СОВЕТ НА ЕВРОПА  
ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА  
ПЕТТИ ОДДЕЛ  
ИЛИЕВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА  
(Жалба бр. 35164/03)  
ПРЕСУДА  
СТРАЗБУР  
22 Април 2010  
Оваа пресуда ќе стане конечна во согласност со условите предвидени во член 44 став 2 од  
Конвенцијата. Истата може да биде предмет на редакциски измени.  
Напомена: Македонскиот превод на текстот на одлуката на Европскиот суд за  
човекови права е исклучиво информативен и од него не произлегуваат никакви права  
и/или обврски. Единствено официјалниот текст на одлуката на Европскиот суд за  
човекови права на англиски и/или француски јазик, објавена од страна на Судот е  
автентичен и се смета за оригинал. Не е дозволено објавување на овој превод на било  
каков начин без претходна дозвола од страна на Министерството за правда на  
Република Македонија, освен во случај доколку се користи за информирање.  
ИЛИЕВСКИ МИРКО ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА  
Во случајот Илиевски против Република Македонија,  
Европскиот суд за човекови права (Петти оддел), заседавајќи во судски совет  
во состав:  
Peer Lorenzen, Претседател,  
Renate Jaeger,  
Karel Jungwiert,  
Rait Maruste,  
Mark Villiger,  
Isabelle Berro-Lefèvre  
Мирјана Лазарова Трајковска, судии,  
и Claudia Westerdiek, секретар на одделот  
Расправајќи на затворена седница на 23 Март 2010 година,  
Ја донесе следнава пресуда, усвоена на истиот датум:  
ПОСТАПКА  
1.  
Постапката е иницирана со жалба (бр. 35164/03) против Република  
Македонија поднесена до Судот согласно член 34 од Конвенцијата за  
заштита на човековите права и основни слободи („Конвенцијата„) од страна  
на македонскиот државјанин, г-дин Мирко Илиевски (жалителот), на 29  
Октомври 2003 година.  
2.  
страна на нејзиниот агент г-ѓа Р. Лазареска Геровска.  
3. На 28 Јуни 2007 година Претседателот на Петтиот оддел одлучи да ја  
Владата на Република Македонија (Владата) била застапувана од  
комуницира жалбата по однос на должината на постапката. Постапувајќи  
согласно член 29 став 3 од Конвенцијата, Судот одлучи во исто време да  
постапува како во однос на допуштеноста така и во однос на основаноста на  
жалбата.  
2
ИЛИЕВСКИ МИРКО ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА  
ФАКТИ  
А.  
Постапки во врска со отакзот на жалителот  
4.  
На 10 мај 1995 година жалителот добил отказ од неговиот  
работодавач, поради неправилности поврзани со работата.  
5. На 16 јуни 1995 година жалителот побарал поништување на отказот и  
негово повторно враќање на работа.  
6. На 15 февруари 1996 година Општинскиот суд Делчево  
(“првостепениот суд”) го поништил решението за отказ и го задолжил  
работодавачот да го врати жалителот на работа која одговара на неговите  
квалификации. На 19 Септември 1996 година Апелациониот суд Штип ја  
укинал ваквата пресуда и предметот го вратил на повторно судење.  
7.  
На 11 ноември 1996 година првостепениот суд ги прекинал постапките  
бидејќи на 24 април 1996 година против работодавачот била покрената  
стечајна постапка.  
8.  
На 19 ноември 1996 година жалителот побарал од судот да ги  
продолжи постапките поради повеќе причини, вклучувајќи го и фактот дека  
стечајниот управник назначен да ја води стечајната постапка, не побарал  
прекин на постапките.  
9.  
На 13 јануари 1997 година првостепениот суд се прогласил за  
ненадлежен да постапува по предметот на жалителот и предметот му го  
доставил на првостепениот суд во Кочани.  
10.  
На 7 Ноември 1997 година првостепениот суд во Кочани го отфрлил  
барањето на жалителот, повикувајќи се на пресудата од 19 јули 1995 година  
со која жалителот бил осуден за прекршоци направени на работа. На 10  
Февруари 1998 година Апелациониот суд во Штип ја одбил жалбата на  
жалителот и ја потврдил пресудата на понискиот суд.  
