHOMME  
EUROPEAN COURT OF HUMAN RIGHTS  
СОВЕТ НА ЕВРОПА  
ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА  
ПЕТТИ ОДДЕЛ  
ЛАЗОРОСКИ v. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА  
(аппликација бр. 4922/04)  
ПРЕСУДА  
СТРАЗБУР  
8 октомври 2009  
1
Оваа пресуда ќе стане конечна во согласност со условите предвидени во  
член 44 став 2 од Конвенцијата. Истата може да биде предмет на редакциски  
измени.  
Напомена: Македонскиот превод на текстот на одлуката на Европскиот суд за  
човекови права е исклучиво информативен и од него не произлегуваат никакви права  
и/или обврски. Единствено официјалниот текст на одлуката на Европскиот суд за  
човекови права на англиски и/или француски јазик, објавена од страна на Судот е  
автентичен и се смета за оригинал. Не е дозволено објавување на овој превод на  
било каков начин без претходна дозвола од страна на Министерството за правда  
на Република Македонија, освен во случај доколку се користи за информирање.  
2
Во случајот Лазороски против Република Македонија,  
Европскиот суд за човекови права (Петти оддел), заседавајќи како судски  
совет во состав:  
Peer Lorenzen, претседател,  
Renate Jaeger  
Karel Jungwiert,  
Volodymyr Butkevych,  
Rait Marust  
Mark Villiger,  
Мирјана Лазарова Трајковска  
Zdravka Kalaydjieva, судии,  
и Claudia Westerdiek, секретар на одделот,  
Расправајќи на затворена седница на 15 септември 2009 година,  
На истиот датум ја донесе следнава пресуда:  
ПОСТАПКА  
1. Постапката е иницирана со жалба (no. 4922/04) против Република  
Македонија поднесена до Судот согласно член 34 од Конвенцијата за  
заштита на човековите слободи и права („Конвенцијата„) од страна на  
македонскиот државјанин г-дин Јовче Лазороски („жалителот„), на 24  
јануари 2004 година.  
2. Жалителот беше застапуван од страна на г-ѓа Л. Ваневска, адвокат  
која работи во Скопје. Македонската Влада („Владата„) беше  
застапувана од страна на нејзиниот Агент, г-ѓа Радица Лазареска -  
Геровска.  
3
3. Жалителот  
се жалеше, особено дека неговото лишување од  
слобода било спротивно на членот 5 §§ 1 (в) и членот 2 од  
Конвенцијата и дека последователната постапка по однос на  
барањето за испитување на законитоста на барањето за законитоста  
на лишувањето од слобода не ги задоволило барањата на членот 6 §  
1 од Конвенцијата.  
4. На 29 јануари 2008 Претседателот на Петтиот оддел одлучи да ја  
комуницира оваа жалба до Владата. Воедно беше одлучено за  
основаноста на жалбата и за нејзината допуштеност да се одлучува  
истовремено (член 29 § 3).  
ФАКТИ  
I. ОКОЛНОСТИ НА СЛУЧАЈОТ  
1. Жалителот е роден 1973 година и живее во Кичево.  
1. Лишувањето од слобода на жалителот  
2. На 06 август 2003 жалителот примил телефонски повик од страна  
на службата за разузнавање (Управата за безбедност и  
контраразузнавање) која го замолила да дојде во полициската  
станица на „разговор„.Жалителот одговорил дека би пошол со  
својот адвокат доколку за тоа би добил писмено барање.  
7. Г-динот Ј.С. висок службеник во Службата за разузнавање дал  
усна наредба за лишување од слобода на жалителот под  
сомнение дека бил вооружен и би можел да ја напушти државата.  
8. Во 11 часот и 15 минути попладне истиот ден жалителот бил  
лишен од слобода од страна на полицијата во близина на  
граничниот премин со Србија – Табановце. Тој бил однесен во  
полициската станица во Табановце, каде бил извршен личен  
4
претрес. Извештајот од личниот претрес укажува дека кај  
жалителот биле пронајдени мобилен телефон, пасош, лична карта  
и дозвола за носење на оружје („дозвола„). Според странките во  
постапката, исто така би пронајден и пиштол, но тој не бил внесен  
во записникот. Жалителот бил врзан со лисици и пренесен во  
полициската станица во Куманово од страна на службата за  
разузнавање. Тој успеал да стапи во контакт со својот адвокат на  
неговиот мобилен телефон.  
2. Настаните во полицијата  
9. Во два часот наутро на 07 август 2003 година жалителот  
потпишал записник со кој се откажал со своето право на адвокат.  
За испрашувањето не бил воден записник. Жалителот тврди дека  
бил испрашуван за работата на неговите претпоставени (еден од  
извршните директори на Компанијата О.), за определени членови  
на политичката партија во опозиција и определени познати  
новинари. Неговите лични работи му биле вратени и тој бил  
пуштен во девет часот навечер.  
3. Информации на Секторот за внатрешна контрола на  
Миниснистерството за внатрешни работи  
10. На 07 август 2003 година жалителот го известил Министерството  
за внатрешни работи („Министерството„) за неговото незаконско  
лишување од слобода, а на 03 ноември 2003 година за тоа го  
известил Секторот за внатрешна контрола на Министерството. Во  
меѓусебната коресподенција помеѓу жалителот и Секторот биле  
разменети неколку дописи.  
