АТАНАСОВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ПРЕСУДА
6. На 21 февруари 1997 жалителот бил прераспореден на работното
место технолог со наведена цел – пораст на продуктивноста и
ефикасноста и подобрување на оперативноста.
7. На 17 март 1997 жалителот поднел тужба со барање за поништување
на прераспоредувањето со оглед на тоа што, за време на триесет
години работа кај истиот работодавач, тој никогаш не работел како
технолог
8. На 21 мај 1997 Основен суд Битола (“првостепениот суд“) го одбил
барањето на жалителот. На 29 септември 1997 Апелациониот суд
Битола ја укинал оваа одлука, наредувајќи му на понискиот суд да
испита кој бил статусот на жалителот кај работодавачот, дали и како
стечајната постапка, во меѓувреме иницирана против работодавачот,
имала ефект врз вработувањето на жалителот и дали работодавачот
бил реструктуиран.
9. На 30 септември 1998 првостепениот суд ја поништил одлуката на
работодавачот од 27 мај 1997 со која жалителот бил отпуштен (во врска
со која жалителот поднел посебна тужба). Според Владата, во овие
постапки жалителот целел кон тоа да ја прекине постапката која се
однесувала на неговото прераспоредување.
10. На 29 март 1999 барањето на жалителот било усвоено во прв степен.
Судот нашол дека, иако одлуката за прераспоредување се повикала на
релевантните одредби од Законот за работни односи и Општиот
колективен договор (види “Релевантно домашно законодавство“
подолу), истата не му дала на жалителот конкретни причини за
неговото прераспоредување. Во таа насока, се вели дека членот 27 од
Законот за работни односи е од деклараторна природа и не дава
конкретни причини за прераспоредување. На 29 септември 1999
Апелациониот суд Битола ја укинал оваа одлука, наоѓајќи дека одлуката
за прераспоредување обезбедила причини за прераспоредувањето на
жалителот. Сепак, на првостепениот суд му било наложено да утврди
дали прераспоредувањето било оправдано.
11. На 26 март 2001 првостепениот суд, одлучувајќи по случајот по трет
пат, го усвоил барањето на жалителот и ја поништил одлуката за
прераспоредување. Судот утврдил дека жалителот работел за истиот
работодавач од 1966 на различни работни места како и дека за
неговото прераспоредување не биле дадени никакви конкретни
причини. Во оваа смисла, се осврнал на судското поништување, заради
недостиг од конкретни причини, на прераспоредувањето на г-дин Р.В.,
колега на жалителот, кое било на иста основа како и она на жалителот
(види став 6 погоре, П. бр. 680/97, од 9 јуни 1999). Забележувајќи дека
одлуката за прераспоредување била донесена согласно членот 27 од
Законот за работни односи и членот 11 од Општиот колективен договор,
тој навел, помеѓу останатото:
“... во случај на прераспоредување, работникот треба да добие образложена одлука на
писмено, со цел тој/таа да може да ги заштити своите права и судот да може да ја