11.  
На 29 Декември 1998 година првостепениот суд во Кочани ги запрел  
стечајните постапки на работодавачот и забележал дека тие немаат влијание  
на одлуката за отказот.  
12.  
На 2 Декември 1999 година Врховниот суд ја усвоил ревизијата на  
жалителот и ги укинал пресудите на понискиот суд од 7 Ноември 1997 година  
и 10 Февруари 1998 година.  
3
ИЛИЕВСКИ МИРКО ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА  
13.  
На 22 Март 2000 година првостепениот суд во Кочани се прогласил за  
ненадлежен ratione loci, да постапува по предметот на жалителот.  
14. На 22 Декември 2000 година Врховниот суд го отфрлил барањето на  
работодавачот дека првостепениот суд треба да биде прогласен за  
ненадлежен да постапува по предметот на жалителот.  
15.  
На 17 Април 2001 година првостепениот суд го поништил решението  
за отказ и го отфрлил барањето на жалителот за негово враќање на работа,  
наоѓајќи притоа дека стечајот на работодавачот повлекува ipso jure престанок  
на сите договори за вработување, вклучувајќи го и тој на жалителот. Оваа  
одлука била потврдена со одлука на Апелациониот суд во Штип од 27  
декември 2001 година и на Врховниот суд од 7 мај 2003 година. Последнава  
одлука била доставена до жалителот на 9 јули 2003 година.  
Б.  
Постапки по барањето на жалителот за надомест на штета  
поради неисплатени плати и други надоместоци  
16.  
На 28 Јули 2003 година жалителот повел парнична постапка против  
работодавачот со барање за надомест на штета од работниот однос.  
Неговото барање се однесувало на надомест на штета поради неисплатена  
плата и надоместок поради привремена невработеност која требало да го  
добие од Бирото за вработување додека траела стечајната постапка на  
неговиот работодавач.  
17.  
На 1 Март 2004 година првостепениот суд делумно пресудил во корист  
на жалителот. Оваа одлука станала правосилна на 5 Април 2004 година.  
ПРАВО  
I НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 6 став 1 ОД КОНВЕНЦИЈАТА  
18.  
Жалителот се жалел дека должината на постапката по отказот не била  
во согласност со барањето за разумен рокпредвидено во член 6 став 1 од  
Конвенцијата, кој гласи:  
При определување на неговите граѓански права и обврски ……., секој има право  
на ………….судење во разумен рок пред ………..трибунал……….”  
4
ИЛИЕВСКИ МИРКО ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА  
Допуштеност  
А.  
19.  
Владата не изјави никаков приговор за допуштеноста на овој жалбен  
навод.  
20.  
Судот забележува дека жалбата не е очигледно неоснована во смисла  
на член 35 став 3 од Конвенцијата. Понатаму забележа дека жалбата не е  
недопуштена по ниеден друг основ. Оттука, мора да се прогласи за  
допуштена.  
Б.  
Основаност  
1. Произнесувања на странките  
21.  
Владата тврдеше дека изминатиот период пред да влезе во сила  
Конвенцијата во однос на Република Македонија, не треба да се земе во  
предвид. Таа понатаму тврдеше дека околностите поврзани со случајот биле  
сложени, вклучувајќи го тука фактот дека имало и други поврзани постапки  
кои се воделе истовремено (види точка 7 и 10).  
22.  
Владата потврди дека жалителот не придонел за должината на  
постапката.  
23.  
Во однос на однесувањето на домашните судови, таа тврдеше дека  
нема оддолжување поврзано со нивното работење, освен во постапките пред  
Врховниот суд кои не придонеле многу во должината на постапката.  
24.  
Жалителот не даде коментари.  
2. Одлука на Судот  
25.  
Судот забележува дека постапките започнале на 16 Јуни 1995  
година, кога жалителот ја поднел својата тужба пред првостепениот суд.  