11. Во записникот од 03 март 2004 година Секторот констатирал дека  
лишувањето од слобода на жалителот и неговото задржување  
биле извршени во согласност со закон. Поради мали грешки во  
5
записникот за личниот претрес, Секторот предложил одговорниот  
полициски службеник да биде парично казнет и опоменет.  
Секторот ги повторил овие информации во неговиот одговор до  
жалителот со датумот од 22 март 2004 година. Не било дадено  
објаснување за лишувањето од слобода на жалителот.  
5. Барање за испитување на законитосдта на лишувањето  
од слобода  
12. На 07 август 2003 година жалителот поднел барање за  
испитување на законитоста на лишувањето од слобода до  
истражниот судија во Основниот суд во Куманово. Тој тврдел дека  
противзаконито бил лишен од слобода, дека не бил информиран  
за причините за неговото лишување од слобода, дека неговиот  
адвокат бил спречен да присуствува на неговото испрашување и  
дека лишувањето од слобода било извршено без судски налог.  
13. Помеѓу 15 октомври 2003 и 12 јануари 2004 година истражниот  
судија бил на боледување.  
14. На 04 февруари 2004 година истражниот судија побарал  
Министерството да ги достави документите  
во врска со  
лишувањето од слобода на жалителот. Во одговорот од 20  
февруари 2004 година Министерството известило дека  
лишувањето од слобода било наредено врз основа на сомнение  
дека тој бил вмешан во трговија со оружје и дека истиот бил  
пуштен откако било утврдено дека не постојат докази во поддршка  
на ваквите наводи, како и дека тој ја поседувал потребната  
дозвола. На 23 јуни и 21 септември 2004 година истражниот  
судија побарал дополнителни писмени докази од Министерството  
кој биле доставени на 29 септември 2004 година.  
15. На 26 јануари 2005 година по пет ургенции од страна на  
жалителот за забрзување на постапката а врз основа на  
6
информациите доставени од Министерството како и записниците  
опишани во точката 8 и 9 погоре, истражниот судија одлучил  
дека жалителот бил лишен од слобода во согласност со законот  
поради сомнение заради трговија со оружје. Тој понатаму утврдил  
дека жалителот се откажал од правото на адвокат, како што било  
констатирано во записникот од 07 август 2003 година кој бил  
потпишан од жалителот. Жалителот бил советуван дека може во  
рок од два дена да поднесе жалба до тричлениот кривичен  
совет („Кривичен совет„) на Кумановскиот Основен суд.  
16. На 16 февруари 2005 година жалителот поднел жалба со  
образложение дека бил лишен од слобода спротивно на член 5  
од Конвенцијата  
и
спротивно на соодветно домашно  
законодавство. Тој тврдел дека бил лишен од слобода без судски  
налог и дека истражниот судија не ги испитал основите за  
неговото лишување од слобода. Тој исто така тврдел дека не бил  
поканет од страна на истражниот судија да презентира аргументи  
во своја полза и дека постоеле сведоци кој можеле да посведочат  
за околностите во кој бил лишен од слобода.  
17. На 18 февруари 2005 година Советот ја отфрлил жалбата на  
жалителот. Не наоѓајќи причина да се посомнева во утврдените  
факти, Судот одлучил дека лишувањето од слобода на жалителот  
било законито и имало за цел да го идентификува, да ги провери  
неговите алиби и да собере потребни информации. Судот  
забележал дека жалителот бил информиран за своите права и за  
причините за лишување од слобода, имено - основано сомнение  
дека сторил кривично дело „трговија со оружје„.  
18. Против жалителот не била покрената постапка.  
7
II. РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО ЗАКОНОДАВСТВО И ПРАКСА  
1. Устав  
19. Членот 12 став 2, 3 и 4 од Уставот предвидува дека никому  
неможе да му биде ограничена слободата, освен со одлука на  
судот и во случаи и во постапка утврдена со закон. Лицето  
повикано, приведено или лишено од слобода мора веднаш да  
биде запознато со причините за неговото повикување,  
приведување или лишување од слобода и со неговите права  
утврдени со закон и од него не може да се бара изјава. Лицето  
има право на бранител во полициската и судската постапка.  
Лицето лишено од слобода мора веднаш, а најдоцна во рок од 24  
часа од моментот на лишувањето од слобода, да биде изведено  
пред суд, кој без одлагање ќе одлучи за законитоста на  
лишувањето од слобода.  
2. Законот за кривична постапка од 1997 („законот„)  
20. Членот 3 (1) и (2) од законот, како што гласеле во тоа време,  
предвидувале дека секое лице повикано, приведено или лишено  
од слобода мора веднаш да биде известено, на јазик што го  
разбира, за причините за повикувањето, приведувањето или  
лишувањето од слобода и за било какво кривично обвинение  
против него, како и за неговите права. Тој или таа неможеле да  
бидат присилени да дадат изјава. Осомничениот, односно  
обвинетиот морале најпрвин на јасен начин да се поучат за  
правото да молчат; правото да се советуваат со адвокат и да  
имаат бранител по сопствен избор за време на испитувањето, како  
и за правото за приведувањето или лишувањето од слобода да се  
извести трето лице.  
21. Членот 22(6) од законот предвидувал првостепените судови, во  
совет составен од тројца судии да одлучуваат inter alia, за жалби  
против решенија на истражен судија.  
