ПРЕСУДА KARHUVAARA AND ILTALEHTI против ФИНСКА
должност е сепак да дава, на начин конзистентен со обврските и
одговорностите, информации и идеи за сите работи од јавен
интерес (види Jersild, наведена погоре, стр. 23-24, т.31; De Haes
and Gijsels v. Belgium, пресуда од 24-ти февруари 1997 година,
Извештаи од пресуди и одлуки 1997-I , стр. 233-34, Т.37 ; и
Bladet Tromsø and Stensaas v. Norway против Норвешка (ГЦ),
бр.21980/93, т.58, ЕЦХР 1999-III). Дополнително, Судот на ум го
има фактот дека новинарската слобода исто така го опфаќа
можното прибегнување кон еден степен на претерување, па
дури и провокација (види Prager and Oberschlick v. Austria)
пресуда од 26-ти април 1995 година, серија А бр. 313, стр. 19,
т.38 и Bladet Tromsø and Stensaas, наведена погоре ).
Ограничувањата на допуштената критика се потесни во однос на
приватните лица отколку во однос на политичарите или Владите
(види, на пример Castells v. Spain, пресуда од 25-ти април 1992
година, серија А бр. 236, стр. 23-24, т.46, и Incal v. Turkey,
пресуда од 9-ти јуни 1998 година, Извештаи 1998-IV, стр. 1567-
68, т. 54).
40. Сѐ на сѐ, задачата на Судот при вршењето на неговиот
надзор не е да го заземе местото на националните органи туку
попрво да ги разгледа согласно член 10, во светлината на
случајот како целина, одлуките што тие ги донеле согласно
овластувањето за проценка (види, помеѓу многу други
авторитети, Fressoz and Roire v. France (ГЦ), бр. 29183/95, т.45
ЕЦХР 1999-I).
41. Заштитата на приватниот живот треба да биде
урамнотежена во однос на слободата на изразувањето
гарантирана со член 10 од Конвенцијата. Што се однесува до
член 8, Судот повторува дека негов предмет е всушност
заштитата на поединецот наспроти произволното попречување