Меѓутоа, како што забележа Владата, периодот кој потпаѓа во надлежност  
на Судот започнува на 10 Април 1997 година, по стапувањето на сила на  
Конвенцијата во однос на Република Македонија (види Личков против  
Република Македонија, бр.38202/02, став 21, 28  
година).  
Септември 2006  
5
ИЛИЕВСКИ МИРКО ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА  
26.  
Ценејќи ја разумноста на времето изминато по тој датум, мора да се  
води сметка за состојбата на постапките на 10 Април 1997 година (види  
Зибери против Република Македонија, бр.27866/02, став 41, 5 Јули 2007  
година). Во врска со тоа, Судот забележува дека дотогаш постапките веќе  
траеле една година и десет месеци во две судски инстанци.  
27.  
Постапките завршиле на 9 Јули 2003 година кога одлуката на  
Врховниот суд му била доставена на жалителот. Според тоа тие траеле  
повеќе од осум години, од кои шест години, два месеца и триесет дена  
потпаѓаат во временската надлежност на Судот, во три судски инстанци.  
28.  
Судот повторува дека разумноста на должината на постапката мора  
да биде оценета во светло на околностите на случајот и со повикување на  
следниве критериуми: неговата сложеност, однесувањето на жалителот и  
на соодветните власти кои постапувале по случајот (види Маркоски  
против Република Македонија, бр. 22982/03, став 32, 2 Ноември 2006  
година).  
29.  
Судот смета дека случајот не бил од особено сложена природа. Во  
врска со последново, Судот забележа дека не може да биде конечно  
утврдено дека на оспорените постапки влијаеле други постапки кои се  
воделе паралелно.  
30.  
Понатаму, наоѓа дека никакви оддолжувања не можат да му се  
препишат на жалителот.  
31.  
Во врска со однесувањето на домашните судови, Судот забележува  
дека случајот непотребно бил даден на постапување на првостепениот суд  
во Кочани, што влијаело на должината на постапката.  
32.  
Понатаму, Судот е на мислење дека засегнатиот интерес на  
жалителот кој ги изгубил средствата за егзистенција откако бил отпуштен ,  
барало особена експедитивност. (види Думановски против Република  
Македонија, бр. 13898/02, § 48, 8 Декември 2005).  
33.  
Испитувајќи ги сите доставени материјали, Судот заклучи дека  
Владата не доставиле никаков факт или доказ дека со кој ќе се покаже  
дека по барањето на жалителот било постапено со таква експедитивност.  
Имајќи ги во предвид околностите на случајот и засегнатиот интерес на  
жалителот, Судот смета дека должината на постапката била прекумерна и  
не го задоволила критериумот за разумен рок.  
6
ИЛИЕВСКИ МИРКО ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА  
34.  
Според тоа, има повреди на член 6 став 1.  
II. ДРУГИ НАВОДНИ ПОВРЕДИ НА КОНВЕНЦИЈАТА  
35.  
Што се однесува до исходот од двата сета на постапки, жалителот  
се жалеше дека домашните судови погрешно му го отфрлиле барањето за  
враќање на работа и дека во текот на постапките тие носеле  
контрадикторни одлуки. Тој исто така се жалеше дека не добил надоместок  
за неисплатените плати и надоместоци поврзани со работниот однос.  
36.  
Судот ги испита овие жалбени наводи и најде дека, имајќи ги  
предвид сите материјали со кои располага, и ценејќи ги жалбените наводи  
од аспект на неговата надлежност, нема повреда на правата и слободите  
загарантирани со Конвенцијата или нејзините протоколи.  
37.  
Следи дека овој дел од жалбата е очигледно неоснован и мора да  
биде отфрлен согласно член 35 ст.3 и 4 од Конвенцијата.  
III. ПРИМЕНА НА ЧЛЕН 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА  
38.  
Членот 41 од Конвенцијата предвидува:  
Кога Судот ќе оцени дека постои повреда на Конвенцијата или на протоколите, и доколку  
внатрешното право на засегнатата Висока договорна страна овозможува само делумна  
репарација на штета, тогаш доколку е тоа неопходно, Судот ќе му додели правична  
отштета на оштетениот.”  
