DICHAND/KRONE VERLAG против АВСТРИЈА - ПРЕСУДА
Gijsels v. Belgium од 24 февруари 1997 година, Извештаи 1997-I,
ст. 233-234, § 37). Не само што ја има задачата за пренесување
на таквите информации и идеи, јавноста исто така има и право
да ги прима истите. Доколку би било различно од тоа,
медиумите не би можеле да ја играат нивната витална улога на
“јавен чувар” (пресуда Thorgeir Thorgeirson против Iceland од 25
јуни 1992 година, Серија А бр. 239, стр. 28, § 63; Bladet Tromsø
and Stensaas v. Norway 1999-III).
40. Членот 10 не само што ја заштитува суштината на идеите
и изразените информации, туку тоа го прави и за формата во
која тие се пренесени (пресуда Oberschlick v. Austria од 23 мај
1991, Серија А бр. 204, стр. 25, § 57). Новинарската слобода
исто така во себе вклучува можен ракурс кон извесен степен на
претерување, дури и на провокација (пресуда Prager and
Oberschlick v. Austria од 26 април 1995 г., Серија А бр. 313, стр.
19, § 38).
41. Во својата практика, Судот направи разлика помеѓу изјави
базирани на факти и вредносни пресуди. Имајќи предвид дека
постоењето на фактите може да се демонстрира, вистината за
вредносниот суд не потпаѓа под докажување. Условот за
докажување на вистинитоста на вредносните пресуди е
невозможен за истражување и ја загрозува самата слободата на
мислење, што е фундаментален дел на правото обезбедено со
членот 10 (пресуда Lingens v. Austria, op. cit., стр. 28, § 46;
пресуда Oberschlick v. Austria од 23 мај 1991 година, Серија А,
бр. 204, p. 27, § 63).
42. Во секој случај, дури и онаму каде што дадена изјава
доведува до вредносен суд, пропорционалноста на даденото
мешање може да зависи од тоа дали постои доволна фактичка
основа за оспорената изјава, особено ако се има предвид дека