4
ИВАНОВСКИ И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
недопуштен по било кој друг основ. Според тоа го огласи за
допуштен
B. Основаност
1. Произнесувања на странките
20. Владата наведе дека, периодот кој потпаѓа пред
стапувањето на сила на Конвенцијата во поглед на Република
Македонија не треба да биде земен во предвид.
21. Владата дополнително изрази став дека постоеле
сложени околности во предметот, вклучувајќи ја природата на
спорот,
измените
во
релевантното
законодавство
и
однесувањето на жалителите. Понатаму Владата наведе дека
жалителите во значаен дел придонеле за должината на
постапката преку неколкукратното прецизирање на тужбеното
барање, барајќи времени мерки и пропуштајќи да присуствуваат
на трите судски расправи.
22. Жалителите на дадоа одговор на тврдењата на Владата
за должината на постапката.
2. Оценка на Судот
23. Судот забележува дека, во поглед на првиот жалител,
постапката започнала на 13 септември 1996 година, додека во
поглед на вториот жалите на 22 ноември 1996 година.
Постапките завршиле на 7 мај 2003 година кога одлуката на
Апелациониот суд Скопје била доставена на жалителите.
24. Сепак, како што беше наведено од Владата, периодот кој
потпаѓа под надлежност на Судот започнува на 10 април 1997
година, откако Конвенцијата стапила на сила по однос на
Република Македонија (види Личков против Република
Македонија бр. 38202/02, параграф § 21, од 28 септември 2006
година). Оценувајќи ја разумноста на периодот кој потпаѓа по
овој датум, сметка мора да се води за состојбата на постапката
од 10 април 1997 година (види Зибери против Република
Македонија, бр. 27866/02, став 41, од 5 јули 2007 година). Во
овој правец, Судот утврди дека, овој стадиум на постапката
траел околу шест месеци во една судска инстанца.
25. Постапката траела преку шест години и седум месеци, од
кои приближно шест години и еден месец потпаѓа под временска
надлежност на Судот во две судски инстанци.
26. Судот потсетува дека, разумноста на должината на
постапката мора да се испитува во светло на околностите на
случајот и согласно следните критериуми: сложеност на
предметот, однесувањето на жалителот
и
релевантните
домашни власти (види Велова против Република Македонија,
бр. 29029/03, став 30, од 6 ноември 2008 година).