8
22. Членот 142(4) предвидувал дека лицето во однос на кое  
Министерствотот ги презело дејствијата од став 2 (мерки кои  
Министерството било овластено да ги презема кога постоело  
сомнение дека е извршено кривично дело можело да бара од судот  
да ја испита законитоста на таквите мерки и дека судот мора да  
донесе одлука.  
23. Согласно членот 148 (1)(1) од Законот, притвор може да се  
определи ако лицето за кое постои основано сомневање дека  
сторило кривично дело, се крие, ако не може да се утврди  
неговиот идентитет или ако постојат други околности што  
укажуваат на опасност од бегство.  
24. Одредбата од членот 188(2) предвидува дека овластените  
службени лица на Министерството за внатрешни работи можат  
без одлука на суд да лишат од слобода и лице за кое постојат  
основи на сомнение дека сторило кривично дело за кое се гони  
по службена должмост. Лицето мора веднаш да биде предадено  
на надлежниот истражен судија. Согласно членот 188 (3) и како  
исклучок од општото правило, овластените службени лица на  
Министерството за внатрешни работи лицето можат да го задржат,  
ако задржувањето е потребно заради утврдување на идентитетот,  
проверување на алиби или од други причини е потребно да се  
соберат нужни податоци за водење на постапка против определено  
лице. Таковото задржување  
е возможно само доколку се  
исполнети условите за притвор предвидени во членот 184 (1)(1) и  
(1)(3). Лицето лишено од слобода мора да биде поучено според  
одредбата на член 3 од  
Законот. Според членот 184(6)  
задржувањето согласно членот 184 (3) може да трае најдолго 24  
часа.По истекот на овој рок овластеното службено лице на  
Министерството за внатрешни работи е должно задржаното лице  
да го пушти на слобода или да постапи според членот 184 (2 ) .  
9
25.  
Членот 527 (2) и 528 од Законот кој се однесуваат на надомест на  
штета за неоправдана осуда и неоправдано лишување од слобода,  
предвидуваат дека пред поднесувањето до судот на тужба за надомест  
на штета, оштетениот е должен со свое барање да се обрати до  
Министерството за правда заради постигање спогодба за постоење на  
штета и за видот и висината на надоместот. Ако барањето за надомест  
на штетата не биде усвоено или по него Министерството за правда не  
донесе одлука во рок од три месеци од денот на поднесувањето на  
барањето оштетениот може кај надлежниот суд да поднесе тужба за  
надомест на штета.  
26.  
Во согласност со членот 530(1) (3) и 530(2) од законот, право на  
надомест на штетата му припаѓа и на лицето, кое поради грешка или  
незаконита работа на органот неосновано е лишено од слобода. На  
лицето кое според член 188 од законот е лишено од слобода, без  
законска основа, му припаѓа право на надомест на штета.  
3. Измени на Законот за кривична постапка од октомври 2004 година  
(„изменетиот законот„)  
27.  
Членот 49 од Законот за измени го заменува членот 142 од Законот.  
Согласно т. 9 лицето во рок од 30 дена може да бара од истражниот  
судија на надлежниот суд да ја испита законитост дејствијата презмени од  
полицијат. Против решението дозволена е жалба во рок од 48 часа до  
совет. Советот е должен да постапи по жалбата во рок од три дена.  
4. Пракса во однос на доделување на надомест на штета во случаи  
на незаконско и неоправдано лишување од слобода  
10  
28. Во предметот П.бр.441/06 Министерството за правда, врз основа  
на судско порамнување, исплатило надомест на штета на барател  
кој бил задржан три ден пред да биде пуштен. Истрагата против  
него исто така била прекината.  
29. На 15 февруари 2007 гофина Министерствотѕо за правда  
исплатило надомст на нематреијална штета на г-дин Н.Н. откако  
истиот бил лишен од слобода во 2006 година со цел издржување  
на казна затвор кој веќе ја имал издржано во 2004 (бр.08-692/2).  
30. Во парничната постапка иницирана согласно Законот за  
облигациони односи, на г-дин Р.М. му била досуден надомест на  
штета откако ннеоправдано бил неоправдано задржан со цел  
издржување на казна која воопшто не била изречена, за арзлика  
од мерката  
лекување.  
на безбедност  
- задолжително психијатрсико  
ПРАВО  
I. НАВОДНИ ПРОВРЕДИ НА ЧЛЕНОТ 5 § 1 (в), 2 И 3 Од  
КОНВЕНЦИЈАТА  
31. Жалителот се жалеше согласно членовите 5, став 1, 2 и 3 од  
Конвенцијата дека неговото лишување од слобода  
не се  
засновало на ниту една од дозволените основи согласно овие  
одредби и дека не бил информиран за причините за лишување од  
слобода. Релевантните делови од членот 5 став 1, 2 и 3 од  
Конвенцијата гласат:  
Член 5-Право на слобода и сигурност  
1. Секој има право на слобода и сигурност. Никој не смее да биде лишен  
од слобода, освен во законска постапка, во долунаведените случаи:  
.................  
11  
(в) законско лишување од слобода или притвор на лице, со цел негово  
приведување пред надлежни судски органи, кога постои оправдано  
сомнение дека тоа лице сторило кривично дело или кога е тоа  
неопходно за да се спречи извршување на кривично дело или бегство  
на осомничениот по извршување на кривично дело;........  
2. Секој кој е лишен од слобода веднаш ќе биде известен, на јазикот што го  
разбира за причините поради кои е лишен од слобода и за сите обвиненија  
против него.  
