2
ДИМИТРИЕВА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
6. На 22 Април 1997 година, Жалителот го оспорила нејзиното
отпуштање пред првостепениот суд Штип (“првостепениот суд“)
за наводна неусогласеност со постапките загарантирани во
Законот за работни односи (“Законот“). Таа понатаму тврдела
дека членот 19-а од Законот за санација бил дискриминаторен и
истовремено, неуставен.
7. Ниту една од петте закажани расправи пред првостепениот
суд не се одржале на барање на Жалителот. Во текот на
постапката, Жалителот го прецизирала нејзиното тужбено
барање во три наврати. На 27 Март 1998 година, првостепениот
суд го одбил тужбеното барање, наоѓајќи дека, Законот за
санација, како lex specialis, го суспендирал применувањето на
Законот за работни односи. Исто така, судот сметал дека,
жалбата против одлуката морала да биде поднесена во период
од 8 дена од доставата до заинтересираните странки.
8. На 2 Јуни 1998 година, Жалителот поднела жалба
(нејзиниот жалбен поднесок содржел 25 страни). Таа барала,
помеѓу другото, Апелациониот суд да одржи јавна расправа со
предлог за присуство на нејзиниот застапник на расправата и
можност да се објаснат основите на жалбата.
9. На затворена седница одржана на 17 септември 1999
година, Апелациниот суд Штип ја одбил жалбата на Жалителот и
ја потврдил одлуката на понискиот суд. Тој го повторил ставот
дека, Законот за санација навистина бил lex specialis и дека
членот 19-а бил применлив во нејзиниот случај, и истиот ја
суспендирал примената на членовите 127 и 129 од Законот.
Понатаму судот сметал дека, рокот од 8 дена за поднесување на
жалба бил во согласност со Законот за парнична постапка, кој
бил на сила во тој период. Одлуката била доставена до
Жалителот на 12 Октомври 1999 година.
10.На 11 ноември 1999 година, првостепениот суд примил
детална ревизија од Жалителот.
11. На 19 септември 2002 година, Врховниот суд ја одбил
ревизијата, потврдувајќи ги причините дадени од пониските
судови. Понатаму судот сметал дека, Апелациониот суд
обезбедил доволни причини за отфрлање на стојалиштата во
врска со рокот за поднесување на жалбата. Исто така ги
отфрлил стојалиштата во врска со временската важност на
Законот за санација. Жалителот ја примил одлуката на 14
Ноември 2002 година.
12. На 14 јануари 2003 година, Жалителот поднел барање за
заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот
(“уставно барање“) до Уставниот суд, заради наводна
дикриминација. Таа во своето барање тврдела дека, Законот за