8
БОГДАНСКА ДУМА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
властите во случајот (види Марковски против Република
Македонија, бр. 22928/03, став 32, 2 ноември 2006).
30.Судот смета дека бројот на страните и барањата инволвирани во
случајот ја зголемиле неговата сложеност, но овие фактори не
можат, сами по себе, да ја објаснат должината на постапката.
31.Тој понатаму не може да утврди ниедно одложување кое може да се
припише на жалителот, освен инцидентни отсуства од неколку
расправи (види точка 12 погоре) кои не придонеле многу кон
должината на постапката.
32.Од друга страна, Судот забележува дека има многу суштински
одложувања кои можат да им се припишат на властите. Во таа
насока, тој забележува дека повеќето одложувања биле наложени
од причина што првостепениот суд не можел да го обезбеди
присуството на странките (види став 9 погоре), за што има целосна
одговорност (види mutatis mutandis, Дика против Република
Македонија, бр. 13270/02, ставови 56 и 58, 31 мај 2007). Особено е
запрепастувачки што судот сеуште не донел одлука, иако случајот
бил вратен на повторно судење во јуни 2001 (види став 11 погоре).
Понатаму, постапката била во застој од над една година и два
месеца по расправата од 15 септември 2005 (види точки 12-13
погоре), период за време на кој првостепениот суд не преземал
ниено процесно дејствие.
33.Во овој контекст, Судот потсетува дека на државите –договорнички
е да го организираат својот правен систем на таков начин што
нивните судови ќе можат секому да му го гарантираат правото на
конечна одлука во споровите поврзани до граѓанските права и
обврски, во разумен рок (види Костовска против Република
Македонија, бр. 44353/02, став 41, 15 јуни 2006)