3. Секој кој е лишен од слобода или притворен согласно на одредбите од  
ставот 1 в. од овој член навремено ќе биде изведен пред судија или друго  
службено лице овластено со закон да ја врши судската власт, ќе има право  
да му биде судено во разумен рок или да биде пуштен(а) на слобода во текот  
на судската постапка. Пуштањето може да се услови со барање на  
гаранција дека лицето ќе се појави на судењето.  
32. Судот утврди дека наводите на жалителот во врска со членот 5  
став 3 од Конвенцијата во суштина се повторување на неговите  
жалбени наводи изнесени согласно членот 5 став 1, и од тие  
причини мораат да се испитаат согласно и во рамките на таа  
одредба.  
А. Допуштеност  
1. Поднесоци на странките  
33. Владата укажа дека жалителот не ги искористил сите ефикасни  
домашни правни лекови. Особено, тој пропуштил да бара надомест  
на штета согласно член 530 од Законот (види точка 26 погоре). Во  
нивната одбрана, праксата опишана во точките 28 до 30 погоре, го  
поддржува ставот дека таквите барања претставуваат ефикасен  
правен лек.  
34. Жалителот тврдеше дека барањето за надомест на штета во  
неговиот случај имајќи го предвид исходот на постапката би било  
неефикасно.  
12  
2. Оценка на судот  
35. Судот повторува дека правилото на искористување на домашните  
правни лекови предвидено во членот 35 став 1 од Конвенцијата го  
обврзува жалителот прво да ги искористи правните лекови кои се  
вообичаено достапни и доволни во домашниот правен систем за  
добивање надомест на штета за наводните повреди. Членот 35  
став  
1
исто така, претпоставува дека наводите кои  
последователно би биле изнесени пред Судот претходно требало  
да бидат изнесени пред соодветен домашен орган, според  
содржина  
и
во согласност со формалните претпоставки  
предвидени во домашното законодавство, но тоа не се однесува  
на правните лекови кои се неадекватни или неефикасни (види,  
mutatis mutandis, Merger and Cros v. France (одлука.), no. 68864/01,  
11 март 2004; Aksoy v. Turkey, 18 декември 1996, §§ 51-52, ECHR  
1996-VI; и Akdivar and Others v. Turkey, 16 септември 1996, §§ 65-  
67, ECHR 1996-IV).  
36. Судот нагласува дека при примената на правилото за искористување  
на правните лекови мора да се води грижа подеднакво како за  
фактот дека истото е применето во контекст на машинеријата за  
заштита на човековите права , така и на фактот дека истото треба да  
се применува со извесна доза на флексибилност и без претеран  
формализам. Понатаму Судот препознава дека правилото за  
искористување, ниту е апсолутно, ниту пак може да се применува  
автоматски; со цел да се испита дали тоа било почитувано, суштинско  
е да се имаат предвид околностите на секој случај поединечно. Ова  
значи особено дека Судот мора реално да го земе предвид не само  
постоењето на формални правни лекови во правниот систем на  
државата, туку и општиот контекст во кои тие функционираат, како и  
личните околности на жалителот. Потоа мора да испита дали, во сите  
околности на случајот, жалителот сторил се што разумно можело да  
се очекува од него или неа да ги искористи домашните правни лекови  
13  
(види Jasar v. the former Yugoslav Republic of Macedonia (одлука.), no.  
69908/01, 19 јануари and 11 април 2006).  
37.  
Судот постсетува дека од жалителот кој искористил правен лек кој  
очигледно е ефикасен и доволен, неможе да се бара да проба да  
искористи други кои исто така биле достапни, но најверојатно не и  
поуспешни (види Aquilina v. Malta [GC], no. 25642/94, § 33, ECHR 1999-  
III).  
38.  
Судот констатира dека правниот лек кој жалителот го искористил  
можел да го покрене прашањето во однос на неговата изјава дека  
задржување прекуноќ од 6 до 7 август 2003 година било незаконито.  
Жалителот на тој начин пред домашните органи а во согласност со  
домашното законодавство го изложил во содржина барањето кое  
последователно го доставил до Судот. Под овие околности, не било  
потребно тој да поднесе и барање за надомест на штета кое исто така  
можело да го покрене прашањето за незаконитоста на лишувањето  
од слобода.  
39.  
40.  
Од тие причини овој дел од жалбата неможе да се прогласи за  
недопуштен, поради неискористување на домашните правни лекови а  
во согласност со членот 35 §3 од КОнвенцијата. Соодветно,  
приговорот на Владата мора да се одбие.  
Судот понатаму смета дека жалбата не е очигледно неосновано  
во смисла на членот 35 § 3 од Конвенцијата. Исто така констатираше  
дека таа не е недопуштена поради било која друга причина. ПОради  
тоа мора да се прогласи за допуштена.  
Б. Основаност  
1. Наводна повреда на членот 5 § 1 (в) од Конвенцијата  
(а) Произнесувања на страните  
14  
41. Владата укажа дека жалителот бил лишен од слобода и задржан  
во полиција во согласност со Законот и под основано сомнение  
дека тој сторил кривично дело. Во овој контекст таа се осврна на  
опсегот на работата и надлежноста на директорот на Управата  
за безбедност и контраразузнавање,  
несоменена претпоставка дека постоеле „определени оперативни  
индикации„ за наводната вмешаност на жалителот во  
што  
служи како  
извршување на кривично дело. Владата понатаму тврдеше дека  
пиштолот најден кај жалителот, иницијално ги потврдил таквите  
наводи. Владата исто така, забележа дека жалителот бил пуштен  
кога полицијата не успеала да пронајде било какви докази за  
неговата вмешаност во сторување на кривично дело.  