А. Штета  
39.  
Жалителот бараше 52.695 евра (ЕУР) за материјална штета за  
наводно неисплатените плати и други надоместоци поврзани со работниот  
однос. Тој исто така бараше 11.920 евра за нематеријална штета поради  
недостатокот на средства за егзистенција.  
40.  
41.  
Владата ги оспори овие барања.  
Судот не забележува некоја причинско-последична врска меѓу  
најдената повреда и бараната материјална штета. Понатаму на жалителот  
делумно му била доделена награда (види точка 17 погоре), па поради тоа  
7
ИЛИЕВСКИ МИРКО ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА  
го одбива ова барање. Од друга страна водејќи се од соодветна и  
правична основа, му доделува 800 евра за нематеријална штета плус било  
кои издатоци кои можат да бидат наплатени.  
Б. Трошоци и надомесстоци  
42.  
Жалителот исто така побара 813,59 евра за трошоци и надоместоци  
што ги имал пред домашните судови и за трошоците за постапката пред  
овој Суд. Последниов износ ги вклучува, inter alia судските трошоците за  
правна помош како и трошоци за испраќање и превод на документите..  
43.  
44.  
Владата ги оспори овие барања.  
Судот повторува дека само трошоците и расходите, кои се  
навистина и неопходно направени во врска со најдената повреда, а се  
разумни по висина, може да се надоместат согласно член 41 (види Kyrtatos  
против Грција, бр.41666/98, став 62, ECHR 2003-VI (извадоци)). По однос  
на барањето на жалителот за надомест на трошоците направени во  
постапката пред домашните судови, Судот забележува дека трошоците не  
биле направени со цел да се бара, во домашниот правен систем, заштита  
и надомест од наводната повреда за која се жалел пред Судот. Поради тоа  
не му доделува никаков износ по овој основ (види Милошевиќ против  
Република Македонија, бр.15056/02, став 34, 20 Април 2006 година). По  
однос на судските трошоци и надоместоци направени во постапката пред  
Судот, имајќи ги во предвид приложените документи од страна на  
жалителот Судот му доделил сума од 60 евра плус било кои издатоци кои  
можат да бидат наплатени.  
В. Затезна камата  
45.  
Судот смета за соодветно дека затезната камата треба да се  
исплати според најниската камтна стапка за позајмени средства на  
Европската Централна Банка, на која треба да се додадат 3 процентни  
поени.  
ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО  
8
ИЛИЕВСКИ МИРКО ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА  
1.  
Ја прогласува за допуштена жалбата што се однесува за должината  
на постапката, додека остатокот од жалбата за неприфатлив;  
2. Смета дека имало повреда на членот 6 став 1 од Конвенцијата во  
поглед на должината на постапката  
3.  
Смета дека:  
а) Тужената држава треба да му исплати на жалителот во рок од 3  
месеци од конечноста на пресудата согласно член 44 став 2 од  
Конвенцијата, на име нематеријална штета конвертирана во национална  
валута, по стапка на денот на исплатата  
(1) сума од 800 (осумстотини) евра, на име нематеријална штета,  
плус било какви издатоци кои можат да бидат наплатени;  
(2) сума од 60 (шеесет) евра, за трошоци и надоместоци, плус било  
какви издатоци кои можат да бидат наплатени;  
б) По протекот на горе наведените три месеци сẻ до исплатата, ќе  
се засметува камата на горенаведените износи, по стапка еднаква на  
најниската стапка за позајмени средства на Европската централна банка,  
за периодот до плаќањето плус 3 процентни поени.  
4.  
Го отфрла барањето на жалителот за правична оштета по член 41  
од Конвенцијата.  
Изготвено на англиски и доставено на писмено на 22 Април 2010 година,  
согласно членот 77 ставови 2 и 3 од Деловникот на Судот.  
Claudia Westerdiek  
Peer Lorenzen  
Секретар  
Претседател  
.
9