8
ДИМИТРИЕВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
од судиите, а повел и кривична постапка против другиот судија;
ја спорел стручноста на судскиот вештак кој работел по неговиот
предмет. Во врска со ова,Судот повторува дека иако учесникот
во парничната постапка не може да биде обвинет заради
користење на сите можности предвидени за тоа во домашната
леислатива со цел да си ги заштити своите интереси, Судот
мора да забележи дека таквите активности неминовно ја
пролонгирале односната парнична постапка (види Malicka-
Wąsowska v. Poland, (dec.), no. 41413/98, 5 април 2001). Судот
смета дека жалителот бил одговорен за едногодишното
пролонгирање на спорната постапката. Од друга страна пак,
жалителот присуствувал на сите закажани рочишта.
32. Судот најде дека значителни одложувања може да им се
припишат на домашните власти. Додека повисокиот судови ја
испитувал жалбата на ж ја испитувал жалбата на жалителот, со
разумна експедитивност, првостепениот суд ја донел својата
прва и единствена одлука скоро седум години по поднесувањето
на тужбата на жалителот, од кои што скоро пет години
потпаѓаат по времеска јурисдикција на Судот. Во текот на тој
период, бројни рочишта биле одложувани заради несоодветното
повикување на тужениот, или отстатво на судечкиот судија.
Забележано е и дека на вештакот му требале скоро шест месеци
за да го изработи вештиот наод и мислење. Ова одолжување
може да и се припише исклучиво на државата (види Стојанов v.
Република Македонија, no. 34215/02, § 60, 31 May 2007).
Измените во судскиот состав кој одлучувал по предметот, исто
така придонел за должината на постапката, бидејќи расправата
започнувала одново по секоја таква измена. На крајот, изминале