42. Жалителот  
тврди дека Владата не презентирала никакви  
конкретни информации или докази за да ја потврди „разумноста„  
на сомнението врз кој се заснова неговото лишување од слобода  
и задржување. Фактот дека бил пронајден пиштол не може да  
послужи против него бидејќи тој имал дозвола, како што е  
констатирано во записникот за личниот претрес.  
(б) Оценка на Судот  
43. Судот констатираше дека жалителот бил лишен од слобода во  
11,15 часот попладне на 06 август 2003 година и бил пуштен во  
09,00 часот наутро на 07 август 2003 година.  
44. Имајќи ги предвид поднесоците на двете страни тој смета дека  
задржувањето на жалителот во полицијата  
резултирало со  
„лишување од слобода„ во согласност со член 5 став 1 од  
Конвенцијата (види, mutatis mutandis, Witold Litwa v. Poland, no.  
26629/95, § 46, ECHR 2000-III).  
15  
45. Судот смета дека мора да се утврди дали истото, како што тврди  
Владата било засновано на „разумно сомнение„ дека тој сторил  
кривично дело.  
46. Во врска со ова, Судот повторува дека „ разумно сомневање„ во  
смисла на член 5 став 1 (в) од Конвенцијата дека кривично дело  
било сторено, претпоставува постоење на факти или информации  
кои би задоволиле објективен набљудувач дека лицето можеби  
сторило кривично дело. Прашањето е дали лишувањето од  
слобода и притворот биле засновани на доволно објективни  
елементи кој би го оправдале „разумното сомнение„ дека  
спорните факти навистина се случиле (види Włoch v. Poland,  
no. 27785/95, §§ 108 and 109, ECHR 2000-XI).  
47. Од предметот Судот не може да констатира зошто жалителот  
бил под сомнение дека бил вмешан во извршвуање на кривично  
дело. Судските органи не доставија никаква информација во  
врска со наводното кривично дело ниту докази во поддршка на  
таквата вмешаност. Тие единствено констатирале дека наводите  
очигледно станале неосновани и дека жалителот ја имал  
потребната дозвола за пиштолот. Судот констатира дека ова било  
потврдено веднаш по лишувањето од слобода на апликанатот при  
личниот претрес (види точка 8 погоре). Дотолку повеќе што  
полицијата можела ова многу лесно да го констатира од  
сопствената евиденција.  
48. Судот повторува дека фактите кои покреваат сомнение не треба  
да бидат на исто ниво како оние кои се неопходни да оправдаат  
обвинение или дури осуда, што доаѓа во подоцнежната фаза од  
кривичната истрага (види K.-F. v. Germany, 27 November 1997, §  
57, Reports of Judgments and Decisions 1997-VII). Во конкретниот  
случај ништо не сугерирало дека жалителот бил инлвовиран во  
трговија со оружје. Дури и во постапката прд Судот државата не  
презентирала никакви материјали кои би довеле до убедување  
16  
дека треба да се извлече поинаков заклучок. „Оперативните  
индикации„ на Службата за разузнавање во отсуство на било  
каква изјава, информација или конкретна жалба не може да се  
сметаат за доволни да ја оправдаат „разумноста„ на сомнението  
на кое се заснова лишувањето од слобода и задржувањето на  
жалителот.  
49. Врз основа на горното Судот заклучува дека лишувањето од  
слобода на жалителот не претставува законско лишување од  
слобода засновано на „разумно сомнение„ за сторено кривично  
дело. Од тие причини постои повреда на член 5 став 1 од  
Конвенцијата.  
2. Наводна повреда на членот 5 § 2 од Конвенцијата  
(а) Поднесоци на странките  
50. Владата укажа дека, иако не постои записник кој би докажал дека  
жалителот бил информиран за причините за неговото лишување  
од слобода ова можело да се претпостави од фактот дека  
лишувањето од слобода било извршено од страна на високи  
службеници од Службата  
за разузнавање кои биле добро  
обучени за сложени активности.  
51. Жалителот ги спореше тврдењата на Владата.  
(б) Оценка на Судот  
52. Судот повторува дека членот 5 став 2 од Конвенцијата ги содржи  
основните гаранции дека било кое лице лишено од слобода  
треба да знае зошто е лишено од слобода. Согласно овие  
одредби,  
секое лице лишено од слобода  
мора да биде  
известено, на едноставен, нетехнички јазик кој тој може да го  
разбере, за основните правни и фактички основи за неговото  
17  
лишување од слобода, така за да биде во можност доколку  
смета дека треба - да се жали на законитоста на неговото  
лишување од слобода (види Fox, Campbell and Hartley v. the  
United Kingdom, 30 August 1990, § 40, Series A no. 182)  
.
53. Судот забележува дека ниту еден од записниците доставени од  
страна на Владата не укажува дека жалителот бил информиран за  
причините за неговото лишување од слобода. Уште повеќе не  
постои записник за испрашувањето на жалителот за време на  
неговото задржување, и не постојат други докази како на пример  
изјава на еден од службениците кои учествувале во лишувањето  
од слобода, дека на жалителот му биле објаснети причините за  
неговото лишување од слобода.  
