© This translation  was done by the Academy for Judges and Public Prosecutors of the Republic of Macedonia: http://www.jpacademy.gov.mk/Default.aspx?page=29. Permission to re-publish this translation has been granted for the sole purpose of its inclusion in the Court’s database HUDOC.

 

© Овој превод е изготвен при “Академијата за судии и јавни обвинители на Република Македонија”: http://www.jpacademy.gov.mk/Default.aspx?page=29. Судот доби дозвола повторно да го објави овој превод единствено за да го вклучи во својата база на податоци: HUDOC.

 

 

ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

 

СУД (СОВЕТ)

СЛУЧАЈ AIREY против ИРСКА (ЧЛЕН 50)

(Апликација бр. 6289/73)

ПРЕСУДА

СТРАЗБУР

6-ти февруари 1981 година


Во случајот Airey,

Европскиот суд за човекови права, заседавајќи, во согласност со член 43 (чл. 43) од Конвенцијата за заштита на човековите права и фундаментални слободи („Конвенцијата“) и релевантните одредби на Судскиот деловник, како Совет составен од следниве судии:

 Г-дин G. WIARDA, претседател.

 Г-дин THÓOR VILHJÁLMSSON,

 Г-дин W GANSHOF VAN DER MEERSCH,

 Г-дин D. EVRIGENIS,

 Г-дин L. LIESCH,

 Г-дин F. GÖLCÜKLÜ,

 Г-дин B. WALSH,

и исто така Г-дин M.-A. EISSEN,секретар, иГ-дин H. PETZOLD,заменик секретар,

Расправајќи на затворена седница на 24-ти ноември 1980 и 31-ви јануари 1981 година,

Ја донесе следнава пресуда, која беше усвоена на последниот горенаведен датум, во врска со примената во конкретниов случај на Член 50 (чл. 50) од Конвенцијата:

 

 

 

ПОСТАПКА И ФАКТИ

 

  1. Случајот Airey беше упатен до Судот од Европската комисија за човекови права („Комисијата“) во мај 1978 година. Случајот има свое потекло во апликацијата против Ирска поднесена до Комисијата во 1973 година од страна на Г-ѓа Johanna Airey.

Единственото преостанато прашање кое треба да се реши е прашањето за примена на Членот 50 (чл. 50) во овој конкретен случај. Според тоа, во врска со фактите, Судот ќе се ограничи овде на давање на важните детали; за дополнителни информации, упатува на став 8 до став 12 од пресудата на Судот од 9-ти октомври 1979 година (Серија A бр. 32, стр. 6-8).

  1.  Со таа пресуда, Судот сметаше, inter alia, дека е направена повреда на член 6 став 1 и член 8 (чл. 6-1, чл. 8) од Конвенцијата по основа на фактот што жалителот не го оствари ефективното право на пристап до Ирскиот виши суд заради поднесување на барање за налог за судски развод (точка 4 и 6 од оперативните одредби и став 20-28 и 31-33 од причините, ibid., стр. 19, 11-16 и 17).
  2. На расправата одржана на 22-ри февруари 1979 година, адвокатот на жалителот го извести Судот дека, доколку утврди повреда на Конвенцијата, нејзиниот клиент ќе бара сатисфакција согласно Член 50 (чл. 50) под три заглавија: ефективен пристап до правен лек за раскинување на брак; паричен надомест за болка, страдање и ментални маки; и паричен надомест за претрпени трошоци, воглавно пропратни расходи, адвокатски хонорари и други посебни издатоци.

Во својата горенаведена пресуда, Судот се воздржа од целокупното прашање на примена на член 50 (чл. 50). Од Комисијата се побара да ги поднесе до Судот, во рок од два месеци од донесувањето на пресудата, согледувањата на Комисијата по односното прашање, вклучувајќи и известување за било каква спогодба до која можат да дојдат Владата на Ирска („Владата“) и жалителот (точка 8 од оперативните одредби и став 36-37 од причините, ibid., стр. 18-19).

  1. Горенаведеното временско ограничување беше продолжувано повеќе пати од Претседателот, последен пат до 30-ти јули 1980 година.

