КАМБЕРИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Конвенцијата, во однос на Република Македонија (види Личков против
Република Македонија, бр.38202/02, став 21, 28
Септември 2006
година).
26.
При оценката за разумноста на времето кое поминало просле тој
датум, мора да се води сметка за состојбата на постапките на 10 Април
1997 година (види Зибери против Република Македонија, бр.27866/02,
став 41, 5 Јули 2007 година). Во врска со тоа, Судот забележува дека до
тогаш постапките траеле повеќе од една година и три месеци во една
судска инстанца.
27.
Судот утврди дека постапките завршиле на 13 Јули 2007 година кога
барањето на жалителот за надомест било прогласено за повлечено. Тие
траеле повеќе од единаесет години и шест месеци, од кои десет години,
три месеци и пет дена се во временска надлежност на Судот, во три
судски инстанци.
28.
Судот повторува дека разумноста на должината на постапката мора
да се оценува во согласност со околностите на случајот, со посебен акцент
на следниве критериуми: сложеноста на случајот, однесувањето на
жалителот и на соодветните власти и кој бил уделот на жалителот во
спорот ( види Маркоски против Република Македонија, бр. 22982/03, став
32, 2 Ноември 2006 година)
29.
Судот смета дека случајот има извесен степен на сложеност, која
произлегува од потребата за експертски мислења, но дека тоа самото по
себе не може да биде објаснување за должината на постапката.
30.
Во однос на однесувањето на жалителот, Судот наоѓа дека тој не
допринел значително за должината на постапката, бидејќи фактот дека ги
искористил сите расположливи правни лекови не може да се смета како
придонес за должината на постапката (види Костовска против Република
Македонија, бр. 44353/02, став 44, 15 Јуни 2006 година)
31.
Судот смета дека одолговлекувањето на постапката се должи на
повеќекратното преиспитување на случајот. Во периодот кој потпаѓа во
негова надлежност, ratione temporis, случајот бил враќан на повторно
разгледување во пет наврати (види точка 7,8 и 10 погоре). Според тоа, не
може да се каже дека домашните судови биле неактивни. Меѓутоа, иако
Судот не е во позиција да го оценува квалитетот на судската пракса на
6