54. Во отсуство на било какви докази Судот не е убеден дека  
жалителот бил информиран за причините за неговото лишување  
од слобода како што се бара согласно член 5 став 2 од  
Конвенцијата.  
одредби.  
Оттука, соодветно  
постои повреда на овие  
II. ДРУГИ НАВОДНИ ПОВРЕДИ НА ЧЛЕНОТ 5 § 1 ОД  
КОНВЕНЦИЈАТА  
55. Жалителот исто така, се жалеше дека тој бил лишен од слобода  
без судски налог и дека му било оневозможено да се консултира  
со адвокат. Во однос на ова, тој се жали дека бил принуден да го  
потпише записникот од 07 август 2003 година (види точка 9  
погоре), под закана дека нема да биде пуштен.  
1. Во однос на наводите на жалителот дека бил лишен од  
слобода без судски налог  
56. Судот констатира дека лишувањето од слобода на жалителот  
било извршено врз основа на член 188 (2) од Законот што  
18  
дозволува лишување од слобода без судски налог. Овој факт  
бил констатиран од страна на домашните судови. Понатаму  
членот 12 од Уставот предвидува дека лишувањето од слобода  
се спроведува „во случај и постапка предвидени со закон„.  
57. Во вакви околности Судот смета дека овој навод на жалителот е  
очигледно неоснован и мора да биде отфрлен во согласност со  
член 35 став 3 и 4 од Конвенцијата.  
2. Во однос на наводите дека му било попречен пристапот  
до адвокат  
58. Под претпоставка дека овој навод свлегува во опсегот на членот  
5 од Конвенцијата Судот смета дека е очигледно неоснован од  
следниве причини.  
59. Според полицискиот записник од 07 април 2003 година што е  
слулжбен  
записник за настанот, жалителот се откажал за  
неговото право од адвокат. Тој го потпишал записникот без било  
каков коментар или резерва што би ги потврдило неговите наводи  
пред Судот. Тој не приговорал на содржината на записникот,  
освен во однос на неговото тврдење дека се согласил да се  
откаже од правото на адвокат под закана од страна на полицијата.  
Во однос на последното, Судот смета дека не се поднесени било  
какви докази да ги потврдат неговите наводи дека откажувањето  
било направено под закана и притисок од страна на полицијата  
(види, mutatis mutandis, Berisha и Haljiti v. the Republic of  
Macedonia (dec.), no. 18670/03, 10 April 2007).  
60. Оттука следи дека наводот на жалителот е не докажан. Од тие  
причини е очигледно неоснован и мора да се отфрли  
согласност со член 35 став 3 и 4 од Конвенцијата.  
во  
II. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 6 ОД  
19  
КОНВЕНЦИЈАТА  
61. Жалителот се жалеше дека не му било дозволено ефикасно да  
учествува во постапката и дека истата била неразумно долга. Во  
врска со ова тој се повикал на член 6 од Конвенцијата која во  
релевантниот дел гласи:  
„Секој, при определување на неговите граѓанските права и  
обврски или кога е . ... кривично гонет, има право на правично и јавно  
судење во разумен рок.„  
62. Од истите причини жалителот се повикал и на член 13 од  
Конвенцијата која гласи:  
„Секој, чии права и слободи определени во Конвенцијата се  
повредени ќе има ефективен лек пред домашните органи, без  
оглед на тоа што повредата била сторена од лица кои вршеле  
службена должност.„  
63. Судот констатира дека наводите на жалителот од член 13 од  
Конвенцијата во суштина ги повторуваат наводите изнесени во  
однос на членот 6 и од тие причини мора да бидат испитани  
согласно членот 6 став 1 од Конвенцијата.  
А. Допуштеност  
64. Владата немаше никакви забелешки во однос на допуштеноста  
на жалбата во овој дел.  
65. Судот потсетува дека во случајот Aerts v. Belgium кој се однесува  
на постапка за доделување на правна помош со цел  
преиспитување на законитоста на лишувањето од слобода  
и
барање за надомест на штета, е заземен став дека членот 6 се  
однесува на постапки кои се однесуваат на испитување на  
законитоста на лишувањето од слобода (Aerts v. Belgium, 30 јули  
20  
1998, § 59, Reports of Judgments and Decisions 1998-V). Во  
случајот кој следеше Reinprecht v. Austria, беше укажано на  
ризикот од конфликт помеѓу членот 5 став 4 и членот 6 од  
Конвенцијата во случај доколку двете одредби се применуваат  
на ист сет на постапки. Особено, тоа го објасни различниот  
контекс на предметите кои се однесуваат на законитоста на  
лишување од слобода на кој членот 5 став 4 се применува, врз  
основа на фактот дека лишувањето од слобода е континуирано и  
оние на кои членот 5 став 4 не се однесува бидејќи постапката е  
спроведена по ослободувањето на жалителот (Reinprecht v.  
Austria, no. 67175/01, §§ 50, 51, ECHR 2005-XII и случаите таму  
цитирани).  
66. Судот забележа дека жалителот не бил повеќе лишен од  
слобода кога ја поднел својата тужба и нејзината цел неможела  
да претставува негово ослободување. Соодветно член 5 став 4  
од Конвенцијата не се однесува на постапката па оттаму не  
постои пречка за примена на членот 6 во однос на истите.  
