Меѓутоа повторувањето на таквите инструкции во текот на една постапка
открива сериозен недостаток во правниот систем (види Паризов против
Република Македонија, бр.14258/03, став, 58, 7 Февруари 2008 година).
Понатаму, на Врховниот суд му биле потребни две години, два месеци и
осум дена за да одлучи по ревизијата на жалителот (види точка 8 погоре).
Во овој случај, со оглед на надлежноста на Врховниот суд, времето кое
изминало не може да се смета за разумно (види mutatis mutandis,
Михајлоски против Република Македонија, бр.44221/02, став 38, 31 Мај
2007 година). Освен тоа, Судот повторува дека за пензиските спорови
потребна е посебна активност (види Доцевски против Република
Македонија, бр.66907/01, став 35, 1 Март 2007 година).
24. По проучувањето на поднесените материјали, Судот смета дека во
конкретниов случај постапката траела премногу долго, и не го задоволила
критериумот за разумен рок предвиден во член 6 став 1 од Конвенцијата.
1. Според тоа, има повреди на оваа одредба.
II. ДРУГИ НАВОДНИ ПОВРЕДИ НА КОНВЕНЦИЈАТА
26. Укажувајќи на резултатот од постапката, жалителот исто така се жалел
дека властите погрешно го примениле материјалниот закон како и дека
погрешно ја утврдиле фактичката состојба.
27. Судот повторува дека не е негова задача да расправа за грешките во
фактичката ситуација или примената на правото, кои наводно ги направиле
домашните судови, освен ако со нив се прекршени правата и слободите
гарантирани со Конвенцијата. Во списите на предметот, нема индикации кои
укажуваат дека постапките кои се воделе се арбитрерни на било кој начин
(види Михајловски против Република Македонија, цитиран погоре, став
45)
28. Следи дека овој дел од жалбата е очигледно неоснован и мора да биде
отфрлен согласно член 35 ст.3 и 4 од Конвенцијата.
III. ПРИМЕНА НА ЧЛЕН 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
29. Членот 41 од Конвенцијата предвидува:
“ Кога Судот ќе оцени дека постои повреда на Конвенцијата или на протоколите, и
доколку внатрешното право на засегнатата Висока договорна страна овозможува само
делумна репарација на штета, тогаш доколку е тоа неопходно, Судот ќе му додели
правична отштета на оштетениот.”
30. Жалителот не поднесол никакво барање за правична оштета во
согласност со правилото 60 од Деловникот на Судот. Во овие околности,
Судот нема да направи обештетување по член 41 од Конвенцијата ( види
4