На 17-ти јули 1980 година, Секретарот на Комисијата, постапувајќи по налог на Делегатите, достави до секретаријатот на судот копии од кореспонденцијата во кои детално се дадени преговорите меѓу Владата и жалителот а во кои се открива дека жалителот ја одбил понудата на Владата „без прејудицирање на идниот тек на постапката“ да ѝ исплати 3.140 ирски фунти како целосно и конечно задоволување на нејзиното тужбено барање. Во исто време, Секретарот наведе дека Делегатите се на мислење дека нема корисна основа врз која би можеле да се вложат напори за постигнување на спогодба и дека тие предложиле до Судот дека треба да се донесе одлука согласно член 50 (чл. 50) „врз основа на горенаведената понуда“.

Со допис од 21-ви август 1980 година, агентотна Владата го извести Заменикот секретар, inter alia, дека Владата се согласила со надомест од £ 3.140. На 8-ми октомври, Секретарот на Комисијата испрати до секретарот на судот телекс доставен од правниот застапник на жалителот во кој се укажува дека жалителот не го смета овој износ за праведен и разумен и побара надомест во согласност со нејзините претходни поднесоци (види став 5 подолу). На 10-ти ноември, Агентот му пиша на Секретарот на судот да го извести дека, иако Владата ја оспорува применливоста на член 50 (чл. 50) на овој конкретен случај и иако тие го сметаат износот од £ 2.140 –кој привично го понудиле во вид на спогодба–за соодветен надомест, тие се сепак подготвени да се согласат со надомест од £ 3.140.

  1. За време на преговорите, во име на жалителот се дадоа предлози за спогодување, кои можат да се резимираат со следново:

 а) Г-ѓа Airey побара ветување од Владата да се обврзе да ја обештети од секакви идни правни трошоци и расходи на кои разумно е изложена при барањето на правен лек за судски развод пред ирските судови („домашните трошоци“).

 б) Се побара надомест во однос на:

-  патни и други трошоци: £ 140;

-  загуба поради селење: £ 1.500;

- правни трошоци и расходи кои се однесуваат на постапката пред институциите на Конвенцијата („Стразбурски трошоци“): £ 9.984,41.

в) Беше наведено дека Г-ѓа Airey претрпела тешки ментални маки и дека нејзиното здравје и здравјето на нејзините деца претрпело последици; понатаму, нејзината неможност од финансиски причини да добие налог за издршка или за присилна наплата од Вишиот суд наводно ѝ причинувала постојани финансиски потешкотии, ја принудило да прифаќа несоодветно вработување и резултирало со неможност нејзините деца да добијат нормални образовни услови и можности. Застапниците на жалителот предложија износ од £ 2.000 во однос на оваа ставка.

6. На 9-ти септември 1980 година, Г-ѓа Airey поднесе, во согласност со Програмата за граѓанска правна помош и совети воведена во Ирска на 15-ти август 1980 година, молба за правна помош за да може да поднесе барање за судски развод. Надлежната канцеларија ја извести на 8-ми октомври дека врз основа на тестот за расположливи средства таа не може да биде кандидат за таквата помош.

На 10-ти ноември, Секретарот на Комисијата го извести секретарот на судот дека, доколку не ѝ се одобри правна помош, Делегатитетоа ќе го сметаат за важен елемент за било каква одлука согласно член 50 (чл. 50) нејзините правни трошоци за постапка за развод да се покријат од Владата. Секретарот воедно достави до секретаријатот на судот копија од допис испратен од застапниците на жалителот, Г-дата Walsh O’ Connorand Company, во кој тие бараат, доколку ѝ се ускрати правна помош, да ѝ се додели дополнителен износ кој ќе ѝ овозможи да им наложи на застапникот и на адвокатот да ја застапуваат во засебни постапки.

На 21-ви ноември, Агентот на Владата го извести Секретарот на Судот за следново.

„...