67. Судот констатира дека овој дел од жалбата не е очигледно  
неоснован во смисла на член 35 став 3 од Конвенцијата. Тој  
исто така, утврди дека таа не е неоснована од било која друга  
причина. Затоа, мора да биде прогласена за допуштена.  
А. Основаност  
1. Контрадикторност на постапката  
(а) Поднесоци на странките  
68. Владата укажа дека постапките во прашање ги задоволиле  
процедуралните барања на фер судења. Во врска со ова Владата  
тврдеше дека судовите ги донеле своите одлуки врз основа на  
доказите поднесени од страна на Министерството и жалителот кој  
21  
преку своите писмени поднесоци имал доволно можност да го  
презентира случајот. Понатаму Владата тврдеше дека жалителот  
не бил сослушан во текот на постапката од причина што не  
постои такво барање во законодавството. Истражниот судија  
одлучил врз основа на пишаните документи со кои располагал.  
69. Жалителот ги спореше овие аргументи тврдејќи дека фактот што  
судовите пропуштиле да му ги достават материјалите поднесени  
од страна на Министерството е спротивно на принципот на  
еднаквост на оружјето.  
(б) Оценка на судот  
70. Судот потседува дека правото на контрадикторна постапка во  
принцип значи можност за странките во кривична или граѓанска  
постапка, да имаат сознанија за сите поднесени докази и  
можност истите да ги коментираат со цел да влијаат врз судската  
одлука. Принципот на еднаквост на оружјата –еден од елементите  
на поширокиот концепт на фер судење - бара секоја страна да  
има можност да го презентираат својот случај под услови што не  
го ставаат во понеповолна положба во однос на неговиот  
опонент (види Morel v. France, no. 34130/96, § 27, ECHR 2000-VI).  
71. Понатаму, членот 6 го гарантира правото на странката ефикасно  
да учествува во постапката, што вклучува меѓу другото не само  
право да биде присутен туку исто така и право да ја слуша и  
следи постапката. Ваквите права се имплицинтни за една  
контрадикторна постапка (види, mutatis mutandis, Mitrevski v. the  
Republic of Macedonia, no. 33046/02, § 35, 21 јуни 2007).  
72. Имајќи го во предвид овој случај Судот забележува дека одлуката  
на истражниот судија од 26 јануари 2005 година се засновала на  
писмени докази поднесени од Министерството (види точка 15  
погоре). Непостои доказ дека ваквите докази некогаш му биле  
22  
доставени на жалителот. Уште повеќе не постои сомнеж дека  
жалителот не бил поканет да присуствува на сослушувањето пред  
истражниот судија. Жалбениот совет не одговорил на жалбени  
наоди во врска со ова. Од овие причини Судот заклучува дека  
жалителот бил спречен ефикасно да учествува во постапките.  
73. Соодветно постои повреда на член 6 став 1 од Конвенцијата.  
2. Траење на постапката  
74. Владата укажа дека траењето на постапката не е претерано и  
дека сите рокови, иако кратки биле почитувани од сите  
инволвирани. Во врска со последното, Владата укажа дека  
Законот не предвидува рок за донесување на Одлука од страна на  
истражниот судија. Фактот дека истражниот судија била на  
боледување и фактот дека не постоел друг слободен судија да  
ја замени исто така треба да биде земено во предвид.  
75. Жалителот укажа дека имајќи ги предвид кратките законски  
рокови, конкретната постапка требало да се смета за итна и дека  
постапката пред истражниот судија ги надминува рамките на  
барањето за судење во разумен рок.  
(б) Оценка на Сдот  
76. Судот констатира дека постапката започнала на 07 август 2003  
година  
со барањето  
за испитување на законитоста  
на  
лишувањето од слобода што апликаторот го поднел до  
истражниот судија. Постапката завршила на 18 февруари 2005  
година со одлука на Кривичниот совет со која жалбата на  
жалителот била отфрлена. Постапката траела една година шест  
месеци и дванаесет дена за два степена на надлежност.  
23  
77. Судот повторува дека разумноста на траењето на постапката  
мора да се оцени во светло на околностите на случајот имајжи ги  
предвид следните критериуми: сложеност на случајот,  
однесувањето на националните органи и на жалителот и  
засегнатото право на жалителот (see Frydlender v. France [GC],  
no. 30979/96, § 43, ECHR 2000-VII; Humen v. Poland [GC],  
no 26614/95, § 60, unreported; Comingersoll S.A. v. Portugal [GC],  
no. 35382/97, ECHR 2000-IV; and Philis v. Greece (no. 2), judgment  
of 27 June 1997, Reports 1997-IV, § 35).  
78. Судот констатираше дека случајот на жалителот не бил сложен.  
79. Исто така, констатира дека не постојат одолговлекувања кои  
настанале  
по вина на жалителот. Напротив, барањата за  
забрзување на постапката претставуваат фактор во негова полза  
(види точка 15 погоре).  
80. Што се однесува до однесувањето на државните органи, Судот  
констатираше дека било потребно нешто помалку од една и  
половина година за истражниот судија да донесе одлука, а на  
Советот му биле потребни само два дена да одлучи по жалбата  
на жалителот (види точка 17 погоре). И покрај тоа што спорот се  
однесувал на  
законитоста на лишувањето од слобода на  
жалителот кое траело десет часа, не било неопходо итно  
постапување од страна на државните органи од причина што  
жалителот не бил лишен од слобода кога ја поднел својата тужба.  
