8
БОЧВАРСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ꢀ ПРЕСУДА
одговорна за сите права и обврски кои произлегувале од работата на
претпријатието....недостатокот на својство на правно лице на
претпријатието...., чиј сопственик бил доверителот (жалителот), упатува
на тоа дека, не посотел посебен правен субјект, но тоа негово својство,
гледано како збир на права и обврски е врзано за единствениот
доверител, гꢀѓа Бочварска....нема пренос на побарувањата од
претпријатието на гꢀѓа Бочварска, бидејќи таа немала својство на правно
лице, но доверителот (жалителот) бил .... одговорен за обврските на
претпријатието...“
38. На или околу 15 Јануари 2002 година, јавниот обвинител
поднел четврто барање за заштита на законитоста пред
Врховниот суд против одлуката на Апелациониот суд.
39. На барање на јавниот обвинител, на 28 Јануари 2002
година, Основниот суд го одложил извршувањето се до
донесување на одлуката на Врховниот суд по подигнатото
барања за заштита на законитоста.
40. На истиот датум, жалителот доставил одговор на
барањето на јавниот обвинител до Основниот суд.
41. На 30 мај 2002 година, Врховниот суд го уважил барањето
за заштита на законитоста на Јавниот обвинител, ја преиначил
одлуката на Аплеациониот суд и го потврдил решението на
Основниот суд од 15 јуни 2001 година го потврдил. Нашол, inter
alia, дека пониските судови ги утврдиле следните факти:
“...извршната постапка течела пред Окружниот стопански суд помеѓу
(претпријатието) и (должникот). На 6 октомври 1994 година, тие склучиле
судска спогодба врз основа на која била поведена. извршната постапка...
на 23 септември 1997 година, Основниот суд Скопје ја запрел
постапката... на 30 април 1998 година, Апелациониот суд ја отфрлил
жалбата на (претпријатието) како недопуштена (овие одлуки биле
донесени во извршната постапка поведена пред да се склучи спогодбата
од 1994 година)... на 8 февруари 1993 година (претпријатието) било
регистрирано со името на гꢀѓа Бочварска... На 22 февруари 1995 година
(претпријатието)... престанало да постои. Гꢀѓа Бочварска била
последниот и единствен сопственик на (претпријатието), кое било
основано од нејзини средства и нејзина работна сила.“
42. Врховниот суд заклучил дека, Апелациониот суд погрешно
го применил материјалното право од следните причини:
“Во конкретниот случај, барањата од одредбите цитирани погоре (врз
основа на членот 22 од Законот за извршната постапка), во врска со
дозволувањето на извршувањето на предлог на лице кое не е означено
како доверител според извршната исправа, не било задоволени. Нема
писмена исправа која би потврдила дека побарувањето биле превземени
од (претпријатието) на гꢀѓа Бочварска, како доверител. Престанокот на
деловната активност на претпријатието, не може ipso jure да се врзе со
премин на вкупните побарувања врз последниот сопственик кој
управувал со него.... Дотолку повеќе, судската спогодба од 6 октомври
1994 година неможе да биде земена како извршна исправа, затоа што
произлегла од извршната постапка која веќе течела помеѓу ист