CONSEIL  
DE L’EUROPE  
COUNCIL  
OF EUROPE  
COUR EUROPÉENNE DES DROITS DE LHOMME  
EUROPEAN COURT OF HUMAN RIGHTS  
ПЕТТИ ОДДЕЛ  
КАЛАНОСКИ  
ПРОТИВ  
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА  
(Жалба бр. 31391/03)  
ПРЕСУДА  
СТРАЗБУР  
17 ДЕКЕМВРИ 2009  
Оваа пресуда ќе стане конечна во согласност со условите предвидени во член 44 став 2  
од Конвенцијата. Истата може да биде предмет на редакциски измени.  
Напомена: Македонскиот превод на текстот на одлуката на Европскиот суд за човекови  
права е исклучиво информативен и од него не произлегуваат никакви права и/или обврски.  
Единствено официјалниот текст на одлуката на Европскиот суд за човекови права на  
англиски и/или француски јазик, објавена од страна на Судот е автентичен и се смета за  
оригинал. Не е дозволено објавување на овој превод на било каков начин без претходна  
дозвола од страна на Министерството за правда на Република Македонија, освен во  
случај доколку се користи за информирање.  
КАЛАНОСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА  
1
Во случајот на Каланоски против Република Македонија,  
Европскиот суд за човекови права (Петти оддел), заседавајќи во совет  
составен од:  
Peer Lorenzen,  
Renate Jaeger,  
Karel Jungwiert,  
Rait Maruste,  
Mark Villiger,  
Isabelle Berro – Lefevre,  
Мирјана Лазарова Трајковска, судии,  
и Claudia Westerdiek, секретар на одделот,  
расправајќи на затворена седница на 24 ноември 2009,  
ја донесе следнава пресуда, усвоена на тој датум:  
ПОСТАПКА  
1. Случајот започна со жалбата бр. 31391/03 против Република  
Македонија, поднесена до Судот согласно членот 34 од  
Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи  
(“Конвенцијата“) од страна на македонскиот државјанин, г-дин Илија  
Каланоски (“жалителот“) на 17 сепември 2003.  
2. Жалителот беше застапуван од страна на г-дин М. Попески,  
адвокат кој работи во Охрид. Македонската Владата (“Владата“)  
беше застапувана од страна на нивниот Агент, г-ѓа Р. Лазареска  
Геровска.  
3. На 17 ноември 2006, претседателот на петтиот оддел одлучи да ја  
комуницира жалбата до Владата. Исто така беше одлучено  
едновремено да се донесе одлука за допуштеноста и основаноста  
на жалбата (Член 29 став 3).  
ФАКТИ  
ОКОЛНОСТИ НА СЛУЧАЈОТ  
4. Жалителот е роден 1932 година и живее во Скопје.  
5. На 5 мај 1991 тогашниот Општински суд во Струга (“првостепениот  
суд“) одлучил делумно во полза на жалителот и наредил тужениот,  
г-дин Ј.Т. да му плати надомест. На 29 декември 1992 тогашниот  
Окружен суд Битола ја преиначил одлуката и ја покачил висината  
на сумата.  
2
КАЛАНОСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА  
6. На 1 февруари 1993 жалителот побарал извршување пред  
првостепениот суд по пат на попис и јавна продажба на движниот  
имот на тужениот (“должникот“).  
7. Според жалителот, барањето за извршување било дозволено на 3  
февруари 1993, но никогаш не му била доставена формална  
одлука.  
8. Помеѓу 17 април 1993 и 18 април 1994 соодветно, жалителот се  
пожалил до претседателот на првостепениот суд  
и
до  
Републичкиот судски совет за неактивноста на судот. Не добил  
одговор.  
9. На 23 јуни 1994 експерт ја одредил сумата на барањето на  
жалителот, со камата.  
10. Според Владата, во мај 1999 извршната постапка била прекината  
како разрешена “на друг начин“, што било во согласност со  
заедничката пракса на судовите, и била извадена од судскиот  
регистар. Нема доказ/записник за прекинот на постапката. Во или  
околу март 2000, судските списи биле уништени.  
11. Според жалителот, на 13 декември 2006 првостепениот суд имал  
намера да го разреши случајот со барање до него повторно да  
поднесе одредени документи. Владата не го оспори овој навод.  