 

Во контекст на информациите доставени од Walsh, O’Connor and Company во кои се укажува дека Г-ѓа Airey, чија финансиска состојба се чини подобрена од моментот на настаните кои доведоа до пресудата на Судот во нејзиниот случај, изгледа нема да добие правна помош во рамки на Програмата и со оглед на текот на постапката во овој определен случај, мојата Влада одлучи да се обврзе да ги покрие нејзините разумни трошоци за задржување на застапник и на адвокат со цел поведување постапка за правен развод, а таквите трошоци да се утврдат како да се настанати меѓу застапник и клиент (т.е. независно утврдени од страна на судовите) во случај на непостигнување на договор за тоа меѓу Г-ѓа Airey и Владата.

...“

Секретарот на Комисијата упати до секретарот на судот на 17-ти декември копија од писмо од Г-дата Walsh O’Connor and Company, во кое се вели:

„... Цитираме од писмото на нашиот клиент со кое ни дава инструкции „ја прифаќам понудата на Владата за трошоци за мојот правен развод но ја одбивам нивната понуда за надомест од £ 3,140“ итн., од кое можете да видите дека ќе покренеме постапка против Г-дин Airey во име на Г-ѓа Airey во која ќе бараме правен развод и ќе се потпреме на обврзувањето на Владата да ги покрие трошоците на нашиот клиент во случајот.

...“

  1.  Во согласност со барањето на Претседателот на Советот, Секретарот на Комисијата поднесе определени документи до секретаријатот на судот на 20-ти ноември.
  2.  Откако се консултира, преку Секретарот, со Агентот на Владата и Делегатите на Комисијата, Судот одлучи на 24-ти ноември 1980 година, дека нема потреба да се одржи усна расправа.

Г-дин O’Donoghue, избраниот судија од ирска националност кој зеде учество во усвојувањето на пресудата од 9-ти октомври 1979 година а чиј мандат истече на 20-ти јануари 1980 година, беше поканет да продолжи да учествува во случајов (член 40 став. 6 од Конвенцијата и Правило 2 став 3 од Деловникот на Судот) (чл. 40-6). Но, поради неможноста тој да присуствува, неговото место го зазеде неговиот наследник, Г-дин Walsh.

 

 

ПРАВО

 

I. ПРИМЕНЛИВОСТА НА ЧЛЕН 50 (чл. 50)

 

9. Член 50 (чл. 50) од Конвенцијата гласи:

 

"Доколку Судот смета дека одлука или мерка донесена од законски орган или било кој друг орган на Висока договорна страна е целосно или делумно во контрадикторност со обврските кои произлегуваат од оваа Конвенција, и доколку домашните закони на односната Страна дозволуваат да се додели само делумна оштета за последиците на оваа одлука или мерка, одлуката на Судот, доколку тоа е неопходно, ќе ѝ овозможи праведен надомест на оштетената страна.“

 

Иако Владата се чини дека ја ставила под знак прашање применливоста на оваа одредба во овој случај (види став 4 во ситни букви погоре), не ги навела причините за ова.

Член (чл. 50) е применлив, според мислењето на Судот. Тој потсетува дека во овој контекст нема простор за разграничување меѓу дела и пропусти; Г-ѓа Aireyе очигледно „оштетена страна“–фраза која е синоним со поимот „жртва“ онака како што е применет во член 25 (чл. 25) –во смисла дека таа била лицето директно погодено од непочитувањето на Конвенцијата, што Судот го утврдил во својата пресуда од 9-ти октомври 1979 година (види пресуда De Wilde, Ooms and Versyp од 10-ти март 1972 година, Серија A бр. 14, стр. 10-11, став 22-23). На крај, не се сугерира дека ирските закони дозволуваат да се одобри целосен надомест на штетата, онака како што тоа се подразбира во прецедентното право на Судот (види, inter alia, ibid., стр. 9-10, став 20), за последиците на тој пропуст.

