КАНГОВА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
5
првостепениот суд донел една мериторна одлука и две одлуки во врска
со допуштеноста на жалбата на правните следбеници. Според тоа,
постапките траеле 6 години, 7 месеци и 17 дена во три судски инстанци.
24. Судот потсетува дека, разумноста на должината на постапката
мора да биде оценета во светло на околностите на случајот и преку
следните критериуми: сложеност на случајот, однесувањето на
Жалителот и домашните органи и кој бил засегнатиот интерес на
Жалителот во спорот (види Марковски против Република Македонија,
бр. 22928/03, став 32, 2 ноември 2006).
25. Судот не смета дека случајот барал испитувања од комплексна
природа.
26. Понатаму Судот наоѓа дека, нема оддолжувања кои би и се
препишале на Жалителот. Нејзините поднесоци за прецизирање на
нејзиното тужбено барање не придонеле суштински за должината на
постапката. Дотолку повеќе што, таа неможе да биде огласена за
одговорна за оддолжувањата кои ги направиле правните следбеници.
27.Од друга страна, Судот смета дека, првостепениот суд не ја
покажал потребна будност при одлучување на предметот на Жалителот.
Судот најде дека, препознаените оддолжувања допринеле значително за
должината на постапката. Судот понатаму смета дека, биле потребни
повеќе од 4 години судот да одлучи мериторно во случајот на Жалителот
(види став 4 и 6 понапред). Дополнително, претходното испитување на
допуштеноста на жалбата на правните следбеници, која судот ја
отфрлил, било исто така непотребно долго. Во овој контекст, Судот
утврди дека, биле потребни 2 години судот да ја огласи жалбата за
недозволена откако таа била повлечена од правните следбеници.
Прекувремениот период кои потпаѓа пред првостепениот суд неможе да
се смета за разумен.
28. Испитувајќи ги сите доставени докази до него, Судот смета дека, во
конкретниот случај должината на постапката била прекумерна и не ги
исполнила барањата за судење во разумен рок согласно членот 6 став 1
од Конвенцијата.
29. Заради тоа има повреда на овие одредби.
II. ДРУГИ НАВОДНИ ПОВРЕДИ НА КОНВЕНЦИЈАТА
30. Жалителот истовремно се жалел согласно членот
5
од
Конвенцијата дека било повредено неговот право на социјална сигурност.
31. Судот забележува дека, членот на кој се повикал Жалителот не
предвидува право на социјална сигурност. Спрема тоа, овој жалбен навод
не е во согласност со ratione materiae од одредбите на Конвенцијата во