ПРАВО  
1. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 6 СТАВ 1 ОД КОНВЕНЦИЈАТА  
12. Жалителот се жалел дека му било ускратено правото на пристап до  
суд со оглед на неизвршувањето на неговото барање. Тој се жалел  
според членот 6 од Конвенцијата, од која релевантниот дел е  
следниот:  
“Во определувањето на своите права и обврски...., секој има право  
на.......судење во разумно време од страна на ................... суд...“  
А. Допуштеност  
13. Владата приговарала дека жалителот не го почитувал  
ограничувањето од шест месеци, кое започнало да тече од март  
2000, кога биле уништени судските списи. Тие понатаму спореле  
дека жалбата претставува злоупотреба на правото на жалба.  
14. Жалителот ги оспорил наводите на Владата.  
15. Судот потсетува дека правилото “шест месеци“ започнува да тече  
од датумот на кој одлуката е реално доставена (види Worm v.  
Austria (одлука) бр. 22714/93, 7 ноември 1995). Во таа смисла, тој  
наоѓа дека Владата не обезбедила никаков доказ дека на  
КАЛАНОСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА  
3
жалителот му била доставена одлуката по однос на прекинот на  
извршната постапка или уништувањето на судските списи.  
16. Владините аргументи дека жалбата претставува злоупотреба на  
правото на жалба се исто така неосновани.  
17. Следи дека приговорите на Владата мора да се отфрлат.  
18. Судот понатаму смета дека жалбата не е очигледно неоснована во  
смисла на членот 35 став 3 од Конвенцијата. Исто така, наоѓа дека  
таа не е недопуштена по било кој друг основ. Следствено, мора да  
се прогласи за допуштена.  
Б. Основаност  
1. Поднесоците на страните  
19. Владата се прознесе дека периодот кој изминал пред влезот во  
сила на Конвенцијата во однос на Република Македонија не треба  
да се зема во предвид. Тие понатаму изјавија дека жалителот не  
пројавил никаков интерес за извршната постапка и пропуштил да го  
побара нејзиното извршување на соодветен начин (види став 8  
погоре).  
20. Жалителот ги оспорил владините аргументи.  
2. Оцена на Судот  
21. Судот потсетува дека извршувањето на пресуда донесена од било  
кој суд мора да се смета за интегрален дел од “судењето“ во  
смисла на членот 6 од Конвенцијата (види Јанкуловски против  
Република Македонија, бр. 6906/03, став 33, 3 јули 2008). Уште  
повеќе, Судот смета дека државата има позитивна обврска да  
организира систем за извршување на пресудите кој е ефективен  
како законски така и во пракса и го обезбедува извршувањето без  
непотребно оддолжување (види Пецеви против Република  
Македонија, бр. 21839/03, став 29, 6 ноември 2008). Сепак, Судот  
забележува дека извршувањето на пресуда против приватна  
странка не се протега повеќе од вмешаноста на државните органи  
во извршната постапка. Кога извршната постапка ќе биде затворена  
од страна на судот во согласност со националното законодавство,  
одговорноста на државата завршува (види Мартиновска против  
Република Македонија, одлука, бр. 22731/02, 25 септември 2006).  
22. Судот забележува дека извршната постапка започнала на 1  
февруари 1993 кога жалителот побарал извршување на неговото  
барање. Таа формално завршила во март 2000 кога судските списи  
биле уништени. Се чини дека на 13 декември 2006 жалителот бил  
само информиран за завршувањето кое претходно се случило.  
4
КАЛАНОСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА  
23. Односната ситуација, оттука, траела близу седум години и еден  
месец плус шест години до информирањето на жалителот, од кои  
околу девет години влегуваат под јурисдикција на судот ratione  
temporis (по ратификацијата на Конвенцијата од страна на  
односната држава на 10 април 1997):  
24. Судот понатаму забележува дека, со цел да ја одреди разумноста  
на одложувањето кое е во прашање, мора да се земе во предвид  
состојбата на случајот на денот на ратификацијата (види  
Јанкуловски против Република Македонија, цитиран погоре) и  
забележува дека на 10 април 1997, извршната постапка веќе била  
во тек четири години, два месеци и девет дена.  
25. Судот забележува дека немало директно испитување на  
иницијалното барање на жалителот за извршување, ниту пак било  
преземено било какво дејствие помеѓу 1997 и 2006 (“релевантниот  
период“), со тоа што последната спомената година е всушност онаа  
во која жалителот дознал за поранешното прекинување на  
извршната постапка. Дополнително, Владата не обезбедила  
никакво објаснување по однос на пропустот на судот соодветно да  
го информира жалителот за прекинот на постапката, која како  
последица, го лишила од можноста истата да ја предизвика.  
