ЈОВАНОСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
5
биле уништени. Ниедно дејствие потоа не било преземено, ниту од
страна на судовите, ниту од страна на жалителот.
26. Односната ситуација, оттука, траела близу единаест години, од кои
околу шест години влегуваат под јурисдикција на судот ratione
temporis (по ратификацијата на Конвенцијата од страна на
односната држава на 10 април 1997):
27. Судот понатаму забележува дека, со цел да ја одреди разумноста
на одложувањето кое е во прашање, мора да се земе во предвид
состојбата на случајот на денот на ратификацијата (види
Јанкуловски против Република Македонија, цитиран погоре, став
36) и забележува дека на 10 април 1997 извршната постапка веќе
била во тек околу пет години.
28. .Жалителот побарал извршување на конечната одлука донесена во
негова полза (види став 5 погоре). Откога неговото барање било
делумно извршено на 20 јуни 1991 (види став 7 погоре), извршната
постапка не била активна од 11 јули 1995 кога Окружниот суд во
Битола го вратил случајот на повторно постапување (види став 11
погоре). Првостепениот суд останал неактивен, иако бил повикан
да донесе одлука. Следната и последна активност била преземена
на 31 август 2001 кога судските списи биле уништени. Не постои
доказ дека последното било наредено по барање на жалителот.
29. Судот забележува дека последната активност на жалителот во
однос на постапката била пред јули 1995 (види став 11 погоре).
Оттука тој покажал интерес за исходот на постапката само во 2003
година (види став 12 погоре).
30. Сепак, имајќи ги во предвид сите околности, Судот смета дека со
избегнувањето да се преземат соодветни и ефективни мерки за да
се изврши барањето на жалителот во рамките на релевантниот
период, домашните судови ги лишиле одредбите од членот 6 став 1
од Конвенцијата од секаков употребен ефект.
31. Оттука, има повреда на членот 6 став 1 од Конвенцијата.
II. ПРИМЕНА НА ЧЛЕНОТ 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
32. Членот 41 од Конвенцијата предвидува:
“Ако Судот нашол дека има повреда на Конвенцијата или
Протоколите, и ако внатрешното право на засегнатата Висока
Договорна Страна дозволува само делумна отштета, Судот,
доколку е потребно, ќе додели правична отштета на оштетената
страна“.