 

II. ПРИМЕНАТА НА ЧЛЕН 50 (чл. 50)

 

  1.  Од својата пресуда од 9-ти октомври 1979 година, Судот беше известен за договор постигнат меѓу одговорната Држава и жалителот во однос на барањето за домашни трошоци (види став 5 (a) и 6 погоре). Како што бара Правилото 50 став 5 од Правилникот, Судот ја верифицираше „праведната природа“ на овој договор и, со оглед на отсуството на секаков приговор од страна на Делегатите на Комисијата, нема недоумици по ова прашање. Според тоа, Судот формално го забележува договорот и заклучува дека веќе не постои потреба да го разгледува ова барање понатаму.
  2. За време на преговорите за постигнување на спогодба (види став 4 погоре), Владата не го оспори износот од £ 140 побаран за патни и разни трошоци, но ги одби барањата во однос на наводните загуби за преселба и Стразбурските трошоци (види став 5 (б) погоре). Судот прво ќе ги испита последните две ставки.
  3. Г-ѓа Airey се пресели во 1977 година. Како закупец, имаше извесни можности да го купи домот преку Програмата за купување домови која ја спроведуваше нејзиниот сопственик, Корпорацијата Корк (Cork Corporation). Таа тврдеше дека нејзината преселба, која таа ја препиша на неможноста да дојде до ефективен правен лек за раскинување на бракот, последователното влошување на нејзината состојба и стравот дека нејзиниот сопруг би можел да се врати и да се обиде да живее со неа, ѝ причиниле загуба од £ 1,500 кои ја претставуваат разликата во пазарната вредност, важечка во јули 1977 година, меѓу двата односни станбени простора.

Владата одговори дека жалителот не утврдил никаква загуба, бидејќи нејзиниот интерес во обата станбени простори бил ништо повеќе од интерес на еден закупец. Тие додадоа дека нема никаква причинска врска меѓу нејзината одлука да се пресели и ускратувањето, во 1977 година, на правна помош за постапката за развод.

Под претпоставка дека Г-ѓа Airey ја претрпела загубата која ја наведува, Судот не смета дека таа може да им се припише на повредите утврдени во неговата пресуда од 9-ти октомври 1979 година. Нејзината одлука да се пресели се чини не била мотивирана од фактот дека ѝ било ускратено ефективното право на пристап до Вишиот суд заради поднесување барање за развод, туку од нејзината општа состојба поради која постоела желба за тој пристап, а особено, од нејзиниот страв од вознемирување од сопругот. Покрај тоа, дури и да добила одлука за развод, таа сепак би била под ризик од вознемирување, од што таа со право или не, се плашела. Согласно на ова, Судот го одбива ова барање.

  1.  Истото мора да важи и за Стразбурските трошоци. Г-ѓа Airey, која има статус на „оштетена страна“ за целите на член 50 (чл. 50), можела да ја ползува бесплатната правна помош пред Комисијата и потоа, по упатувањето на случајот до Судот, во своите односи со Делегатите (прилог кон Правилникот на Комисијата). Таа не утврди дека им платила или треба да им плати на своите адвокати дополнителен хонорар за која таа може да треба да бара надомест; од таму произлегува дека, во овој поглед, таа самата немала трошоци и не претрпела загуба која би можела да се надомести согласно член 50 (чл. 50) (види пресуда Luedicke, BelkacemandKoç од 10-ти март 1980, Серија A бр. 36, стр. 8, став 15).

14. Владатаја искажа својата континуирана подготвеност да се согласи на оштета од £ 3,140 (види став 4 со ситни букви погоре). Судот го смета овој износ за праведен и разумен, и согласно на тоа му доделува на жалителот, што се однесува на нејзините преостанати барања, надомест во тој износ.

 

 

ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО

 

  1.    Формално го нотира договорот меѓуВладата и жалителот во однос на домашните трошоци;

 

  1.    Ги одбива барањата на жалителот во однос на нејзините наводни загуби во однос на преселбата и Стразбурските трошоци;

 

  1.    Смета дека Ирска треба да му плати на жалителот, во однос на остатокот на нејзините барања, износ од три илјади една стотина и четириесет ирски фунти (£ 3,140).

 

 

Изготвено на англиски и француски јазик, при што англискиот текст е автентичниот, во Зградата на човекови права, Стразбур, овој шести ден од месец февруари, илјада деветстотини осумдесет и прва година.

 

За Претседателот

Leon LIESCH

 судија

Marc-Andre EISSEN

секретар