ДЕМЕРЏИЕВА И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА -ПРЕСУДА
13 погоре) било бесполезно. Дополнително, не била поднесена
никаква судска пракса за да го поткрепи владинот аргумент дека
барањето за преотворање на постапката против одлуката на
Врховниот суд би било достапно и ефективно средство.
3. Судот понатаму забележува дека жалителите биле
осудени и им била изречена казна затвор. Барањето за
вонредно преиспитување на одлуката бил оттука ефективен лек
против конечната одлука од 25 март 2005 со која била
потврдена нивната осуда (види Горгиевски, цитирана погоре, и
Мамудовски, цитирани погоре). На 16 мај 2005 жалителите го
поднеле барањето пред Врховниот суд. Деталните основи на
барањето биле со датум 30 мај 2005 (види ставов 10 и 11
погоре). Врховниот суд ја отфрлил жалбата како поднесена
надвор од рокот од 30 дена според членот 411 од Законот за
кривична постапка (види став 15 погоре). Притоа, судот го земал
13 април 2005 како датум на достава на одлуката на
Апелациониот суд. Судот, притоа, не ги земал во предвид
копиите на повратниците на кои се наоѓал печатот на затворот и
потписите на жалителите. Ова било така затоа што, како што и
Владата потврди, тие не биле вклучени во судските списи
доставени до Врховниот суд. Иако Судот не може да шпекулира
кој орган го ставил печатот со датум 13 април 2005, јасно е дека
одлуката на Апелациониот суд била примена од страна на
затворот на 14 април 2005. Според потписите на жалителите на
тие повратници, првиот жалител ја примил оваа одлука на 18
април 2005, вториот жалител на 14 април 2005 и третиот на 16
април 2005. Во овие околности, барањето на жалителите од 16
мај 2005 било навремено поднесено, а согласно членот 84 од
Законот за кривична постапка (види став 14 погоре).
25. Судот веќе нашол дека правилата кои одредуваат рокови
за вложување на жалби не треба да бидат применувани на
начин кој им оневозможува на страните да користат достапен
лек. Ова прашање е во доменот на правната сигурност.
Проблемот во односниот случај е дека процесното правило било
применето на таков начин со што спречило мериторно
испитување на жалбата на жалителите, со ризикот дека нивното
право на ефикасна заштита од страна на судот би било
повредено (види, помеѓу останатото, Zvolský and Zvolská v. the
Czech Republic, бр. 46129/99, § 51, ECHR 2002-IX).
4. При околностите на овој случај, Судот смета дека
Врховниот суд погрешил со одбивањето на барањето за
вонредно преиспитување на правосилна пресуда на жалителите
од 16 мај 2005, лишувајќи ги од правото на пристап до суд