26. Што се однесува до однесувањето на жалителот, Судот  
забележува дека неговите барања за забрзување на извршната  
постапка, иако неодговорени, претставуваат фактор во негова  
полза. Сепак, неговата последна активност во однос на постапката  
била во јуни 1994 (види став 9 погоре) и нема никаков доказ дека  
подоцна тој покажал било каков интерес за нејзиниот исход.  
27. Спроти оваа позадина, Судот смета дека со избегнувањето да се  
преземат соодветни и ефективни мерки за да се изврши барањето  
на жалителот во рамките на релевантниот период, домашниот суд  
ги лишил одредбите од членот 6 став 1 од Конвенцијата од секаков  
употребен ефект.  
28. Оттука, има повреда на членот 6 став 1 од Конвенцијата.  
II. ПРИМЕНА НА ЧЛЕНОТ 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА  
29. Членот 41 од Конвенцијата предвидува:  
“Ако Судот нашол дека има повреда на Конвенцијата или  
Протоколите, и ако внатрешното право на засегнатата Висока  
Договорна Страна дозволува само делумна отштета, Судот,  
доколку е потребно, ќе додели правична отштета на оштетената  
страна“.  
КАЛАНОСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА  
5
А. Штета  
30. Жалителот барал 691.000 евра на име материјална штета. Оваа  
бројка кореспондира со сумата доделена во постапката заедно со  
камата. Тој исто така барал 20.000 евра за нематеријална штета за  
емоционално страдање.  
31. Владата ги оспори овие барања како неосновани и прекумерни,  
спорејќи дека не постои каузална поврзаност помеѓу наводната  
повреда и бараната материјална штета.  
32. Судот забележува дека жалителот не поднел никаков доказ дека во  
релевантниот период, имено кога судските списи биле уништени,  
должникот- приватно лице, имал доволно средства да го исполни  
неговото барање. Со оглед на овие околности, Судот не наоѓа  
каузална поврзаност помеѓу бараната материјална штета и  
утврдената повреда, и оттука го одбива ова барање.  
33. Од друга страна, Судот прифаќа дека жалителот претрпел на  
емоционален план со оглед на пропуштањето на првостепениот суд  
да ја изврши конечната одлука од 29 декември 1992. Одлучувајќи  
на еднаква основа, му доделува 600 евра на име нематеријална  
штета, плус било која такса која би можела да биде наплатена.  
Б. Трошоци  
34. Жалителот  
исто така барал 700 евра за трошоците пред  
домашните судови и Судот. Тој не поднел документи за потврда.  
35. Владата го оспори ова барање како прекумерно и неосновано.  
36. Судот посочува дека согласно членот 60 од Деловникот на Судот  
“жалителот мора да поднесе поединечни поднесоци за сите  
барања, заедно со сите релевантни документи како потврда, што  
доколку биде пропуштено, Советот може да го одбие барањето во  
целост или делумно“ (види Паризов против Република Македонија,  
бр. 14258/03, став 72, 7 февруари 2008).  
37. Судот забележува дека жалителот не поднел никакви документи  
како потврда. Оттука го одбива неговото барање под овој наслов.  
В. Затезна камата  
38. Судот смета дека е соодветно, затезната камата да се заснова на  
најниската каматна стапка за позајмени средства на Европската  
Централна Банка, на која треба да се додадат три процентни поени  
ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО  
1. Ја прогласи жалбата за допуштена,  
6
КАЛАНОСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА  
2. Утврди дека има повреда на член 6 став 1 од Конвенцијата;  
3. Утврди дека:  
(а) тужената држава, во рок од 3 месеци од денот на конечноста на  
пресудата, во согласност со член 44 став 2 од Конвенцијата, треба да му  
исплати на Жалителот, 600 ЕВРА плус било каква такса која би била  
засметана за Жалителот, во поглед на нематеријална отштета  
конвертирани во националната валута на тужената држава по курсната  
листа во моментот на исплата.  
(б) дека по истекот на наведените три месеци па се до исплатата, ќе  
се пресметува камата на горенаведениот износ(и), по стапка еднаква на  
најниската стапка за позајмени средства на Европската Централна Банка,  
за периодот до исплатата на која треба да се додадат три процентни  
поени.  
4. Го отфрла остатокот од барањето на жалителот за правичен  
надомест.  
.
Изготвена на англиски, и објавена на 17 декември 2009, согласно член  
77 став 2 и 3 од Деловникот за работа на Судот.  
Claudia Westerdiek  
Секретар  
Peer Lorenzen  
Претседател