6
ЈОСИФОВ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ꢀ ПРЕСУДА
во испитувањето на разумноста на периодот кој потпаѓа по тој
период, мора да се води сметка од државата во постапката од
10 април 1997 година ( види Зибери против Република
Македонија, бр. 27866/02, параграф 41, од 5 јули 2007 година).
Во врска со ова, Судот забележува дека во тој момент
постапката траела помалку од седум месеци во една судска
инстанца.
29. Постапката траела скоро 12 години и 7 месеци од кои
околу 12 години потпаѓаат под временска надлежност на Судот
во две судски инстанци на одлучување од граѓанските судови и
посебно ликвидационата постапка. Релевантниот период
завршил на 11 февруари 2009 година со одлука на првостепниот
суд во ликвидационата постапка.
30. Судот потсетува дека, разумноста на должината на
постапките мора да се испитува во светло на околностите на
случајот и со утврдување на следните критериуми: сложеност на
случајот, однесувањето на Жалителот и домашните органи и кој
бил засегнатиот интерес на Жалителот во спорот (види
Димитриевски против Република Македонија, бр. 26602/02,
параграф 29, од 18 декември 2008 година).
31. Судот смета дека, случајот не бил од сложена природа.
32. Дополнително наоѓа дека, нема оддоложувања кои би му
се препишале на Жалителот. Поточно, тој неможе да биде
одговорен за неговото поднесено барање во ликвидационата
постапка, откако бил упатен тоа да го направи од страна на
првостепениот суд.
33. Од друга страна, Судот смета дека, има значителни
оддолжувања кои можат да им се препишат на домашните
судови. Во овој контекст, Судот забележува дека, му било
потребно 2 години и 5 месеци за да првостепениот суд ја
достави неговата одлука до Жалителот ( види став 8 погоре). На
истиот суд, дополнително му биле потребни 4 години и 3
месеци, прво, да го упати на Жалителот да го оствари своето
барање во ликвидационата постапка, потоа, повторно да го
упати на граѓанска постапка (види параграф 15 и 16 погоре).
Дополнително, домашното право и судската пракса на Судот
(види Зибери против Република Македонија, параграф 47,
споменато погоре) бараат споровите од работен однос да бидат
процесирани со посебно винамание
34. Имајќи ги предвид сите доставени материјали до него,
Судот смета дека во конкретниот случај, должината на
постапката била прекумерна и не го исполнила барањето за
судење во разумен рок согласно членот 6 став 1 од
Конвенцијата.