81. Имајќи го сето ова во предвид Судот смета дека во целина  
траењето на постапката во конкретниот случај не е претерано  
excessive (види, mutatis mutandis, Kertakov v. the Republic of  
Macedonia (dec.), no. 13302/02 , 6 ноември 2006 and Bajraktarov v.  
the Republic of Macedonia (dec.), no. 34112/02, 18 ноември 2008) и  
24  
дека не постои повреда на член 6 став 1 од Конвенцијата во однос  
на траењето на постапката.  
III. ПРИМЕНА НА ЧЛЕНОТ 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА  
82. Членот 41 од Конвенцијата предвидува:  
„Кога Судот ќе оцени дека постои повреда на Конвенцијата или на  
протоколите, и доколку внатрешното право на засегнатата Висока  
договорна страна овозможува само делумна репарација на штетата,  
тогаш доколку е тоа неопходно, Судот ќе му додели правична  
отштета на оштетениот.„  
А. Штета  
83. Жалителот барал 33.000 EUR за надомест на нематријалната  
штета за понижувањето, стравот и сресот претрпени како  
последица на незаконското личување од слобода и должината на  
последователната постапка.  
84. Владата го спореше ваквото барање како недокажано.  
85. Судот смета дека жалителот претрпел нематеријлна штета која не  
не доволно надоместена со самата констатација дека постои  
повреда. Одлучувајќи на правична основа, на жалителот по овој  
основ му доделува 2.000 EUR.  
Б. Трошоци  
86. Жалителот исто така бараше 35.780 македонски денари за  
трошоците направени пред домашните судови. Овој износ се  
однесува на адвокатските трошоци за поднесоците опишани во  
точка 10,12,15 и 16 погоре. Жалителот поднесе трошковник. Тој  
исто така бараше 5.000 EUR за трошоците направени пред  
25  
Судот. Не беше поднесен документ како доказ кон ваквото  
барање.  
87. Владата ги спореше овие барања како прекумерни и недокажани.  
88. Согласно судската пракса на Судот, жалителот има право на  
надомест на трошоците и расходите, само ако се покаже дека  
истите се навистина и неопходно направени, а биле разумни во  
однос на износот (види Editions Plon v. France, no. 58148/00, § 64,  
ECHR 2004-IV). Судот забележува дека според членот 60 од  
Деловникот на Судот “жалителот мора да поднесе трошковник во  
однос на сите барања, заедно со сите релевантни документи во  
поддршка на барањето, во спротивно, Советот може целосно или  
делумно да го одбие барањето“ ( види, (see Parizov v. the Republic  
of Macedonia, no. 14258/03, § 71, 7 February 2008).)  
89. Имајќи го предвид тошковникот поднесен од страна на жалителот,  
Судот констатира дека само 180 EUR се однесуваат на адокатски  
тошоци направени со цел превенирање пре домашните органи на  
повредата констатирана од страна на Судот (види, mutatis  
mutandis, Stoimenov v. the Republic of Macedonia, no. 17995/02,  
§ 56, 5 April 2007).  
90. Од овие причини смета дека на жалителот треба да му се  
надоместат 180 EUR по овој основ, зголемен за евентуалните  
давачки со кои Жалителот може да се оптовари.  
91. Накрај, Судот смета дека жалителот не поднел никакво документи  
како доказ кон барањето за надомест на трошоците направени во  
постапката пред него. Соодветно, не доделува надомест по овој  
основ (види Паризов, цитиран погоре, §72).  
В.Затезна камата  
26  
Судот смета за соодветно дека затезната камата треба да се исплати  
според најниската каматна стапка за позајмени средства на Европската  
Централна Банка, зголемена за три процентни поени.  
ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО  
1. Ја прогласува жалбата во делот што се однесува на членот 5 §§ 1 (в)  
и 2 и членот 6 § 1 од Конвенцијата за допуштена, а остатокот од  
жалбата за недопуштен,  
2. Смета дека има повреда на членот 5 §§ 1 (в) и 2 од Конвенцијата;  
3. Смета дека има повреда на членот 6 став 1 од Конвенцијата во  
однос на тоа дека постапката не била контрадикторна,  
4. Смета дека нема повреда на членот 6 став 1 од Конвенцијата во  
однос на должината на постапката;  
5. Смета  
а) дека одговорната држава треба да му ги исплати на жалителот,  
во рок од три месеци од датумот на кој пресудата станува конечна во  
согласност со членот 44 став 2 од Конвенцијата, следниве износи  
конвертирани во националната валута на одговорната држава по стапка  
применлива на денот на одлуичувањето:  
(i) 2.000 EUR како надомест на нематеријaлна штета;  
(ii) 180 ЕУР надомест на трошоците  
(iii) плус било која давачка со која може да се оптерети жалителот.  
(б) дека по истекот на наведените три месеци сẻ до исплатата, ќе  
се засметува камата на горенаведените износи, по стапка еднаква на  
27  
најниската стапка за позајмени средства на Европската централна банка,  
за периодот до плаќањето зголемена за три процентни поени.  
(б) Го одбива остатокот од барањето на жалителот за правична  
отштета.  
Изготвено на англиски и објавено на 8 октомври 2009 година, согласно  
член 77 став 2 и 3 од Деловникот за работа на Судот.  
Claudia WESTERDIEK  
Секретар  
Peer LORENZEN  
Претседател  
28