27
страна на судот чија задача е да даде конечна одлука за тоа дали
ограничувањето е во согласно со слободата на изразување
заштитена со член 10. Задачата на судот во извршувањето на
својата супервизиска функција не е да го заземе местото на
националните авторитети, туку, во полза на целиот случај, да ги
прегледа одлуките, според член 10, кои ги донеле во согласност со
нивната моќ на разбирање. Извршувајќи го тоа, Судот треба да
биде задоволен дека националните авторитети ги примениле
стандардите кои биле во согласност со принципите наведени во
член 10, и дека нивните одлуки се базирале на прифатлива
проценка на релевантните факти (види Vogt против Германија,
пресуда од 26 септември 1995, Серија A бр.323, стр.25-26, § 52, и
Ерусалим против Австрија, бр.26958/95, § 33, ECHR 2001-II, со
дополнителни референци).
74. Судот потсетува дека има мал дел од член 10 § 2 од
Конвенцијата посветен на ограничувањата на политичкиот говор
или на дебата за прашања од јавен интерес (види Sürek против
Турција (бр.1) [GC], бр.26682/95, § 61,ECHR 1999-IV). Покрај тоа,
границите на прифатлива критика се поголеми за политичарите
отколку за физичките лица. За разлика од вторите, првите
неизбежно и вешто се изложуваат на критичко испитување на
нивните зборови и дела од страна на новинарите и пошироката
јавност и, како резултат на тоа, тие мора да покажат поголем
степен на толеранција (види Lingens против Австрија, пресуда од
8 јули 1986, серија А бр.103, стр.26, § 42, или Incal против Турција,
пресуда од 9 јуни 1998, Извештаи 1998-IV, стр.1567, § 54).
75. Во својата пракса, Судот прави разлика меѓу изјави на факти
и субјективни мислења. Додека присуството на фактите може да се
покаже, вистинитоста на субјективното мислење не се смета за
доказ. Барањето да се докаже вистинитоста на субјективното