FUENTES BOBO против. ШПАНИЈА - ПРЕСУДА
печат во кој го критикуваше раководството на TVE. Тоа беше обвинето дека ги
претворило во "концентрационен логор" зградите и објектите на TVE и за
"практикување професионален тероризам, за кој не бил казнуван ." За
објавувањето на овој напис му е изречена нова санкција, која жалителот ја
поздрави со епиграм упатен до заменикот на директорот за планирање и
производство на TVE. Во исто време, жалителот достави, до центарот на TVE на
Sonosaguas, памфлет со кој го обвини неговиот работодавец. Оваа иницијатива
предизвика поведување на дисциплинска постапка проследена со суспензија од
работа и на платата. На 29 ноември 1993 година и 3 Јануари 1994 година,
конечно, жалителот учествувал во две радио емисии во текот на кои ги дал
изјавите кои довеле до негово разрешување.
За да се процени пропорционалноста на оваа крајна мерка, во смисла на Член 10
од Конвенцијата, потребно е да се земат во предвид опишаните настани во
целина. Ако последниот инцидент остана изолиран, би можело да се смета дека
разрешувањето е претерана реакција, значи спротивна на член 10, дури и ако
жалителот несомнено заслужувал казна. Но, во реалноста, овој инцидент е само
најновиот во серијата на дејствија кои би можеле да доведат до тоа да се верува
дека жалителот намерно не ги почитувал неговите работодавци, кои одговориле
со изрекување на посебно строги мерки. Жалителот морал да сфати дека
истрајувајки во провокацијата, се соочува со финалната санкција - отпуштање од
работа. Што се однесува до работодавецот, треба да се напомене дека тој
совршено ја избалансирал прогресијата на санкциите. Сепак, невозможно е да се
следи Судот, кога тој констатирал (пресуда, став 49), дека, со оглед на стажот и
возраста на барателот, " би можеле да се предвидат други санкции, полесни и
посоодветни ". Факт е дека работодавачот веќе го исцрпил целиот спектар на овој
вид мерки. Тој конечно одлучил, да ја искористи крајната мерка - отпуштање од
работа, така да не може да се критикува во однос на пропорционалноста, дотолку
повеќе, што довербата и лојалноста што треба да бидат предуслов за секој
работен однос – а кои не исклучуваат критики кои се објективни и одмерени, без